Д - ФЕСТИВАЛ 2012 - Дојран

  • Креатор на темата Креатор на темата blackeyed
  • Време на започнување Време на започнување
Не претерувај. AC/DC, Axl Rose, Red Hot Chilli Peppers, Metaliica, Bon Jovi... Robbie Williams, Coldplay, Shakira i ostali... da ne gi nabrojuvam onie kako Lady Gaga, Amy Winehouse koi redovno bea na koncerti vo Bugarija, Grcija, Srbija i Hrvatska.... :) Сети се на Jamiroquai, кој во Македонија собра едвај 1500 души, а за една недела на ЕГЗИТ немаше игла кај да се фрли. И милион случаи каде што народот би дал 1000ка за Цеца, а не за некоја легенда од светската музичка елита....


Најсериозно ме мрзи да ти набројувам кој се дошол, а многу дошле годиниве наназад. А што кај нас Џамирквај не собрал народ е причина што Металика не заобиколува
 
Д Фeстивал 2012 ви ги претставува и новите имиња од годинашниот лајн-ап. На наше задоволство, покрај веќе најавените настапи на славната британска музичарка SONIQUE и милениците на македонската публика S.A.R.S. на „Д“ програмата се приклучуваат BAILDSA од Грција и рок легендите ЗИЈАН.






Сцената на Д Фестивал годинава ќе ви ги претстави BAILDSA, групата од Солун, Грција која во својот музички израз ги комбинира балканските звуци со пост панк естетиката. Оригиналната идеја за бендот е изградена во 2007-ма од Танос и Јанис Гунтанос, кој ја оформуваат групата и година подоцна стартуваат со концерти. Од тогаш Baildsa се појавува со жестоки настапи на низа фестивали, музички арени, клубови и улици секојпат со одвишок енергија и моќ. Стилот на бендот е прогресивно модифициран вметнувајќи ги новите елемети од ска, реге и рап музиката во веќе препознатливиот балкански џипси панк бекграунд, резултирајќи во денешната композиција на бендот. Во октомври 2011-та година групата го објави и својот прв студиски албум, насловен „United States of Balkans“. Балкански звук, џипси мелодии и панк свежина во музика која нема да ви дозволи да останете мирни на нивниот концерт.



На Д Фестивал 2012 ќе настапи и македонската легендарна рок група ЗИЈАН. Група која својот пробив на музичката сцена го направи уште во 1978-ма под името „Трета Смена“, кое наскоро го променуваат во Зијан. Својот прв настап го имаа во 1981 година во Скопје, а потоа следеше победата на „Гитаријадата“ во Заечар и снимањето на својот прв демо-албум во Белград. Зијан се врежани во колективната музичка меморија на Македонија со нивната хит песна „Пушти коси“, а добитници се и на златна плакета од нивниот роден град, Гевгелија. За нивната музика критиката вели дека останува свежа и интересна и после толку многу години благодарејќи, пред сѐ на интересниот спој на македонскиот мелос и одличните текстови, луцидните аранжмански решенија и секако извонредната музичка подготвеност на сите членови на групата. Она во што Зијан секогаш биле најјаки сепак се концертните настапи, а конечно тоа ќе може да го посведочи и публиката на Д Фестивал.
 
башка и видеото за настанот:

 
eve go i rasporedot

Артистите на Д Фестивал ќе настапат по следниот временски распоред:
21:00 – 21:30 – ЗИЈАН
21:45 – 22:45 – BAILDSA
23:00 – 00:30 – S.A.R.S.
00:45 – 02: 30 – SONIQUE
02:30 – 04:00 – ANTENNA 5 DJs



mnogu malku be do 4 sabajle :D
 
Да не беа Сарс би одел. И тоа само заради Соник. Само зошто се Сарс не одам. Одвратни ми станаа веќе. И досадни. :mad:
 
а такси несто ово оно ..се наога у 4 сабајле?..лани ко бев едвај 2 видов а имаше 100 луге шо чекааo_O
 

Малку таксисти има во Дојран. Некако ако успееш да доловиш број од некој таксист додека поминува, или да прашаш некој Дојранчанец. Иначе слабо таксисти.
 
Back
На врв Bottom