Д - ФЕСТИВАЛ 2012 - Дојран

blackeyed

passive-aggressive...
Член од
6 ноември 2008
Мислења
933
Поени од реакции
2.090
Редно е јас ко локален дјуууд да ја отворам темава.... :D


Password Production ја има честа да го најави второто издание на Д Фестивал,


настанот кој со своето прво издание и одличната атмосфера ни остави незаборавни спомени од целовечерната забава на дојранското крајбрежје и нé задолжи за уште поголемо следно издание.
Израснат од идејата за уникатен open-air музички хепенинг кој ќе понуди алтернатива за згаснување на жедта за квалитетен летен фестивал и тоа на автентичното дојранско крајбрежје, Д Фестивал на најдобар начин веќе ја потврди и ја оправда својата иницијатива. Првиот Д Фестивал се одржа во совршена атмосфера која постојано беше доведувана до еуфорија и целовечерен драјв на позитивна енергија за која допринесоа илјадниците фанови и најквалитетните артисти на домашната рокенрол и електронска сцена, Кирил Џајковски и Суперхикс, диџеите Владич и Никифор. Годинава Д Фестивал продолжува со уште поголеми очекувања, сигурно остварувајќи ја целта да прерасне во симбол на незаборавно концертно доживување и традиционална дестинација за фановите на автентичниот летен фестивалски дух.
Д Фестивал 2012 ќе се одржи на 28-ми јули во Дојран, а од годинашниот лајн-ап, првото име кое го објавуваме се милениците на македонската публика С.А.Р.С., артистите препознатливи по секогаш одличната забава на нивните концерти. Српскиот алтернативен бенд прерасна во едно од главните музички имиња на т.н. Нова Српска Сцена. Една година по оформувањето, во 2006-та во Белград, групата ја објави првата песна „Буѓав Лебац“, која постигна неверојатна популарност во екс-Ју регионот. Овој успех се смета за посебен феномен, имајќи предвид дека стануваше збор за целосно анонимен бенд без финансиска поддршка и класична медиумска промоција. Во 2009-та следи С.А.Р.С. албумот и хит-сингловите како „Дебели лад“, „Ратујемо ти и ја“, „Ракија“, „Будим се“. Минатата година групата беше актуелна и со новиот албум „Перспектива“, а бендот во Македонија ја освои и „Златна Бубамара“ наградата за Најдобар балкански рок албум. По стотици одржани концерти, С.А.Р.С. денес е еден од најбараните авторски бендови на екс-Ју просторите и име кое е гаранција за одлична концертна журка.
Со С.А.Р.С. најавуваме само еден дел од она што годинава го подготвува Д Фестивал, а наскоро очекувајте ги и останатите артисти од годинашниот лајн-ап кои ќе се погрижат за уште едно незаборавно фестивалско издание.
Д Фестивал ќе се одржи на просторот на паркингот Гранит во Дојран, кој нуди идеални услови за одржување на масовен музички хепенинг на дојранското крајбрежје. Просторот има вкупен капацитет од 10.000 посетители и се наоѓа помеѓу Нов и Стар Дојран, во близина на плажата, а сето тоа гарантира несекојдневна можност за забава до утринските часови сред подзаборавените убавини на овој регион. Подгответе се за одлична забава, извонредно искуство со најдоброто од современата музичка сцена и сет листи за целовечерно лудување и многу насмевки.

Билетите за Д Фестивал 2012 можете да ги најдете во продажната мрежа наМКтикетс. Цената на билетите во претпродажба е 250 денари, а билетите кои ќе се продаваат на билетарата на Д Фестивал ќе чинат 300 денари.

извор http://www.password.mk/?p=1054

EDIT:

Во меѓувреме....
својот настап на Д Фестивал (28-ми јули) го потврди и славната британска музичарка SONIQUE!
Директно од Лондон, Sonia Clarke позната како Sonique, денес важи за инспирирачка и уникатна фигура на современата денс сцена. Таа е пејачка, диџеј, продуцент и композитор, а музичкиот свет ја препознава како еден од највозбудливите артисити на денс сцената со потполно автентичен звук. Нејзиниот интернационален мегахит „It Feels So Good“ во 2000-та беше број еден хит на најголемите светски листи, заврши како британски бр.1 хит додека Sonique таму истовремено го имаше и второто место со песната „Sky“, а ѝ обезбеди почесно место и во Гинисовата книга на рекорди. Наредната 2002-ра година таа победи на престижните Brit Awards во категоријата Најдобар британски женски соло артист и тоа во конкуренција на Dido, Jamelia, PJ Harvey и Sade. Во моментов SONIQUE е актуелна со нејзиниот последен албум „Sweet Vibrations“ кој го објави минатата година, а во мај 2012 излезе и нејзиниот најнов сингл „What You’re Doin’“ кој е фантастично ремикс пакување, примамливо за сите потправци на денс музиката. Она што ја прави Sonique уникатна како диџеј е спојот на нејзиниот совршено моќен и истовремено емотивен вокал со природниот талент за микс, создавајќи секој пат уникатна клубска атмосфера, а токму таков незаборавен перформанс не очекува и на сцената на Д Фестивал во Дојран.

C-YA there!! :D
 
Член од
5 ноември 2008
Мислења
2.569
Поени од реакции
610
По кој пат се SARS во Македонија, брои некој?
 
Член од
21 септември 2008
Мислења
14.596
Поени од реакции
14.417
Лани на Кирил и Суперхикс беше топ, годинава на Соник би требало уште подобро да биде, да бев во Македонија можеби и ќе одев ..
 

HEATHY

BARCA!
Член од
21 јуни 2009
Мислења
1.231
Поени од реакции
154
Duran Duran, Sonique, Lenny Kravitz, Tom Boxer & Morena, 2cellos, Armin van Buuren... Дали Македонија ја добива конечно музичката култура?
 
Член од
23 јуни 2011
Мислења
10.341
Поени од реакции
3.847
На САРС треба споменик да им направиме во Македонија. :pos::pos:
 
M

Moon Child

Гостин
Ае стварно Сарс ја претераа, почнаа да го превземаат местото на Чорба, Мерлин и Дугме во најдосадни печалбари на Македонската територија. Па не е интересно да му ебам мајката, вчера беа во Прилеп, по неколку дена во Дојран, за месец дена гарантирам дека ќе бидат на друго место овде во Македонија.
 
Член од
1 ноември 2008
Мислења
7.396
Поени од реакции
1.880
Duran Duran, Sonique, Lenny Kravitz, Tom Boxer & Morena, 2cellos, Armin van Buuren... Дали Македонија ја добива конечно музичката култура?
Оф топик е ама на Том Боксер и Морена не им е место во екипава што ја наброја.
А во Македонија веќе неколку години доаѓаат големи музички имиња
 
Член од
23 јуни 2011
Мислења
10.341
Поени од реакции
3.847
Оф топик е ама на Том Боксер и Морена не им е место во екипава што ја наброја.
А во Македонија веќе неколку години доаѓаат големи музички имиња
Аман де кажете кај ќе бидат. :place:
 
Г

Грејвдигер

Гостин
САРС, ДК, САРС, ДК, САРС, ДК... ми потекоа веќе од нив. :rolleyes:
Се надевам ќе има уште нешто што веќе не ми е преку глава, покрај Соник.
 

Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.631
Поени од реакции
31.841
Нека им дадат македонско државјанство и нека ги вселат некаде............вака само патуваат гревота се. :)
 

HEATHY

BARCA!
Член од
21 јуни 2009
Мислења
1.231
Поени од реакции
154
Оф топик е ама на Том Боксер и Морена не им е место во екипава што ја наброја.
А во Македонија веќе неколку години доаѓаат големи музички имиња
Не претерувај. AC/DC, Axl Rose, Red Hot Chilli Peppers, Metaliica, Bon Jovi... Robbie Williams, Coldplay, Shakira i ostali... da ne gi nabrojuvam onie kako Lady Gaga, Amy Winehouse koi redovno bea na koncerti vo Bugarija, Grcija, Srbija i Hrvatska.... :) Сети се на Jamiroquai, кој во Македонија собра едвај 1500 души, а за една недела на ЕГЗИТ немаше игла кај да се фрли. И милион случаи каде што народот би дал 1000ка за Цеца, а не за некоја легенда од светската музичка елита....
 

Kajgana Shop

На врв Bottom