Тука на темата се збори за тоа како комити биле одлични, никој тоа не го негираше дека тие беа денеска солидни, ете да сум бил на стадион можеби и ќе беа одлични. Сеа овака не можам баш да дадам толку солидна оцена, бидејќи не бев и не знам како звучело таму, се мислам дека имале подобри изданија од ова
... кореографија не забележав.
Ама луѓе, треба да се збори за квалитетот на фудбалот, Вардар бил некогаш, сеа не е, тоа што наполни тој стадион денеска не значи дека тимот е квалитетен, се наполни бидејќи луѓето се желни за фудбал кај нас, и чекаат овакви утакмици, за колку - толку видат до кај е фудбалот, Вардар одамна немал излез во Европа, па тоа беше една од причините, а фудбалот е очаен.
Се додека се осврнуваме на некои работи за тоа дали комитите или некоја друга навивачка група била одлична, а не гледаме за што тие навиваат, тешко дека ќе не бидне.
Денес Вардар беше дно, значи да ти се одмили да гледаш фудбал, среден ред немаат апсолутно никаков, играч од одбрана ја избацува топката директно на место кај шо треба да биде напаѓач,а напаѓач нормално на тоа место нема бидејќи не се спретни, топка во средина не поминува, или имаше обиди, ама тие не беа успешни, бидејќи и нема кој да ја протне таа топка.
Значи онака, лупнати на терен без некој концепт, удри по топка, паѓај во 16тник, па ако свирни судија пенал во ред, ако не тешко гол дека ќе се постигне.
И ако вие сте задоволни од тоа како Вардар одиграл, јас како неутрален гледач апсолутно не сум, бидејќи Вардар можеше да се надигрува со овој состав на Бате, и можеше да го помине, но ете, премногу аматерски сфатена работата т.е не сфатена, многу малце се вложува во играчите, и ете го резултатот.
И уште нешто, комитите не играат, туку фудбалерите треба тоа да го сторат, а додека тоа не го сторат, Вардар моментално е просечен клуб, исто како што е Работнички, Металург и уште некој клуб од МФЛ.