Ќе можеш некако да го потврдиш ова или ќе тропаш глупости и понатаму ??? Еве јас ќе ти разјаснам некои работи затоа што со сила со глава во ѕид одиш пријателе...
Ние на почетокот на сезоната извадивме членски карти - сезонски кои чинеа 1 000 денари. На натпреварите на Вардар имаше во просек да речеме 400 Комити, зборувам за утакмици во лош термин и неатрактивен противник. Тие што немаа членски плаќаа 100 денари, па сега размисли кога секој ќе даде 100 денари колку пари се тоа

Да не зборам за некои поважни натпревари. На последниот меч со Металург бевме 2 000 на трибина х 100 денари карта од секого ете ти 200 000 денари

Само што во групата има луѓе кои работат 24/7 и од се срце допринесуваат за групата па вас затоа ви изгледа научна фантастика како се собираат пари

Дека муабетот тотално не ти држи вода само ќе ти кажам дека на сопствен режим остваривме неколку гостувања за време на забраната, дечки даваа по 500+ за воз, карта, итн. Да не ни плаќаа и воз ? Или бензин им даваше некој на дечките со коли што одеа на гостување?

И ако веќе нешто тврдиш дека е така ќе те замолам и да го потврдиш тоа