- Член од
- 19 март 2011
- Мислења
- 18.984
- Поени од реакции
- 40.199
Уф леле, јасно ми е сето тоа, но веќе ти напишав. Единствениот доказ за постоењето на другите умови е бихејвиористички експеримент, но од страна на здравиот разум бихејвиористите делуваат како хипохондри кои непрестано си ги мијат чистите раце...Не само што не можам, туку и не смеам. Аналогијата не е валиден научен доказ, особено не за позитивно тврдење. Иронијата е што и ти самиот го мислиш истото, но никако да го увидиш. Нашава преписка е идеален доказ дека е така: ни ме знаеш, ни ме гледаш, ни ме познаваш, ја сум само редови текст за тебе, а ти тврдиш дека јас сум свесен "по аналогија". Во стварност, единствен начин на кој ти добиваш имформации за мене е преку овој пишан текст, што е одличен пример за бихејвјористички контролиран експеримент (тотално ист како во Тјуринговиот тест). Ти го набљудуваш моето однесување, детектираш својства на свесен агент и заклучуваш дека од оваа страна стои "некој кој искусува". Фактички, немаше да има никава разлика ако зборуваше со бот кој се однесува како свесен ентитет, и покрај твоите желби да проектираш некаков ентитет кој искуствува (што и да значи тоа).
Мислам дека е доволно за ова, зарем не?