Трансхуманизам (H+)

Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199
Не само што не можам, туку и не смеам. Аналогијата не е валиден научен доказ, особено не за позитивно тврдење. Иронијата е што и ти самиот го мислиш истото, но никако да го увидиш. Нашава преписка е идеален доказ дека е така: ни ме знаеш, ни ме гледаш, ни ме познаваш, ја сум само редови текст за тебе, а ти тврдиш дека јас сум свесен "по аналогија". Во стварност, единствен начин на кој ти добиваш имформации за мене е преку овој пишан текст, што е одличен пример за бихејвјористички контролиран експеримент (тотално ист како во Тјуринговиот тест). Ти го набљудуваш моето однесување, детектираш својства на свесен агент и заклучуваш дека од оваа страна стои "некој кој искусува". Фактички, немаше да има никава разлика ако зборуваше со бот кој се однесува како свесен ентитет, и покрај твоите желби да проектираш некаков ентитет кој искуствува (што и да значи тоа).
Уф леле, јасно ми е сето тоа, но веќе ти напишав. Единствениот доказ за постоењето на другите умови е бихејвиористички експеримент, но од страна на здравиот разум бихејвиористите делуваат како хипохондри кои непрестано си ги мијат чистите раце...

Мислам дека е доволно за ова, зарем не?
 
Zebulon

Шабан страјкс агејн
Член од
20 јули 2012
Мислења
143
Поени од реакции
156

Одлично, тогаш мора да ја отфрлиш дефиницијата за свест како "искуствување" или "способност за искуствување", нали?
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199
Одлично, тогаш мора да ја отфрлиш дефиницијата за свест како "искуствување" или "способност за искуствување", нали?
Се разбира дека не. Ти многу убаво разбираш што значи квалија, и што значи да искуствуваш. Ајде за момент да претпоставиме дека сум во право. Ако за момент, for the sake of the argument, ја прифатиме дистинкцијата помеѓу искуствена свест, и само компутирачка свест, во која група би припаѓала АИ од проектираната иднина?
 
Zebulon

Шабан страјкс агејн
Член од
20 јули 2012
Мислења
143
Поени од реакции
156
Се разбира дека не. Ти многу убаво разбираш што значи квалија, и што значи да искуствуваш. Ајде за момент да претпоставиме дека сум во право. Ако за момент, for the sake of the argument, ја прифатиме дистинкцијата помеѓу искуствена свест, и само компутирачка свест, во која група би припаѓала АИ од проектираната иднина?
Одлично прашање. Не би можел да знам, како што ни ти ни било кој не може да знае, дури и да имаме АИ во моментов. Ова најдобро ја отсликува залудноста на твојата дефиниција. Всушност не знам, и не можам да знам дали постои разлика меѓу овие два "видови свест", не знам дали може да има свест без квалии, не знам ни како би можел да разликувам една која има квалии од онаа која нема. Ова се само куп нефалсифибилни хипотези, и затоа невредни да им се обрне внимание.
 
Батали. Решен си да не откажуваш од улогата на строго аналитички ум.

That is just fine with me...
 
Zebulon

Шабан страјкс агејн
Член од
20 јули 2012
Мислења
143
Поени од реакции
156
Батали. Решен си да не откажуваш од улогата на строго аналитички ум.

That is just fine with me...
Сепак искуствувам задоволство од досегашнава дискусија, и ти знаеш дека е така.
 
B

Black Guard

Гостин
Се разбира дека не. Ти многу убаво разбираш што значи квалија, и што значи да искуствуваш. Ајде за момент да претпоставиме дека сум во право. Ако за момент, for the sake of the argument, ја прифатиме дистинкцијата помеѓу искуствена свест, и само компутирачка свест, во која група би припаѓала АИ од проектираната иднина?
Држи вода ако АИ и биолошката свест се одделени и не постои никаква конекција помеѓу нив,но ако АИ е конектирано т.е компутирачка свест заедно со искутвена очигледно компутирачката нема да се разликува од искуствената.
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199
Сепак искуствувам задоволство од досегашнава дискусија, и ти знаеш дека е така.
Ајде тогаш уште едно прашање. Замисли робот кој е направен како жена. Одвнатре од метал, одозгора прекриен со меко ткиво кое во ништо не се разликува од човечкото. Ти значи ЗНАЕШ дека е робот, дека е произведена (малку Blade Runner). Е сега, замисли дека ти е е девојка. Значи во се се однесува како вистинско човечко суштество. Вели дека те сака, имаш одличен секс со неа, но ти ЗНАЕШ дека е робот.

Дали ќе имаш проблем со тоа, односно дали би ти сметало цел твој живот да го поминеш со неа?
 
Zebulon

Шабан страјкс агејн
Член од
20 јули 2012
Мислења
143
Поени од реакции
156
Ајде тогаш уште едно прашање. Замисли робот кој е направен како жена. Одвнатре од метал, одозгора прекриен со меко ткиво кое во ништо не се разликува од човечкото. Ти значи ЗНАЕШ дека е робот, дека е произведена (малку Blade Runner). Е сега, замисли дека ти е е девојка. Значи во се се однесува како вистинско човечко суштество. Вели дека те сака, имаш одличен секс со неа, но ти ЗНАЕШ дека е робот.

Дакли ќе имаш проблем со тоа, односно дали би ти сметало цел твој живот да го поминеш со неа?
Не постои органска девојка која би ја сакал повеќе од синтетичка. Мома која ќе може да програмира, да ми прави сложени пресметки, се однесува како човек (се надевам не премногу) и плус да изгледа како модел; не еден, два животи би поминал со неа.
 
The Mad Doc

Алхемичар
Член од
16 март 2009
Мислења
653
Поени од реакции
46
Убава дискусија. :)

Како и да е, во реалниот свет, квантниот компјутер искусува и учи со скоро неограничена моќ, бинарните дигитрончиња неможат да го развијат тоа. Компутирачка и искуствена свест неможат да се мешаат во ниеден случај.
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199
Не постои органска девојка која би ја сакал повеќе од синтетичка. Мома која ќе може да програмира, да ми прави сложени пресметки, се однесува како човек (се надевам не премногу) и плус да изгледа како модел; не еден, два животи би поминал со неа.
Ти си мојот јунак.

:D
 
Zebulon

Шабан страјкс агејн
Член од
20 јули 2012
Мислења
143
Поени од реакции
156

Windfucker

Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
Член од
30 април 2010
Мислења
8.459
Поени од реакции
15.326

Zebulon

Шабан страјкс агејн
Член од
20 јули 2012
Мислења
143
Поени од реакции
156
Има шанси да се погоди некоја како Марвин по табиет или сите се бендеме? :D
http://en.wikipedia.org/wiki/Marvin_the_Paranoid_Android
Марвин е депресивен бидејќи нема нерешлив проблем за него. Сајбер невестата ќе има алгоритам "што да облечам за вечер" кој по дефиниција е нерешлив и никогаш нема да и биде досадно.
 
L

Ligeia

Гостин
Фала многу. Ќе нарачам и една за тебе (ова ми делува малку како купување жена од Пустец, само 100 пати појако).
И мене си ми јунак. :) Затоа што јас прв пат наидувам на дискусија во која Ставрогин го изостави неговиот познат и забавен сарказам и дискутираше трпеливо и сталожено со тебе.Со задоволство ве читав :)
 
Kajgana Shop

На врв Bottom