Инсулин и неговото дејство кон складирање адипозно ткиво

  • Креатор на темата Stef Bachatero
  • Време на започнување
Член од
28 март 2006
Мислења
17.804
Поени од реакции
12.295
Па се надевам дека ви објаснив некои принципи на исхранат и зашто инсулинот е главниот кривец на дебелината.Можеби е контроверзно но сепак секогаш има алтернативи како базирање на исхраната на гликемичен индекс(Диетата на јужната плажа South Beach)следење на калории и сл.Јас лично највеќе ослабнав кога планирам да јадам вака секогаш треба да имате позитивен баланс на хормони за да ги стопите маснотиите.
Доколку е главен виновни за дебелината дали имаш информации зошто некои ББилдери земаат меѓу другите ствари и некој од типовите инсулин.
Ме интересира и дали не треба да се земат предвид и другите жлезди. Ете на пример тиреоидната, тиреоидните хормони...дали не се потценети во вакви текстови кои ја објаснуваат дебелината (или слабеењето), слабост, градба...на организмот само од аспект на 1 фактор (во случајов инсулинот).
 
Blackout

An emotional retard
Член од
14 мај 2009
Мислења
1.690
Поени од реакции
451
Стефан, доколку е главен виновни за дебелината дали имаш некое инфо зошто некои ББилдери земаат меѓу другите ствари и некој од типовите инсулин.
Од друга страна што станува со другите жлезди, ете на пример тиреоидната, тиреоидните хормони...дали не се потценети во вакви текстови кои ја објаснуваат дебелината (или слабеењето), слабост, градба...на организмот само од аспект на 1 фактор (во случајов инсулинот).

Затоа што меѓу нив има дебили кои упорно одбиваат да се образуваат, дури и кога некој се обидува да им набута информации со инка.Ова за инсулинот мислев. Кога сме веќе тука, ај да објаснам. Инсулинот е анаболичен хормон, што значи дека го зема шеќерот од крвта и го дава на клетките (нешто ко Робин Худ ама со шеќер). Билдерите го искористуваат ова својство со тоа што јадат мала количина на брзи шеќери (каква што е на пример декстрозата уште позната како глукоза) и си вбризгуваат инсулин. Инсулинот го форсира шеќерот од крвта во мускулите, иако мускулите не го сакаат тој шеќер. Ама поради тоа што има вишок на инсулин отколку што е потребно и нормално тој сепак успева да ги натера рецепторите на мускулите да го примат тој екстра шеќер што се свесни дека не им треба. Исто така се запира разградбата на масти затоа што организмот си мисли дека има којзнае колку енергија за складирање па се спрема да ја стави во масти, после оној почетен бран што ќе го набута во мускулите. Арно ама, поради тоа што всушност нема купишта енергија како што мисли нашиот организам, туку само мала количина на брзи шеќери и еден куп на вештачки внесен инсулин, всушност и не се складираат масти.

И најчесто знаењето на просечниот билдер запира тука затоа што останатиот дел од приказната не му се допаѓа. Ама тоа што се случува понатаму е секако неизбежно. Проблемот настанува неколку саати подоцна. Едно од добро познатите својства на инсулинот е дека доколку екцесивно се лачи (или внесува од надвор), и неговата количина е поголема од шеќерот што е на располагање за да се внесе во клетките, тој не запира, туку едноставно си внесува од шеќерот кој е неопходен да се одржува организмот и предизвикува хипогликемија. Оди до тие крајности што може да предизвика хипогликемија што е животозагрозувачка. Е сега, тука организмот зависи од регулаторните механизми за да го качат шечерот на нормално ниво. Ама билдерите не сфаќаат дека со самото бустање на инсулинот повеќе од нормално ги заебуваат тие регулаторни механизми. Во овој стадиум организмот се бори да ја нормализира гликемијата. Мастите во организмот се исклучена опција, затоа што тие сеуште се под импресија дека треба да се поготват за складирање а не за разградба, пошто во организмот сеуште има инсулин.Па откако ќе ги потроши бедните резерви на гликоген (нека не ве лаже она „резерви за 12 часа“ тоа е за луѓе со минимална потрошувачка, кои си прават плескавица од задникот, не за оние кои вежбаат), единствена опција се протеините. Мускулите се најголем потрошувач на енергија, па затоа организмот ги смета за најнепотребни, од калориска гледна точка, плус се полни со лесно мобилни амино киселини, па така се прва мета за разградба.

И уставри на овој начин, билдерите не само што не си прават услуга, туку си го загрозуваат живото апсолутно за ништо. Дозите и интервалите за администрација на инсулин се невозможни да се координираат точно според потребите на организмот. Ама, нели, билдерите, или барем оние самобендисани его-фрикови меѓу нив сметаат дека се толку супериорни и паметни и дека балансирањето на инсулин е најлесна работа на светот, па продолжуваат со ваквата самоуништувачка навика. Па секако дека се тие попаметни од дијабетичарите кои со декади се обидуваат да го прилагодат нивото на инсулин, мерејќи ја гликемијата неколку пати во денот и борејќи се да си обезбедат подолг и поквалитетен живот. Глупи дијабетичари. Поима немаат.
 
S

Stef Bachatero

Гостин
Доколку е главен виновни за дебелината дали имаш информации зошто некои ББилдери земаат меѓу другите ствари и некој од типовите инсулин.
Ме интересира и дали не треба да се земат предвид и другите жлезди. Ете на пример тиреоидната, тиреоидните хормони...дали не се потценети во вакви текстови кои ја објаснуваат дебелината (или слабеењето), слабост, градба...на организмот само од аспект на 1 фактор (во случајов инсулинот).
Како што пиша блакоут.Билдерите го користат моментот наречен Insulin spike се со цел да го зголемат нивото на инсулин после вежбање,затоа што после вежбање е најбитниот оброк на спортистот од него зависи дали тој утре ќе продолжи да вежба или не.Луѓето земаат декстроза се со цел да го зголемат нивото на глукоза во крвта и инсулинот да реагира.Има луѓе што се инсулин отпорни и тоа значи колку и да внесуваат шеќер тие го метаболизираат многу подобро од било кој други луѓе.Се разбира дека истиот ефект ќе го добијат ако земат чоколадно млеко затоа што чоколадото е богато со антиоксиданси а млекото со протеини.Плус е докажано со студии.Крајната цел на билдерите зашто земаат е брзо опоравување на глигоген резервите затоа што вежбаат интензивно,а кога вежбаш интензивно се гори глигоген не глукоза,а резерва за глигоген ако не јадеш има само за еден ден.Така да ако јадеш само шеќер и високогликемични храни стануваш се по сензитивен и се повеќе инсулинот игра улога и со тоа се повеќе се складира адипозно ткиво нормално ако не вежбаш и претераш со исхраната.Кога си во глад одреден период се уклучува глугакон тој што катаболизра масти и затоа ако сакаш да стопиш масти еден период најдобро е или со гладување или со ниско јх диета.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.804
Поени од реакции
12.295
Јасно, злоупотреба на инсулинот (па и други хормони) во одредени спортови постои, ризиците од моментална смрт се доста високи, од понатамошни последици уште повисоки. Примери за злоупотреба на инсулин во спринтот
http://www.slate.com/articles/news_and_politics/explainer/2004/07/how_would_insulin_help_marion_jones.html
и двогодишна кома и смрт кај бодибилдерка
http://www.scotsman.com/news/scottish-news/top-stories/how-search-for-perfect-physique-led-to-scottish-bodybuilder-s-death-1-521963
се заради повисоки цели поставени од спортската индустрија
Но пошто темата е во здравје, со прашањава за спорт нејќу да ја носам кај што не треба :)
Ме заинтересираа штурите информации од доктори дека всушност тиреоидеата е многу битен фактор во метаболизмот. Затоа ме интересираше повеќе каква е поврзаноста на инсулинот, дебелината (или слабеењето) и тиреоидеата. Дали во складирање масти и искористување шеќери учествува само исклучиво инсулинот (барем повеќето написи во списанијата за здравје го потенцираат) или индиректно и тироксинот (тхс-то).
Или ако е сложено малку за одговор, макар да ме упатите на некоја инфо-страна за прашањево
 
Значи тироидната жлезда игро улога во регулирање на термогенезата и колку ќе ти отчукува срцето.Затоа луѓето со повисоко ниво на т-3 хормони се секогаш послаби,а луѓето со ниско ниво дебели.Тироидната жлезда ги лачи овие хормони за да каже колку брзо да чука срцето во одредена вежба,затоа многу користат ECA stack која го зголемува термогенезата и срцевиот пулс се со цел да согори повеќе калории.Ефедринот е банирана супстанца и е многу стимулаторна кога е комбинирана со кафеин и аспирин.Може да предизвика срцева аритмија и да ја заебе тироидната жлезда со тоа што прави да испушта повеќе хормони.Така да не си играм јас со хормони и никогаш нема да ставам вештачка работа во мене.Многу познавање во нутриционизмот и исхраната може да ви скрати многу пари ако сакате убаво тело.
 
~ Everything.you`re.not

Salvatore`s girl
Член од
8 април 2012
Мислења
106
Поени од реакции
421
Ме заинтересираа штурите информации од доктори дека всушност тиреоидеата е многу битен фактор во метаболизмот. Затоа ме интересираше повеќе каква е поврзаноста на инсулинот, дебелината (или слабеењето) и тиреоидеата. Дали во складирање масти и искористување шеќери учествува само исклучиво инсулинот (барем повеќето написи во списанијата за здравје го потенцираат) или индиректно и тироксинот (тхс-то).
Или ако е сложено малку за одговор, макар да ме упатите на некоја инфо-страна за прашањево
Главна улога на тироидните хормони е контрола на метаболизмот во сите ткива во организмот.
Можат да го зголемат метаболизмот 60 до 100 % , главно преку зголемена потрошувачка и продукција на АТП ( од тука и зголемена термогенеза, бидејќи при трошење на АТП дел од енергијата се ослободува како топлина )
Луѓето со зголемена активност на тироидната жлезда се слаби бидејќи имаат потреба од повеќе енергија, која ја обезбедува организмот преку зголемена мобилизација на масти од масно ткиво и нивно зголемено разложување , забрзана гликолиза и гликогенолиза ( значи нема што да им се натрупува во вишок ).
Овие хормони дејствуваат екцитаторно врз сите органи и органски системи во организмот, па поради тоа и се јавува хиперактивност, забрзана срцева работа , зголемен мотилитет и секреција на дигестивниот тракт, зголемен апетит, несоница, тремор на мускулатурата, зголемена продукција на други хормони.
Додека кај луѓето со хипосекреција на овие хормони се јавуваат спротивни ефекти.

А инсулинот општо е анаболен хормон, тој го забрзува превземањето на глукоза главно во сите ткива, и ја забрзува гликогенезата - нејзино складирање како гликоген во хепар и мускулите, има анаболен ефект врз мастите - ја забрзува липогенезата преку зголемено превземање на масти од крвта и нивно складирање во масно ткиво, како и врз аминокиселините и нивно вградување во мускулите. А бидејќи инсулин се лачи многу повеќе кога во крвта се зголемува концентрацијата на глукоза и аминокиселини истовремено , негде имам сретнато дека се препорачува оние кои земаат протеини, да ги земаат во комбинација со лажичка глукоза ( колку е точно не знам )
 
Да анаболичен е инсулинот но ако се претера со конзумација на калории се се претвара во адипозно ткиво.Затоа кога јадеме оброк од бели пецива,бело брашно креира нагло кревање на глукозата во крвта инсулинот реагира и дел претвара во адипозно ткиво.Глукагон е обратно од мастите и протеините креира глукоза за да го храни метаболизмот од нив.
--- надополнето: 26 јули 2012 во 23:29 ---
Утре гладувам 36 часа па ќе видам како ќе биде :)
 
Kajgana Shop

На врв Bottom