- Член од
- 4 мај 2009
- Мислења
- 2.476
- Поени од реакции
- 5.545
На не нервозинела, О Зебулони бе баци, ки реинкарнацио Шабани. Кај е сеа Шабан да ти акне еден контра пост и да ти каже дека овие двајцата се абдали.Ава дик аргументи, Мичио. Прво им се изнасмеа на сите гатачи што пророкуваат АИ па после кажа некој полу-аргумент и на крајот и самиот се вознесе во пророштва. Курцвејл многу добро покажа дека екпоненцијалниот раст (од кој Муровиот закон е само една мала компонента) може да се екстраполира не само наназад од времето на механичките компјутери, туку 4 милијарди години, од самиот почеток на животот. Бариерата на интегрирање на силиконскиот чип ќе ја пробиеме за некои 12-20 години но повеќе од сигурно е дека дотогаш ќе имаме нови методи на компутација (сите оние кои ги спомнува Каку), така да Муровиот закон скоро сигурно ќе важи во скоро во недоглед. Единствена физичка бариера е апсолутната можна брзина на компутација која е нумерички огромна ( ц/планк) и дури и со експоненцијален раст е тешко да се досегне. Тоа што го истреска не крајот со инсекти, глувци и мајмуни ич не му требаше бидејќи е крајно зелен муабет. Денешните компјутери се попаметни од човекот за многу нешта, а поглупи за други и тоа е клучниот проблем.
И арно ви викаше Шабан, ама вие не го слушавте. Затоа сега ќе ви дојде АИ и ќе ве потепа сите до еден!
Ај малце озбилно. Експоненцијалноста на технолошкиот развој е иминентна и мерлива, но не е предвидлив опстанокот на планетата и видот хомо сапиенс. Технологијата може (како и секогаш) да се злоупотреби. Моментот на доминација на АИ е исто така енигма: може да се случи луѓето да коегзистираат со АИ а може и да бидат терминирани како непотребен понизок вид на живот кој арчи ресурси.