- Член од
- 27 јули 2011
- Мислења
- 633
- Поени од реакции
- 241
Македонската Православна Црква - Охридска Архиепископија и натаму останува надвор од даночниот систем на земјава. МПЦ не само што не плаќа данок на услугите во рамки на црквите, поточно за цените кои ги наплаќа за црковни и верски обреди, туку неплаќа данок на се што се случува во нејзините поседи, кои од ден на ден стануваат се поголеми и поголеми.
Целиот комплекс околу изворите на Црн Дрим, плажата околу манастирот Св Наум се своевидна финансиски суверена територија. Од рампата на паркингот каде се наплатува 50 денари паркинг, а не се издава фискална сметка, туку се дава ливче од парагон блокче декорирано со црковни мотиви, па се до кириите за тезгите и панаѓурското опкружување околу вековното православно светилиште, манастирот Св . Наум.
Десетици ќебапчилници, импровизирани кафани, тезги на кои се продава се и сешто, од икони и мед, па се до српска турбо фолк музика најверојатно кирија и плаќаат на МПЦ - ПОА но нејасно е колку данок на овој бизнис кој е целосно надвор од верата и верските обреди плаќа МПЦ - ПОА.
Од црквата се спротиставуваа на секој боид во јавноста да се спомне плаќањето данок, повикувајќи се на тоа дека црквата дава верски услуги, но никогаш не се изјаснија што е со големиот бизнис кој се врти на големите поседи на МПЦ - ПОА.
Бизнистие на МПЦ-ПОА се огромни, а таа веројатно станала финансиска империја чии граници не може никој да ги види. Црквата поседува и плажи на Охридското Езеро кои ги добила со денационализација и веднаш ги издала под кирија и на нив сега работат шанкови и дискотеки.
Во Македонија МПЦ - ПОА со години наназад ја пратат скандали и афери, од ноие со истрагата во Струга околу хотелот Изгрев, кога МПЦ-ПОА остана надвор од законот, потоа видео материјалот на кој владиците и поглаварто г.г. Стефан продаваат лопати, па се до информациите кои неодамна во своја колумна ги објави новинарот Ацо Кабранов .
ХУМАНИТАРНАТА СТРАНА НА МПЦ ПОА МИСТЕРИЈА ЗА ЈАВНОСТА
Од друга страна пак медиумите никогаш до сега не објавиле информација за хуманитарната страна на МПЦ-ПОА. Не се појавила информација црквата финансиски да помогнала лекување на некое болно дете или некоја дурга информација за донација на пари од МПЦ-ПОА за оние на кои им треба. Можеби помошта на црквата во вакви сутации се состои од молитви ? !
СКАНДАЛ -Црковните великодостојници продавале лопати на лицитација (ВИДЕО ) Сабота, 15 Октомври 2011 15:52
http://ohrid1.com/ekskluzivna-vest/mpts-poa-uzhiva-vo-danochniot-ra-ko-i-go-ovozmozhi-drzhavata