Само ако си дотеран ќе можеш да влезеш на еден од бродовите кои фирмата Фаланга ќе ги гради на реката Вардар.
Сопственикот Давор Андреевски сака еден од бродовите да го направи елитно место за излегување, налик на, како што вели, ексклузивните ресторани во Париз. За вториот брод нема да има дрес код, туку тој ќе функционира како бар каде што, освен кафе и пијалоци, ќе се служи и храна.
"Бродовите нема да бидат во стилот на сплавовите во Белград, од кои ечи турбо фолк. Идејата ми е да воведам нешто ново во градот. Затоа едниот брод ќе биде со строги правила за облекување, нема да може да се влезе во патики и куси панталони. Сега во Скопје нема ниту едно место каде што можете да се дотерате (жити се???). Ако отидете така облечен, ви се чудат. Ќе биде налик на рестораните во Париз, и ќе се служи исклучиво француска кујна. Другиот брод ќе биде со поопуштена шема.", вели Давор Андреевски.
Извор: Вест (23.07.2012)
http://www.vest.com.mk/
Што мислите за ова Кајганџии, снобизам или не? Не знам за вас, мене ми се гади кога ќе прочитам дека едикојси сака да прави ексклузива како што видел во Париз, но со поделба на касти како во Индија! Демек, едниов брод за елитата, другиов за рајата.
Плус, изјавата дека во Скопје немало ниту едно место каде можете да излезете дотерани?!

Не знам за вас, но после вакви небулози, свечено се колнам дека ќе ја заобиколам фалангава во широк лак.