Градење верски објекти заради потреба или од инат?

  • Креатор на темата Hip.Hop_MKD
  • Време на започнување
Член од
3 октомври 2008
Мислења
451
Поени од реакции
164
Нема никаква обврска да се оди во џамија за секое молење. Може дома, може на работа.
Не мора да излегуваш со пријателите во град кога знаеш дека ќе треба да се молиш.
Значи нема никаква неопходна потреба, туку чисто покажување сила.
Здраво!

Грешиш пријателе! Јас сум верник, муслиман и многу подобро од тебе ги знам обврските. Вистина е дека можеш и дома да се клањаш, но ако идеш во џамија, 27 пати повеќе награда од Бога.

И на работа никој не ти дозволува да вршиш верски обврски, особено во државни работни места. Кажи ми еден муслиман кој работи во администрација и на кого му дале дозвола да се клања. Освен тие што имаат висока позиција и си имаат свои канцеларии и можат да се закључат 2 пати по 5 минути и да се клањат.

И не заборавај, ние треба 5 пати на ден и тоа на определено време да се клањаме. Нема сега ние да се затвараме во гето и да не излегуваме никаде само затоа што надвор од нашите места нема џамии или места каде ќе може да се клањаме. Размисли малку што зборуваш.

И поентата ми беше за Петочната молитва која е неоходна за сите муслимани и мора да се врши во Џамија и во група.Не може самостојно да се изрши Петочната молитва.

Јас не знам со каква намера ИВЗ го прави ова. Јас само зборувам персонално и верувајте дека муслиманите имаат голема потреба за една џамија во центар. Не мора да носи Исламски симболи, минаре, полумесечина и ѕвезда. Реков, било што, магацин, мала сала, каде муслиманите што работат во тој дел да можат да ја извршат петочната молитва и кој сака да клања некој намаз.

Поздрав
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.288
Поени од реакции
26.168

За ова не ни треба дозвола. ИВЗ може да го направи со изнајмување на било кој празен објект во истата општина и решен проблем.
 
Член од
3 октомври 2008
Мислења
451
Поени од реакции
164
Ако нема џамија во близина нели според К'уранот доволено е клањање во црква?
Да, дозволено е,само треба да се најде место каде што нема да стојат икони пред муслиманот. Бидејќи ако пред него стојат слики, икони, статуетки и све што претставува живи суштества, намазот не му е валиден.

Јас би се клањал, но кој ми гарантира дека ќе ми дозволи попот???!!

Поздрав
 
Zebulon

Шабан страјкс агејн
Член од
20 јули 2012
Мислења
143
Поени од реакции
156
Здраво!

Грешиш пријателе! Јас сум верник, муслиман и многу подобро од тебе ги знам обврските. Вистина е дека можеш и дома да се клањаш, но ако идеш во џамија, 27 пати повеќе награда од Бога.

Поздрав
Но тоа не е се! Клањај се во петок и освои вредни награди од бога: летување во Плаестина за двајца шахиди и 72 хурии! Кликни на оваа промотивна понуда и ќе добиеш Калаш со две резервни рамки. Најсреќниот од вас ќе добие Калаш со потпис на Ал Завакири на кундакот! Кликни го копчето на елекот со ТНТ и освој ги овие вредни награди сега!
 
Член од
20 декември 2008
Мислења
593
Поени од реакции
1.192
Дали мислиш дека останатите верници муслимани би биле задоволни од некој магацин, сала каде што ќе се молат? Мислиш дека нема да сакаат минаре, исламски симболи... односно права џамија?
 
В

влијателен

Гостин
...Вистина е дека можеш и дома да се клањаш, но ако идеш во џамија, 27 пати повеќе награда од Бога.
Ќути, не кажувај, апсурдно е.
Нема сега ние да се затвараме во гето и да не излегуваме никаде само затоа што надвор од нашите места нема џамии или места каде ќе може да се клањаме.
Токму тоа го правите во џамиите.
 
Член од
3 октомври 2008
Мислења
451
Поени од реакции
164
П
Дали мислиш дека останатите верници муслимани би биле задоволни од некој магацин, сала каде што ќе се молат? Мислиш дека нема да сакаат минаре, исламски симболи... односно права џамија?
Со сигурност дека да. Јас не сум од тие што ја мешат верата со политиката. Бидејќи ИСламот е вера која дава предност на суштината (место за клањање) а не на формата (џамија со минаре).

Значи молитвата треба да се изврши, а тоа дали во магацин, дали во џамија со минаре, тоа не е важно.

Секое чисто место може да се адаптира и да стане Џамија. Еве пример ви е џамијата кај Државна Болница.

Поздрав
 
Член од
25 јуни 2012
Мислења
127
Поени од реакции
62

A на кого му се молите?
Ти се има појавено некогаш?....сигурно си побарал, а на него како семоќен не му било тешко, аххххх само знак да ти дал(ако е негде). Вака твојата вера е лицемерие тешко.
 
Член од
3 октомври 2008
Мислења
451
Поени од реакции
164
Ќути, не кажувај, апсурдно е.

Токму тоа го правите во џамиите.
Апсурдно е за тебе, да,признавам. Затоа и не ги дискутирам овие работи со немуслимани. Но ти стана по голем муслиман од мене и ми кажа дека јас можам да се клањам и дома. Да беше исто, клањање дома со клањањетово џамија, со сигурност никогаш не би идел ниеден муслиман во Џамија освен во Петок.
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199
П

Со сигурност дека да. Јас не сум од тие што ја мешат верата со политиката. Бидејќи ИСламот е вера која дава предност на суштината (место за клањање) а не на формата (џамија со минаре).

Значи молитвата треба да се изврши, а тоа дали во магацин, дали во џамија со минаре, тоа не е важно.

Секое чисто место може да се адаптира и да стане Џамија. Еве пример ви е џамијата кај Државна Болница.

Поздрав
Јас го ценам цивилизираниот начин на кој што ти дискутираш, но македонскиот народ има изгубено секаква доверба во муслиманите, и тоа не без причина...
 
Член од
3 октомври 2008
Мислења
451
Поени од реакции
164
A на кого му се молите?
Ти се има појавено некогаш?....сигурно си побарал, а на него како семоќен не му било тешко, аххххх само знак да ти дал(ако е негде). Вака твојата вера е лицемерие тешко.
Па ако сеуште му се молам, значи дека да, се појавил;)
--- надополнето: 23 јули 2012 во 19:14 ---
Јас го ценам цивилизираниот начин на кој што ти дискутираш, но македонскиот народ има изгубено секаква доверба во муслиманите, и тоа не без причина...
Фала, но јас мислам дека и христијаните се истотака многу преокупирани со формата а не суштината. Без навреда, но ставање на крстови насекаде низ земјата со цел да се покаже дека христијаните се мнозинство тука истотака ја гледам како непотребна работа.

Сепак јас не верувам дека христијаните ја изгубиле довербата во муслиманите, и обратно. Не им верувам на медиумите, туку на народот. Во моето место супер си живееме, среќно,муслимани и христијани.;)
 
Mjolnir

Духот на рамковниот договор
Член од
12 декември 2011
Мислења
1.967
Поени од реакции
1.867
Само да потсетам пред 2 години Швајцарија ги забрани минарињата. Ете така треба да се справат сите европски земји со овој тренд.
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199
Сепак јас не верувам дека христијаните ја изгубиле довербата во муслиманите, и обратно. Не им верувам на медиумите, туку на народот. Во моето место супер си живееме, среќно,муслимани и христијани.;)
Па нели рече дека Скопје живееш. Ако ти е Скопје пример за соживот, свршивме работа.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom