V
Vollstandig
Гостин

Битола, Македонија (Филипијада њуз) Битолчанецот Марко Николов не пратил порака на десет луѓе и останал жив. Имено, станува збор за момче од битолското село Агларци, кое на полноќ меѓу сабота и недела на својот Фејсбук профил добило порака „Ти, Марко Николов доколку не ја пратиш оваа порака на десет луѓе ќе умреш за два дена, точно на полноќ меѓу понеделник и вторник“.
Марко не се плашел од судбината па одбил да ја прати пораката на десет луѓе. Тој со своето семејство и сите најблиски пријатели и непријатели се подготвувале за кобниот ден, вторник. Непосредно пред полноќ Марко ги кажал своите „последни“ зборови, па ги затворил очите. Сите почнале да плачат и да паѓаат, кога во еден момент тој се разбудил и почнал да прашува дали е во рајот,по што сите се збуниле и продолжиле да плачат, но од среќа, раскажува мајката на Марко.
„Ова е многу ретка појава, само 1% од луѓето кои не си ја исполниле задачата го преживеале кобниот ден, додека за останатите 99% немаме доволно инфорамции.“, изјави Мишко Тупурков, експерт од оделот при МВР за откривање на Фејсбук кобни денови.