Дали можете да бидете во љубовна врска со човек што не го сакате?

  • Креатор на темата Креатор на темата facule bacule
  • Време на започнување Време на започнување
Значи се е љубов, само едната е вистинска, другата е лажна, третата е полутрајна а четвртата пастеризирана.
Како да не.
Мене ми изгледа дека бев во право. Луѓето не знаат да се изразат и да ги разграничат своите чуства. Тоа брату, првото, што не трае, не е љубов. Може да е ама тоа многу ретко се случува. Љубов е кога ќе трае. И трае без разлика дали си со личноста или не. И те тера пак да се вратиш кај личноста без разлика дали ќе треба да се жртвуваш, да си го погазиш егото, да се откажуваш од работи и луѓе. А тоа првото прекинува за ситници. Прекинува ако она си го смени статусот на фејсбук или него го виделе со плавуша у минич.

А што е тоа, сестро? Зар ти само еднаш у живот си се заљубила и уште те држи?:)
Никогаш не ти се десило да се заљубиш во некој па после одредено време да ги снема чувствата комплетно?
 
Има грешка во насловот на темава! Треба да стои: Дали можете да бидете во врска со човек кој не го сакате?
Љубов е именка со најсилно значење и затоа треба да се внимава како, кога и кому се кажува. Никој не смее да си поигрува со чувствата на другите и кога се кажува треба да биде вистински, искрено и од срце кажано.
Не, не сум била ниту пак можам да бидам. Врска со човек кој не ти значи е тепање време, а јас не сакам да бидам нечив исполнет простор, јас не сум саксија, па по потреба да се преместува - човек сум! Како што не сакам некој да ми го троши времето, така не сакам ниту јас да му го трошам некому времето.
 
Секако дека може, затоа што во долга врска, после одредено време врската се сведува на навика и рутина, со 5% љубов. Оној кој успева да внесува нон-стоп нешто ново во врската на било кој начин сигурно има повеќе проценти љубов во негова врска, се друго несвесно преминува во навика.
Јас со девојка ми, дур е она во странство, сведен сум на навика и рутина да се слушаме на скајп, е кога ќе дојде, тогаш знам дали ја сакам или не, а дур не дојде уопште не се чувствувам заљубен.
 
не сум сигурна
--- надополнето: 17 јули 2012 во 03:17 ---
не сум сигурна
 
Никат не сум можел да ги разберам овој тип на девојки(20+) што влагаат у врска без љубов единствено колку да не бидат сами. . . Колку е тоа патетично and pointless...
Во право си, ама кога си осамен спремен си на се.
Можеби со тек на време ќе ја засакаш личноста. ;)
 
Што би рекол другар ми, имам 3 до 4 на лагер, ни една не ми е по мерак, не знам што да правам.
 
Во право си, ама кога си осамен спремен си на се.
Можеби со тек на време ќе ја засакаш личноста. ;)

Де де што е толку страшно ако си сингл? Спремен си на се хахах демек бог знае каква несреќа те снашла ако моментално немаш партнер. Поголема глупост од тоа да фатиш било кој само да не бидеш сама нема! Незнам како воопшто можеш да бидеш во таква ''врска'' Секако дека порано или подоцна ќе запознаеш некој кој ќе ти се допадне и карактерно и физички :)
 
Има грешка во насловот на темава! Треба да стои: Дали можете да бидете во врска со човек кој не го сакате?

Инаку, врска со човек кој не го сакате не е љубовна туку е деловна.
 
Никогаш не би можела да бидам во врска со човек што не го сакам. Потпишувам ! Поголемо измачување нема ни за мене ни за него ! Тој добар, целиот срцкаст да ми угоди, а мене уште повеќе на нерви ми оди, го избегавам а тој уште повеќе се пали, па ми пука филмот и го праќам таму од кај што излегол, а после се осеќам како кретен, криво ми е што воопшто сум се сплеткала со него и на некој начин сум го повредила. Нити пак би била со некој причина материјална сигурност, заеби ти и ресорти и коли и викенди, кога вечерта ќе треба да легнеш или да го бациш, па ми се иде уште сега да станам да одам у вц и да се исповратам.
Абе слатко е да ти го прави кеифот, да ти е по мерак, да си го сакаш и уживаш во него со сласт.:P
Алал да им е на тие што се со некој што не го сакаат, мене ми е тотално несфатливо.
 
НЕ, џабе губење драгоцено време ми е тоа кога не ме исполнува и не ме прави среќна...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom