Охрид ги губи туристите од кои преживува

  • Креатор на темата Tetro
  • Време на започнување
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199
Секоја година истата приказна.

Многу е просто, пазарот си ги регулира цените во Охрид. Се додека Охриѓани се задоволни од бројот на гости кои им доаѓаат, ќе ги држат цените вакви, или уште повисоки. Ако се случи некоја година жив човек да не стапне во Охрид, тогаш ќе ги спуштат цените на ниво на Пробиштип. Истото се однесува и за односот на Охриѓани. Останатото ви е млатење празна слама...
 
Bitcoin

Член од
24 мај 2005
Мислења
5.530
Поени од реакции
13.903
Слабо е Охрид летово да сме начисто..
Од тие што ги викате туристи, 50% имаат свои станови.. станува сабајле и си пазари во маркет исто како локалните жители.
Чаршијата е полна со туристи, ама 50% се само пешаци...
Плажите се полни со туристи, ама 50% не се сместени во хотелските капацитети, туку се возат со Галеб за инет од сите, и си одмараат на пешкирите, наместо по шанкојте и лежалките..
Најбројни се туристите од УЈП.. Во време на никаков економски обрт, тие мора да го наполнат буџетот со некоја пломба..
И нормално, политичка анти-реклама да пука нонстоп... вмро ќе го спаси градов од лошите келнери и лошата услуга....

Јбг, сами си го копаме ....
 
Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.162
Поени од реакции
18.203
Јас дневни весници не ни читам, затоа што ми се сере од нив.Мој другарка се врати од Охрид пред 3 дена и кажа дека Охрид е преполн со домашни и странски туристи.Нема место на плажите.
Не и верувај на другарка ти, не им верувај ни на локалните жители.Верувај на некој кој (наводно) не стапнал таму со години, ама е супер запознаен со ситуацијата.Значи празно е.
Зато не можам да се видам со другар(к)и по 10-15 дена, пошо се без работа кутрите.(y)

Најбројни се туристите од УЈП.. Во време на никаков економски обрт, тие мора да го наполнат буџетот со некоја пломба..
И нормално, политичка анти-реклама да пука нонстоп... вмро ќе го спаси градов од лошите келнери и лошата услуга....

Јбг, сами си го копаме ....

Последниве 2-3 лета овие туристи се најлојални спрема Охрид :гомце:

Да, замисли каква друга песна ќе се пее ако го добијат Охрид догодина на локалните, нема да има веќе „ендемски видови“ рекалама, нема да има кочење на секоја инвестиција која треба да дојде од државата, нема да ужасен пат до Охрид (зборам за правецот преку Битола, другиот не знам каков е).
Koчење сигурно не би имало, ниту па ендемски видови.Секогаш Охрид бил со контра власт од централната.Ама за патиштата баш и не сум сигурен, се надевам ќе згрешам и ќе ги изградат, барем ќе ги почнат.
Инаку од правец на Скопје виа Кичево е покатастрофален од Битола - Ресен - Охрид, особено делот Кичево - Гостивар е хаос.
Делот од Тајмиште до Стража:

Тајмиште - Стража - Гостивар

Зајас - Кичево

Стража
 
Staufer

Драган Богдановски
Член од
17 јануари 2008
Мислења
16.530
Поени од реакции
22.185
Неможам од некој мислејна да се изначудам, демек Холанѓаните и Финците што иделе биле социални случаеви и на вечер не излагале. Сериозни сте со тоа? Сте прашале колку плаќаат за одморот во Охрид во агенциите или така ради реда викате кралицата ги праќала во Охрид? Ја мислам дека ако било работата да си поминат ефтино, би иделе негде во Турција на море сосе лет и све можат багателно ефтино да си поминат.

А и не знам што очекувајна имате од странските туристи? Сигурно се постари луѓе кој не им е дојдено да излегуваат навечер по кафичи туку идат поради другите работи кој ги нуди Охрид, капејнето е плус но сигурно не е пресудно за нивното идејне. И сигурно ќе гледаат да си одат со Автобус кон град или кон плажа а не со такси, ем поефтино ем таксистите не можат да ги крадат а од лично искуство знам дека има таксисти кој баш тоа чекаат, секоја чест за исклучоците. Е сега незадоволни од ова знаете кој се? Обичните луѓе во Охрид кој издаваат станови, возат такси, имаат некој локал е тие немаат можеби голем ќар од странските туристи но тие пак најмногу корист имаат од домашните, кој одат по кафичи, се сместуваат приватно, ќе делат такси до плажа и назад. Но не треба да мислите дека ако некој е дојден од Кичево, Прилеп, Брод или Душогубица ќе биде задоволен со подпросечни услови на пример со смештајот. Тоа е, конкуренција ти се вика тоа, имам да бирам и за мојте пари сакам што повеќе да добијам. Секаде важи тоа правило а и јасно е дека луѓето од внатре пазарат во маркети пошто не се милионери да ги поклонат парите ама и да се разбирливо е што не сакаат да се расфрлаат со пари ако може и поинаку. Тие пари што ете некој млад ќе ги заштеди купуваќи во маркети ќе ги вложи во 2-3 дена плус одмор.

Иначе ја секоје лето идам Охрид но редовно идам и за викенди и преку цела година. За смештај немам големи искуствa, кај мене си седам и во глобала задоволен сум со одморот во Охрид. Услугите се ок и добри во угостителските објекти но со таксистине имам релативно лоши искуства па многу јасно ќе гледам да ги одбегавам ако се може. За влезниците по Св. Софија или во тврдината мислам ок е, тие пари одат за тие објекти. Имав и случај со двајца Германци да одиме Св. Софија па немавме поситна пара од 1000МКД и човекот ни рече можеме без пари да влеземе. Ете и тоа го има и мислам дека секој имал некој лоши искуства во Охрид и не треба да се генерализира. Охрид има други проблеми ете со канализацијата на пример што пушта од време на време фекалии во езерото или со патот кон плажите кој е катастрофален. Тие се покрупни прашајна него тоа дали кафето е 50 или 60 МКД.
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.499
Вчера на една патарина, еден Французин плаќа со 20 евра и оваа 500 денари му врати :pos: Срамотилаци, е нема вака туризам, општо зборам, само еве го пишувам у тема за Охрид пошо постов на Игорче со крадењево ме потсети и дека го сметаме Охрид за најтуристички град во МКД.
 
Staufer

Драган Богдановски
Член од
17 јануари 2008
Мислења
16.530
Поени од реакции
22.185
Вчера на една патарина, еден Французин плаќа со 20 евра и оваа 500 денари му врати :pos: Срамотилаци, е нема вака туризам, општо зборам, само еве го пишувам у тема за Охрид пошо постов на Игорче со крадењево ме потсети и дека го сметаме Охрид за најтуристички град во МКД.
ЈА су видел пред некоја година луѓе кој иделе на одмор во Турција преку Македонија и на онаа патаринана кај Куманово му дава 10Еур на вработениот и тој му вика тамам и се прашав ако има даде и на наредните по 10 ќе си сврши работа. :icon_mrgr:
 
Член од
25 февруари 2010
Мислења
1.158
Поени од реакции
879
па македонче, само за аванто го бива, и после плачат кога ќе им стават лисици на рацете, абе ебати и градовите, и државата и народот со се нив, се во комплет:facepalm: брука тешка сме сите, ај овде припукавме на ориџани, кој да припука по нас останатите??:facepalm:
 
Marchelo93

Дипломиран Џаболебар
Член од
10 јули 2011
Мислења
1.931
Поени од реакции
1.998
Пред 2 години бев во Албанија,Мали Робин,во двособен стан,6 души бевме(таму нема хотели туку приватни стамбени згради)450 евра за 9 дена.Газдата го видов само кога плаќав и кога го чекав комбето за Скопје,човекот имаше кафич на приземјето,не ни дозволи ни кафето и сокот да си го платиме,па уште и ни помогна да си ги качиме стварите.Сега ќе идам у Сутоморе за 200 евра хотел на 100 метра од плажа,полн пансион со платен превоз све,цените таму се горе доле исти како и во Скопје(кафичи,маркети).Лани за првпат у живот бев во Охрид.Газдарицата уште нераспакувани ни стави на знаење дека прв и последен ден не ни следува туширање.Мислам боже мили дотичната на секое мое излагање ми улетуваше у соба да види дали сијалицата е изгасена(n).
Мислам све респект и најубаво за градот,стварно е богатство и гордост на Македонија,ама за туризам ич не ги бива.
 
мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
18.917
Поени од реакции
23.325
Секоја година истата приказна.

Многу е просто, пазарот си ги регулира цените во Охрид. Се додека Охриѓани се задоволни од бројот на гости кои им доаѓаат, ќе ги држат цените вакви, или уште повисоки. Ако се случи некоја година жив човек да не стапне во Охрид, тогаш ќе ги спуштат цените на ниво на Пробиштип. Истото се однесува и за односот на Охриѓани. Останатото ви е млатење празна слама...
За ова воопшто не си во право. Пазарната логика не пали кај Охриѓани. Од кога памтам за мене се нешто се жалат дека немаат туристи, и секоја година е полоша од претходната. И кое е нивното решение за да се реши проблемот. Ке ги крениме цените, пошто нели помалце туристи кој ке платат повеќе е исто како повеќе туристи кои ке платат помалце.Логично нема што, и најтрагично од се си мислат дека се во право. Ама никако да сватат дека годините кога Македонија беше изолирана( 1992-1995) и кога единствено место за одење на одмор беше Охрид се оддамна завршени. Тие годнини градот беше полн до даске ама не дека е толку убаво туку немаш избор, мораш таму да одиш или дома да седиш. За жал тие денови повеќе никогаш нема да се вратат, и колку побрзо го сватат тоа толку подобро. Џабе некои играат на национална карта, кога ајде да речеме не само грција, туку и сите околу нас имаат многу што да понудат по многу поповолни услови отколку Охриѓани со едно езеро кое да си бидеме искрени освем дека било бистро( голема работа , можи ке ја пијам водата) и што е камен ладно друго ама баш ништо нема посебно. А за знаменитостите да ги гледам можам да одам преку цела година, сигурно нема да се акам по најжешкото. Одам да се одморам и да си поминам убаво, а не да гледам знаменитости и да се малтретирам и нервирам.
 
Олимпија

Македонија во срцето!!!
Член од
26 март 2008
Мислења
5.624
Поени од реакции
9.146
Абе како не се жалат туристите од Холандија и Финска кои сигурно имаат видено повеќе отколку оваа Величественава која не мрднала подалеку од грчките селца Ханиоти и Пефкохори.Како е можно за в година да има зголемување на договорените аранжмани со туристи од Бенелукс,а еве оваа не убедува дека била катастрофална состојбата во Охрид?Зарем тие не оделе на истите плажи и во истите цркви како дотичнава?

И уште еднаш не знам како може да ги споредувате грчките селца со излез на море со културно-историски град како Охрид.Колку и да е евтин или да е најгостопримлив Охрид,мак.туристи секогаш ќе ги бираат грчките селца затоа што "ете таму има море".И тоа е во ред,никој не го спори.Си сакаат море си одат на море.Ама што споредувате со Охрид бе луѓе кога се работи за скроз различна туристичка понуда.Охрид во најдобрите туристички години во екс-Југославија живеел од Холанѓани и Германци.Па за тие туристи се градени сите хотели во Охрид,од Палас до Десарет.Не се градени за гости од типот на Величественава.
Охрид треба(ше) да си се врати на тие години.Да живее од странски туристи.Еве нешто започнува пополека со туристиве од Бенелукс.Ќе видиме...
Добро бе до толку ли имате желба да тренирате глупоќа? Ама најсериозно.
Никој не го оспорува фактот дека Охрид е убав град, ама НАРОДОТ НЕ ЧИНИ. Ако веќе се занимавате со туризам, треба да мрднете од мртва точка. Не може 20 години да јадете гомна дека ак не ви чинит не идајте. Тоа не е туризам. Како може да не поработите на основни работи за кои не ви требаат финансии никакви. Љубезност, култура, човечност не се купува со пари. Кога некој решил да ви остави пари, не го глејте ко банкнота. Затоа шо ќе му скурчи и стварно нема да идит. Не си играјте со интелигенција на туристите во Охрид. Продаваш муда за бубрези за грчки селца кои ти НИКОГАШ НЕ СИ ГИ ВИДЕЛ. Појди, види како се води туризам па збори. Таму немаш впечаток дека си во селце, додека во град Охрид имаш впечаток дека си у село. Кај тоа се наоѓаат охридските плажи бе експерту? Во град или во село? Не знаев дека Трпејца, Пештани, Лагадин, Љубаниште се градови во Охрид :tapp: за да ми мрчиш дека не сум мрднала од грчки селца.
Да сакавте да прогледате, наместо да јадете бубрези на празно у Охрид ќе требаше да резервираме година дена унапред за одмор. Да извлечевте поука од сите коментари и да поработите на се што е искритикувано немаше да се жалите на крај на сезона како истата била катастрофална.
 
Член од
5 јануари 2012
Мислења
9.288
Поени од реакции
4.961

Извини али Охридски плажи се : Потпеш (канео) , Кадмо, Куба либре , Немо , инекс , парк , Метропол , лагадин ..никој не спомна дека пештани имат уба плажа .. напротив катастрофа е таму ! плажа ако сакаш ке си одиш на овие .
 
K

kalimer0

Гостин
Јас сум задоволен од Охрид, не дека неможе подобро ама што е тука е. Условите се тие, и нив не им е лесно и тие плаќаат триста такси па гледаат нешто да остане и за нив.

Не ми е важно дали сопственикот на апартманот ќе ми се смешка ниту пак сакам секој ден да доаѓа и да ме прашува дали е се во ред - тоа е веќе замарање. Доволно е да ми рече "Имаш мој број - ако затреба нешто јави се" и местото да задоволува некои критериуми (да вреди за она што го плаќам). За чудо последниве години станувам пријател со газдата па се случува заедно да пиеме кафе и надвор од сезона т.е се пријателски настроени.
 
Член од
5 ноември 2008
Мислења
264
Поени од реакции
72
Извини али Охридски плажи се : Потпеш (канео) , Кадмо, Куба либре , Немо , инекс , парк , Метропол , лагадин ..никој не спомна дека пештани имат уба плажа .. напротив катастрофа е таму ! плажа ако сакаш ке си одиш на овие .
Абе ајде, од кога Биол плажа стана Куба либре или Кадмо :))))))
Практично, Охрид освен Сараиште(ексклузивно за Варошани), Канео и Грашница, други плажи нема. За обичните смртници се од Горица до Градиште, за тој што имал привилегија од Градиште па до Заум.
 
SpiderWeb

ја заменува титулата под името во вашите мислења.
Член од
12 мај 2008
Мислења
632
Поени од реакции
622
Споредено со пред 5-6 години, значително се подобрени охриѓани... ама уште се далеку од нивото на кое што треба да бидат. Ќе видиме сега какво влијание ќе имаат владините реклами :)
 
Член од
5 јануари 2012
Мислења
9.288
Поени од реакции
4.961
Абе ајде, од кога Биол плажа стана Куба либре или Кадмо :))))))
Практично, Охрид освен Сараиште(ексклузивно за Варошани), Канео и Грашница, други плажи нема. За обичните смртници се од Горица до Градиште, за тој што имал привилегија од Градиште па до Заум.
Kadmo beach знаеш што значи ? се надевам дека ти се разјасни . Нема други плажи ? :pos::pos::pos:
--- надополнето: 22 јули 2012 во 00:48 ---
Јас сум задоволен од Охрид, не дека неможе подобро ама што е тука е. Условите се тие, и нив не им е лесно и тие плаќаат триста такси па гледаат нешто да остане и за нив.

Не ми е важно дали сопственикот на апартманот ќе ми се смешка ниту пак сакам секој ден да доаѓа и да ме прашува дали е се во ред - тоа е веќе замарање. Доволно е да ми рече "Имаш мој број - ако затреба нешто јави се" и местото да задоволува некои критериуми (да вреди за она што го плаќам). За чудо последниве години станувам пријател со газдата па се случува заедно да пиеме кафе и надвор од сезона т.е се пријателски настроени.
Конечно се најде еден паметен ... сите ги читам викаат скап бил смештајот а не знаат тие дека од 500 денари што ги земаат од кревет на вечер треба да дадат 80-100 денари во агенција што ги рекламира, да платат такса .. и на крај ке им излезе половина ќар .. али не го разбираат они тоа .
 
Kajgana Shop

На врв Bottom