МВР дозволи регистрирање на Моторцикли на период помал од 1 година

  • Креатор на темата Креатор на темата D_T
  • Време на започнување Време на започнување

D_T

Чорбаџи Димко
Член од
8 март 2009
Мислења
2.119
Поени од реакции
1.571
Возраст
42
Локација
Iron Gate
Благодарение на Моторџиската Федерација конечно е издејствувано одобрение за регистрирање на моторциклите на перидот помал од една година. Од писмото кое пристигнало вчера во федерацијата МВР од сега натаму одобрува регистрација за моторцикли на оној период за кој важи осигурувањето.
Пр: вадиш осигурување за моторцикл на 6 месеци(кое е двојно пефтино од годишното) го приложуваш во МВР и добиваш регистрација исто толку месеци. За моторцикли кои се купени од салон во Македонија и се со старост до 8 години техничкиот се прави еднаш на 2 години !!!

Браво :cuc:

извор
 
Останува уште да се реши прашањето со зелениот картон. Честито Моторџии! :P
 
Зошто !?
Супер си е законов, нема смисла да се регистрира за цела година кога не е во можност да се вози цела година.

Законот си е ок, една од ретките паметни работи.Коментарот ми беше од страна како возач на кола / пешак, онака како уплашено :) Сигурно поголема продажба ќе имат сега на скутери ако ја намалат сумата со оваа 6 месечна регистрација.Поголем број скутери - полошо за коли и др. возила, поголем број пречки за избегнување со оглед како возат...Лично ми се најомразена категорија - и како пешак и како возач.
А за нив законот е супер :)
 
Скутерите не се регистрираат годишно. Еднаш се регистрираат а годишно осигурање е околу 1000 ден. Така да не мисли дека тоа беше пречка некој да не вози скутер.
 
Скутерите не се регистрираат годишно. Еднаш се регистрираат а годишно осигурање е околу 1000 ден. Така да не мисли дека тоа беше пречка некој да не вози скутер.

Еднаш, ама само до 50 кубици.Осигурувањето е 660 денари.А не ми е некоја разлика од мотор до скутер.Иста категорија возачи.
 
И онака веќе се возат премногу моторцикли кај нас - мислам дека нема да смени многу законов од тој аспект.
Барем нема да се удира по џеб на народот кога годишно имаш мртов период од 4-5 месеци
 
Во многу европски држави исто и со колите самиот можиш да одлучиш на колку месеци сакаш да ја регистрираш, затоа што има некој кој што не ја возат колата или не се во Македонија а мора да плаќаат регистрација за цела година.
 
Како што рече Брокер, би требало да се издејствува и за коли ваков закон, и секој да си заврши работа каква му треба.
Супер закон, мило ми е што го донесоа, едноставно не иде да регистрираш скутер од 150 кубика цела година кога го возиш само од Април до Октомври.
 
Ма јас мислам треба да има регистрација за еден ден...
Онака возиш возиш и те фаќа полиција и ја регистрираш за еден ден...и прав си.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom