Adobe Photoshop - совети, туториали, помош

  • Креатор на темата Acid
  • Време на започнување

ПрИтИ_гРл

Unforgivable ♥
Член од
6 јуни 2006
Мислења
2.554
Поени од реакции
21
А како може на црно бела слика, ако сакам некој дел од сликава да го направам во друга боја или пак природната боја т.е вистинската?

^_^
 
Член од
22 февруари 2007
Мислења
1.852
Поени од реакции
1.382
Горе кај File/Edit/Image/Layer/Select/Filter/ итн итн ќе стиснеш на Image->Mode и ќе видиш дека на .gif ти е чекирано Index....Ќе одбереш RGB и ќе можеш се да правиш
фала многу , леле се мрднав по 6 саати сум на фотошоп овие 3 дена жива зараза не ми се станува од пц ....:tv:
 
Член од
28 јануари 2007
Мислења
9.850
Поени од реакции
1.559
Еве за пример една одлична работа





:nesvest:
 
P

Princ

Гостин
Бидејќи желбава ти е... Дедо Мраз во август. Ти ептен шашардисана си била :pos:
Можеш да и дадеш друга нијанса на боја ако и смениш Mode во RGB, одиш Image -> Adjustments и одбираш Hue/Saturation. Штиклирај Colorize.
 

ПрИтИ_гРл

Unforgivable ♥
Член од
6 јуни 2006
Мислења
2.554
Поени од реакции
21
Хихаха готово се снајдов, поназад некаде...

Вака : Селектирам со Lasso Tool>>Select>>Inverse па после Image>>Adjutsments>>Desaturate

ОК е вака ? :)
 

Точкест

I'm Awesome
Член од
25 јануари 2007
Мислења
7.641
Поени од реакции
457
А како може на црно бела слика, ако сакам некој дел од сликава да го направам во друга боја или пак природната боја т.е вистинската?

^_^
Како на црно бела фотографија да додадеш друга боја:)

Вака, прво одбираш што сакаш да промениш и во која боја...на сликава ете ќе ја мењам бојата на машната и лап топот.
Со некоја од селективните алатки Lasso Tool/Magnetic Lasso Tool или Poligonal Lasso Tool сите во една коцка се ставени да земеш и да го селектираш делот одприлика вака

После тоа доаѓа време да се смени бојата на селектираниот дел, најлесно е вака Image->Adjustments->Hue/Saturation или со кратенката Ctrl+U.

Ќе ти се отвори едно мало прозорче со три слајдери HUE(тоа е бојата која сакаш да ја ставиш) SATURATION(јачината на бојата) и LIGHTNESS(посветла/потемна) Иначе затоа што сакаш да ставиш нова боја над долниот десен агол има две коцкички Colorize и Preview. Нека бидат и двете штиклирани:)

Совет Saturation слајдерот намести го на 50 а со HUE лизгај лево десно за да си ја најдеш бојата која ја сакаш, и нормално со Lightness за да ја осветлиш и затемниш. Еве како јас направив и машната доби некоја шо знам боја:pos: (незнам вие жените како кое овошје/цвет си ја викате па да не ја утнам)
 

ПрИтИ_гРл

Unforgivable ♥
Член од
6 јуни 2006
Мислења
2.554
Поени од реакции
21
ЛЕле фала многууууууууууууууууу!!!

Ех, од кога сакав ова да го научам.. :pos:
 

The G-Man

Кепец
Член од
6 декември 2007
Мислења
501
Поени од реакции
12
пука земја 2

eве уште една подобра пука земја



едит: мор

 
Член од
17 јануари 2008
Мислења
1.107
Поени од реакции
150
дали ке мозе некој да ми го даде serial number за cs2 v.9?!
 

aneta:)

animal lover
Член од
3 јули 2007
Мислења
449
Поени од реакции
13
Може некој да ми даде туторијал за флаер како се прави, али ве молам да ми кажете или каде има да најдам или да ставите овде затоа што хитно ми треба, пошто тоа ми е домашна. :smir:
 
P

Princ

Гостин
Може некој да ми даде туторијал за флаер како се прави, али ве молам да ми кажете или каде има да најдам или да ставите овде затоа што хитно ми треба, пошто тоа ми е домашна. :smir:
Одамна немам направено туторијал па се решив денеска да направам еден. Во такво расположение сум :)

Вака значи.

1. Отвараш нов празен фајл со овие димензии: 400 x 600 пиксели.
Во горниот дел пресметај една четвртина од целиот фајл со Rectangle Tool направи квадрат врз фајлот со некоја плава боја.
Вака треба да изгледа:

slika 1.jpg

2. Двоен клик на лејерот за да се отвори прозорот со стиловите на лејерот. Внеси ги овие подесувања.

slika 2.jpg

Вака треба да изгледа резултатот.

slika 3.jpg

3. Направи уште неколку квадрати со иста боја како првиот квадрат, и неколку со бојата што ја искористивме за аутлајн (линијата) во претходниот ефект.
Ова го направив јас

slika 4.jpg

4. Селектирај ги сите лејери со објектите што ги вметнавме па стисни CTRL + T. Десен клик врз објектите и одбери Distort. Размрдај го погледот врз квадратите малку (или повише).

slika 5.jpg

5. Во квадратите внеси податоци. Лого, текст, некоја фотографија... Тоа мора да биде по твој избор и потреба. Готов флаер не ти давам, извини.
 
P

Princ

Гостин
Еве кај мене што испадна на крај.

final.jpg

Го прикачив и psd фајлот (може да го земете од овде) ако ви треба да видите што се сум користел, кои ефекти и каде.

Поздрав :smir:
 

aneta:)

animal lover
Член од
3 јули 2007
Мислења
449
Поени од реакции
13
:vozbud: Интересно ми изгледа ова, фала многу. :smir:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom