Тенис, Лондон 2012

Статус
Затворена за нови мислења.

ElNinho

Мадридиста!
Член од
17 јули 2009
Мислења
20.967
Поени од реакции
57.733
Повреда но и страв пред се!
Не страв од Ноле и Федерер, туку страв од пораз од некој анонимус и тотално губење на самодовербата. Страв од повтрорно обновување на повредата (бидејќи ако настапеше ќе играше под терапија), сценарио што потполно би го уништило.

Тука влијание имал и неговиот менаџмент сигурно, мислам дека тие го убедиле да не ризикува, па затоа е вака шокантно ова на недела пред ОИ. Сепак, тотално болно за него е и вака, самиот изјавуваше дека е пресреќен што ќе биде знаменосец.

Ебати судбината... :(

Тие што беа главни ќе се на олимпијада. :) .. збориме за тоа кој тенисери се во форма, а не само по име и презиме.
да да, торлакот Енди повторно пред домашен терен... :D
 
The King of Clay

Модератор
Член од
28 јануари 2012
Мислења
5.037
Поени од реакции
3.623
:pos:
A што како Надал да беше најголем фаворит за злато?
Тие што беа главни ќе се на олимпијада. :) .. збориме за тоа кој тенисери се во форма, а не само по име и презиме.
Без разлика, не се сеќаваш на каков начин го освои РГ во 2009?
 
Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.743
Поени од реакции
18.492
Како го освои?
 
Член од
14 март 2010
Мислења
16.988
Поени од реакции
16.426
да да, торлакот Енди повторно пред домашен терен... :D
Па сакате вие тоа да го признаете или не, Енди е во далеку подобра форма од Надал, па може и пред Новак, сеа тоа што човекот нема нешто во глава и му фали е друга работа, ама гледате дека како одминува време не е тој стариот како што го знаеме.
Федерер
Енди
Новак
.
.
.
.
Па после другите тенисери од топ 10 се главни фаворити на ОИ, Надал да беше на турнирот би го сместил и позади Ферер, а не пак за прв фаворит за злато. Само кој колку глеа реално на работите, тоа е поентата.
И во никој случај не велам дека е океј што тој не игра на ОИ, баш е штета, ама тоа е спортот, повреди, порази, победи дел се од него.
Глупо е што го потенцирате тоа ЗЛАТО од Пекинг и ај сеа повеќе да не игра на ОИ, секој спортист сака да го повтори успехот, па бил и Надал. Ама да си ризикува кариера не верувам.
 
ElNinho

Мадридиста!
Член од
17 јули 2009
Мислења
20.967
Поени од реакции
57.733
^ не беше иронија тоа за Енди, сериозно го мислев. :) Ма да мислам дека и сеа ќе остане со празни раце. :D

Ништо со злато не потенцирав, пишав тоа што он го кажа, дека е премногу разочаран што нема да игра.

Ем физички, ем психички е у голем пад, секако дека не е стариот, сите го знаеме тоа. Но како негов фан нормално дека сакам да се врати стариот Рафа, иако како што тргнало, тешко дека ќе го видиме тоа. :(
 
Член од
23 јануари 2009
Мислења
10.640
Поени од реакции
2.504
Абе тоа што изгуби од Росол не значи дека е во слаба форма, јако играше првите кола, ама му се погоди денот него. Или Новак ако изгуби во 1/2 финале и ајде, Енди бил во подобра форма. Не кажувајте приказно, да беше Рафа пак ќе си беше фаворит за медал.
 
Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.743
Поени од реакции
18.492
Абе тоа што изгуби од Росол не значи дека е во слаба форма, јако играше првите кола, ама му се погоди денот него. Или Новак ако изгуби во 1/2 финале и ајде, Енди бил во подобра форма. Не кажувајте приказно, да беше Рафа пак ќе си беше фаворит за медал.
Неможе така лесно да се гледа на работите, ајде да бидеме малце реални, знам дека на вас како фанови на Надал ви е тешко, ама пробајте.

Знаеш ли колку титули има Надал освоено надвор од оние на земјена подлога од US Open 2010 навака? = 0, така да не е така едноствано, формата на Надал е далеку од онаа во 2010, иако на земјена пак е несопирлив.

Друго, да те потсетам дека Надал беше буквално прегазен од Колшрајбер во Хале, и ова ли е случајно? дали е исто така поразот во Индиан Велс во полуфиналетно со 2-0 во сетови од Федерер случаен, ако знаеме дека генерално во нивните дуели предноста многу често ја има Надал...

Значи малце барем реални бидете....

И да, сега кога ќе се сетам дека го гласав Игор Ј за модератор, испаѓа дека сум направил грешка, и дека е дел од огорчените фанови/хејтери. Друже ако сакаш љути се ама тоа е реалноста, после ваков пост од типот на оној погоре и уште неколку слични на други теми јасно е све, рака на срце сeкоја ти чест за тоа што се трудиш и правиш маестрални теми за турнирите, и се разбира трошиш многу време за нив, ама сепак мислам дека човек со улога на форумов како тебе несмее да предизвикува зајадливост на тема во која никогаш го немало тој момент и секогаш сите сме се труделе да има цивилизирана дискусија.

Over and out.
 
L

Löwe

Гостин
Еднаш изгубил од Росол, и сега и Џејмс Блејк е во подобра форма од Надал. :facepalm:
 
С

сашенко

Гостин
Еднаш изгубил од Росол, и сега и Џејмс Блејк е во подобра форма од Надал. :facepalm:
Надал беше во супер форма, ама човекот има доста проблеми кои мора да ги надмине. Ете читај пост во атп тенис....
 
The King of Clay

Модератор
Член од
28 јануари 2012
Мислења
5.037
Поени од реакции
3.623
Како го освои?
Така фино лепо, со многу среќа. На 5 поени беше од пораз против Хас, губеше 6-7 5-7 *3-4 (*30-40) и промаши чист зицер Хас за 3-5 во третиот сет. После 5-3 во третиот сет за Германецот, се сомневам дека би се вратил Федерер, но по пропуштената шанса, му падна концентрацијата на Томи и така се врати Федерер. Ден претходно, неделата кога изгуби Рафа од Содерлинг, практично беше се сервирано за Роџер да го освои конечно грен слемот кој му недостасуваше, и ете, моментално само злато во сингл од ОИ му фали, како и Дејвис Куп титула, за првото ништо чудно да го добие, за второто и не верувам баш.
 
Божино

4815162342
Член од
27 јуни 2007
Мислења
8.605
Поени од реакции
13.303

Добро човече дали е среќа за Федерер тоа што Надал нема консистентност? И како тоа е сервирано за Роџер кога тука се и Џокович, Мареј... Па нели е старец типот? Нели не знае на земја да игра? Изгубил Надал, и среќа има Федерер, на тацна гренд слем се освојува. Но за едно си во право, нека продолжи со ваква неконстантност Надал, Федерер ако треба душата ќе ја остави на терен за да го освои гренд слемот. На 34 години ако треба.
 
Каков црн Ѓоковиќ, каков Мареј. Сите си изгубија, Федерер играше со мизерни противници. Добро, не баш мизерни, штом дошле до тука не се лоши, но во полуфиналето исто така имаше многу среќа против Дел Потро, едвај во 5 сета го тепа. Во финалето, поради недоволно искуство, Робин Содерлинг не можеше ништо во тој меч.
Иначе Надал никогаш не изгубил 3-0 во сетови од Федерер, и нема да изгуби, а Рафа го стори еднаш тоа, пред 4 години во финалето на Ролан Гарос, понижувајќи го со 6-1 6-3 6-0.
 
Тоа ми е поентата, зошто изгубија? Зошто изгубија од мизерни противници? И зошто нивното незнаење и неможност да победат е среќа за Федерер? Ви се повреди идолот и почнавте 300 теми да вртите, сеа што има врска тој резултат 61 63 60 со муабетов?
 
Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.743
Поени од реакции
18.492
Рафа го стори еднаш тоа, пред 4 години во финалето на Ролан Гарос, понижувајќи го со 6-1 6-3 6-0.

Понижување? срдечни поздрави.

Кога ќе го победи Надал на Федерер Indoors, јави ми. Чим запињате за резултатите на земја, ајде малце да збориме за најдобрата подлога на Федерер, значи газење, а зошто е така? епа батка овде нама топ спин форхенд на бекенд на Федерер, нема баунс и толку од Надал, ете тоа е главната сила на Надал, една иста тактика со години, :( многу разновиден бил бе, одлична техника нели? :D

Иначе објасни ни овде, дали е Федерер крив што Содерлинг го прегази Надал, дали е Федерер крив што Росол го прегази Надал? дали е Федерер крив, што Делпо го прегази Надал? каде е констатноста на Надал? зошто не си стигне до финале фино лепо па да си го тепа Федерер? дали е Федерер крив што Надал со својата супериорна физичка подготвност ги добива дуелите, и доминира во нив, ама сега го мачат повреди поради таквата игра? дали мислите дека такво форсирање на тело е можно без повреди? јас не.

Колку што е тажно дека Надал го мачат повреди, исто така треба да бидете реални и да сватите дека со само неколку меча на трева, и пауза од цел месец поради санирање на повреда не се освојува олимпијадата, треба време да се навикнеш на трева! а против сервери во само два сета таква шанса нема да добие Надал. Ова е реална и уствари само добра одлука на Надал што се откажува, затоа што немаше ни да стигне до финалето (ма ни до 1/4) за да игра против Федерер, истото важи и за другите турнири во кои поради слаба форма/повреда испаѓаше рано, дали мислите дека во таква ситуција он би бил пречка за Федерер, Ноле или пак Мареј, или можеби и Цонга? јас мислам дека би изгубил 3-1 во сетови во ваква ситуација.

Така да муабетите Федерер има среќа сочувајте ги за некој casual фан, овде такви смешни изјави не ви проаѓаат, Надал уствари својот супериорен H2H резултат за кој како слеп за стап се фаќате, го има баш поради овие рани порази-повреди во фазите од турнирите, ако во таква форма се соочеше со Федерер кој како по некое непишано правило секогаш е во најсилна форма кога Надал се повредува или е во слаба форма резултатот денеска ќе беше многу поинаков, ама секогаш има некое оправдување бе, секогаш....ме мрзи сеа да напишам само какви се изговoри сум читал и се пласирале во јавноста од страна на заслепените "навивачи" на Надал, се навикнавме веќе на вакви изјави не е првпат :pos:
 
The King of Clay

Модератор
Член од
28 јануари 2012
Мислења
5.037
Поени од реакции
3.623
Тоа ми е поентата, зошто изгубија? Зошто изгубија од мизерни противници? И зошто нивното незнаење и неможност да победат е среќа за Федерер? Ви се повреди идолот и почнавте 300 теми да вртите, сеа што има врска тој резултат 61 63 60 со муабетов?
Муабетот со 6-1 6-3 6-0 е дека Рафа го реши Федерер т.е. му одржа лекција по тенис на земја во тој меч, иако беше Федерер и повеќе од загреан за титулата, нели му недостасуваше и тогаш....

Јас никогаш не сум сакал Надал да освои нешто благодарејќи на лошите игри на противниците и после да гледам лесен плен за него во финалето, нека биде маж и нека го победи најдобриот, во овој случај Федерер од Вимблдон 2012 и да докаже дека всушност тој, Надал е подобар. :)

Psyside,

јас лично имам играно во сала, на IH подлога. Од лично искуство не ми се зборува за подлогата бидејќи е EPIC FAIL. Топчето воопшто не скока, тотален промаш од подлога, не е мој тип, а ни на Рафа. Но без разлика, и така има премалку турнири на таа подлога. Околу резултатите на Мастерс куповите, еден мал период од третиот сет во 2010 кога беше 6-3 3-6 го одлучи мечот, можеше Рафа да го тепа Федерер и воедно да ја освои Мастерс Куп титулата.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom