Иднината?
Бајнам е многу покомплетен играч во напад од Хауард... многу поголем репертоар на пост движења и неспоредливо подобар шут од полудистанца, фактот дека слободни фрлања погодува над 70% зборува сам за себе (никој нема да форсира фаули на него). Кога сака и одбрана добро игра (30+ скока направи на една утакмица во регуларната сезона).
Проблемот е што ретко кога дава се од себе, не се залага доволно...
По следнава сезона му истекува договорот и ќе бара максимален договор кој со неозбилноста, со ваков однос кон играта и со историјата на повреди дефинитивно не го заслужува..
Хауард е многу подобар во одбрана, има перфектен осет за место и време за скок, блокирање, одбрана на пик&рол. Како таков, подобро се уклапа во Лејкерси, на кои одбраната во плејофот (и воопшто) им беше слаба.
Проблем се повредите на грбот кои за тешките високи играчи се многу полоши од повредите на колената.
(не викам нови аквизиции туку да се користи клупата повеќе не ко лани)
Една од ретките работи за кои не можам да му замерам на Мајк Браун.
Да ја користи клупата повеќе... Која клупа?