Хомеопатија

  • Креатор на темата Креатор на темата Roten 96
  • Време на започнување Време на започнување
Од кај знаеш дека хомеопатските лекови помогнале во овие случаи?

Затоа што исчезнувањето/појавувањето на симптомите е директно поврзано со земањето на тие хомеопатски лекови.

Болдот ме заинтересира. Нели хомеопатски препарат се подготвува врз основа на лицето/пациентот, односно секој препарат се подготвува делумно и индивидуално според лицето?

И мене ми беше тоа чудно, но не прашав бидејќи немав потреба. Можеби работат со рецепти, и тие хомеопатски лекови имаат формули, во аптеките можеби ги имаат состојките и ги припремаат, а можеби и има некои лекови кои се универзални, па се купуваат со препорака, не знам, ова само нагаѓам.
 
Затоа што исчезнувањето/појавувањето на симптомите е директно поврзано со земањето на тие хомеопатски лекови.
.
Ова е премногу храбра изјава.
Без навреда.
 
Затоа што исчезнувањето/појавувањето на симптомите е директно поврзано со земањето на тие хомеопатски лекови.
Тоа не е никаков доказ за ефективноста на лекот. Еден и едниствен тест со кој може да се утврди дали еден лек делува или не е двојно-слеп начин на тестирање: http://science.jrank.org/pages/2153/Double-Blind-Study.html

Ниеден хомеопатски "лек" не се покажал подобар од плацебо во ниедна студија досега.
 
Можеби хомеопатијата е плацибо, но помогнала во лекување на огромен број болести, хомеопатија заедно со погодена фреквенција на болеста(радиобранови) , може да спречи и дегенеративни болести во одредени случаеви.
 
Интересно е да читаш како нема еден да се јави што пробал хомеопатија и да рече не вреди плацебо е а сите што пробале се задоволни.

Ова ситиот му вика на гладниот не јади не ти треба :D.
 
Дали знаеш дека Лекарската комора во Словенија им ги одземаше лиценците на лекарите кои препишуваат вакви лекови? Не знам, можеби уште во прават тоа.
Во државите каде се регистрирани лековиве, тоа се прави за контролирање и регулирање. Нигде не бараат научна потврда за делотворноста, да го бараа тоа немаше да бидат регистрирани.
џабе збориш, не се луди она владите
 
Ова е премногу храбра изјава.
Без навреда.
Не се вреѓам и стојам зад изјавата, но кажав, тоа е кај неколку луѓе што ги знам, кои се мои пријатели, не се пациенти вклучени во студија за докажување на ефектите на хомеопатските средства.
Кај тие неколку луѓе тие симптоми се појавуваат и повлекуваат во согласност со неземањето/земањето на лекот. Не викам дека е кај сите така, кај овие е веројатно заради тоа што се работи за полесни проблеми кои со употреба на природни состојки се ублажуваат. Никој не може да го негира антисептичното дејство на кантарион или смирувачкото дејство на валеријан.
Не тврдам дека хомеопатските лекови се подобри од конвенционалните, напротив. Но исто така не може целосно да се негира нивното дејство.
 
Мото на хомеопатија ти е нешто како "Ако веруваш ќе бидеш спасен" .Земав еднаш хомеопатска беладона и некои други билки,па незнам дали беше аутосугестија или друго,али имав луцидни сонови , астрал травел итн.Тоа и ми беше намерата :D
 
Мото на хомеопатија ти е нешто како "Ако веруваш ќе бидеш спасен" .Земав еднаш хомеопатска беладона и некои други билки,па незнам дали беше аутосугестија или друго,али имав луцидни сонови , астрал травел итн.Тоа и ми беше намерата :D
Требало печурчиња или бобинки да земеш, точките од телевизорот ќе ти правеа муабет. Гарантирано.
 
Требало печурчиња или бобинки да земеш, точките од телевизорот ќе ти правеа муабет. Гарантирано.
Тешко да се најде нешто асално тука, а и треба некој да ти припреми тоа , да не поцркаме :unsure: , отровни работи се тоа.Нема играње со нив.Хомеопатските припреми скоро да не содржат отров.Тој отров шо ќе ги раздвижи точките на телевизорот.(y)
 
^
ова ќе е малку нападно, ама муабетов - во ориганото ми ставија трошка трева и одлепив како ракета.
 
^
ова ќе е малку нападно, ама муабетов - во ориганото ми ставија трошка трева и одлепив како ракета.
Не е нападно , баш интересен пример , затоа го споредувам со плацибо.
 
... Не викам дека е кај сите така, кај овие е веројатно заради тоа што се работи за полесни проблеми кои со употреба на природни состојки се ублажуваат. Никој не може да го негира антисептичното дејство на кантарион или смирувачкото дејство на валеријан.
...
Работата е што во хомеопатските лекови, со разблажувањето, посебно ако е над 20Д, нема останато ништо од кантарионот или валеријанот.
Па дури и ги сметаат за појаки ако се повеќе разблажени. Логика? Нот мач.
 
Не тврдам дека хомеопатските лекови се подобри од конвенционалните, напротив. Но исто така не може целосно да се негира нивното дејство.
Да, целосно може, мора и треба да се негира нивното "дејство". Ни еден хомеопатски лек не се покажал како функционален. Како и да е, ја потполно ги охрабрувам сите оние кои веруваат во хомеопатијата да продолжат да ја користат, бидејќи така ги зголемуваат шансите да се здобијат со Дарвинова награда, и нормално, да го подобрат генетскиот материјал на следните генерации.
 
Здрав човек ќе се замара со Дарвинови награди , на болен приоритет му е да биде повторно здрав.Ако им помага хомеопатија - зашто да не , шо е битно ако е плацибо,кога има ефекти.Тешко е да се објасни моќта на мислата па затоа и се завршува тука муабетот.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom