Хомеопатија

  • Креатор на темата Креатор на темата Roten 96
  • Време на започнување Време на започнување
Berberis vulgarid D4 - за бубрези. Не ме болеше, туку го чувстував органот.

Atropa Beladonna D30 - мислма дека беше за температура

Аconitum napellus Д30 - за се што ќе те сполета ненадејно: температура, паничен напад, страв, болка итн...
 
Дали знаеш што значат овие Д30? Тоа значи дека во крајниот раствор веројатно нема ни една молекула од оригиналниот раствор.
На пример овие што ги кажа се растителни дроги, зошто мислиш дека подобар ефект имаат вака растворени со концентрација од 1^(-30) отколку како чај или оригинална тинктура?

dilution.gif

На пример хомеопатите сметаат дека со тресењето по секое наредно растворање во 9 дела вода, духот на оригиналната супстанца останува и го прави растворот на вода посилен. И тоа подоцна кога се употребува го активира системот на организмот самиот да се излечи.
Ова ни тие не го докажале, ниту го знаат, туку само го претпоставуваат. Значи никој нема докажано дека е така, ниту се докажани резултатите од употребата на некое средство.
Која е рационалната причина за употреба?

И овие не се некои сериозни болести. Штом ти делуваат продолжи да ги користиш.
Колку брзо симнува температура и колку била претходно, а колку после?
 
за 19г. многу знаеш АЛИ надвор од мк , а од година и во мк хомеопатски лекови во повеќето аптеки а ти ќе ги препишуваш
и каков дух.... немало молекул од оргиналот, па ХОМЕОПАТСКИ се бе, екстремно разредени .
 
Не те разбирам. Немам 19 г. Како процени колку знам? Сестра миуште малку ќе биде доктор и имам скоро сѐ прочитано од нејзината литература затоа имам основни познавања, ама нема да препишувам ништо.
Екстремно разредени, да, прочитај колку.
 
И што ако прочита, ќе им нареди умствено да не делуваат дека немало молекули?

Имаш нешто што делува а ако не знаеш да го објасниш барај нови методи, црното нема да стане бело дека некој упорно вика мора да биде бело.
 
Не те разбирам. Немам 19 г. Како процени колку знам? Сестра миуште малку ќе биде доктор и имам скоро сѐ прочитано од нејзината литература затоа имам основни познавања, ама нема да препишувам ништо.
Екстремно разредени, да, прочитај колку.
целта е тоа , лековите да може и бебе да ги зема
што дека си читал, јас имам прочитано многу за фармација и за хомеопатија па не се фалам...

пс. тоа што ти ја негираш хомеоптија нема да ги премисли европските земји да ги извадат од аптеките , а нешто ако не делува никое министерство нема да го одобри
 
Имаш нешто што делува а ако не знаеш да го објасниш барај нови методи, црното нема да стане бело дека некој упорно вика мора да биде бело.
Кој тврди дека делува? Лангелина? За кои болести? Настинка, температура, чувствување бубрези (?), благи нелагоднини. Па за ова многумина не ни земаат никакви лекови бидејќи се самоограничувачки.
 
Не бе не делува, цела ЕУ и Русија се идиоти што ги пуштаат во аптеки па ти ќе им кажеш :pos:.
 
целта е тоа , лековите да може и бебе да ги зема
што дека си читал, јас имам прочитано многу за фармација и за хомеопатија па не се фалам...

пс. тоа што ти ја негираш хомеоптија нема да ги премисли европските земји да ги извадат од аптеките , а нешто ако не делува никое министерство нема да го одобри
Иако не целосно се сложувам со хомеопатијата, морам да потврдам дека во Германија во сите аптеки продаваат и хомеопатски производи.
Не ги нарекувам лекарства, бидејќи тие повеќе спаѓаат во категоријата "додатоци во исхраната" бидејќи немаат научно докажано дејство. Од друга страна, знам неколку случаи каде хомеопатски лекови помогнале многу повеќе отколку конвенционалната медицина, но, морам да нагласам дека се работи за проблеми кои не биле толку сериозни и животно загрозувачки.
Не го негирам целосно дејството на хомеопатските лекови, само сум прилично скептична во однос на тоа. Можеби за настинки и чешавици, посериозни болести си бараат посериозни лекови.
 
нормално ...
 
Од друга страна, знам неколку случаи каде хомеопатски лекови помогнале многу повеќе отколку конвенционалната медицина, но, морам да нагласам дека се работи за проблеми кои не биле толку сериозни и животно загрозувачки.
Од кај знаеш дека хомеопатските лекови помогнале во овие случаи?
 
пс. тоа што ти ја негираш хомеоптија нема да ги премисли европските земји да ги извадат од аптеките , а нешто ако не делува никое министерство нема да го одобри
Дали знаеш дека Лекарската комора во Словенија им ги одземаше лиценците на лекарите кои препишуваат вакви лекови? Не знам, можеби уште во прават тоа.
Во државите каде се регистрирани лековиве, тоа се прави за контролирање и регулирање. Нигде не бараат научна потврда за делотворноста, да го бараа тоа немаше да бидат регистрирани.
 
Иако не целосно се сложувам со хомеопатијата, морам да потврдам дека во Германија во сите аптеки продаваат и хомеопатски производи.
Не ги нарекувам лекарства, бидејќи тие повеќе спаѓаат во категоријата "додатоци во исхраната" бидејќи немаат научно докажано дејство. Од друга страна, знам неколку случаи каде хомеопатски лекови помогнале многу повеќе отколку конвенционалната медицина, но, морам да нагласам дека се работи за проблеми кои не биле толку сериозни и животно загрозувачки.
Не го негирам целосно дејството на хомеопатските лекови, само сум прилично скептична во однос на тоа. Можеби за настинки и чешавици, посериозни болести си бараат посериозни лекови.
Болдот ме заинтересира. Нели хомеопатски препарат се подготвува врз основа на лицето/пациентот, односно секој препарат се подготвува делумно и индивидуално според лицето?
 
Не бе не делува, цела ЕУ и Русија се идиоти што ги пуштаат во аптеки па ти ќе им кажеш :pos:.
Зошто да не ги пуштаат. Нема барање за потврда на делотворноста на работи кои се продаваат во аптеките.
За да ги забранат како измама и неделотворни, државата треба да докаже дека не делуваат, а се гледа дека не се спремни и волни да го направат тоа и да одат против индустрија која носи профит и данок.
А напишав погоре зошто ги регистрираат, за да ги контролираат, и лековите и да осигураат нивна употреба на пациенти кои немаат потреба од вистински лекови.
 
Утре ќе направам фабрика со хомеопатски лекови што не делуваат, ќе ги наполнам со вода и знаеш колку време ќе ми иде бизнисот? Ќе банкротирам во рок од еден месец, ќе пробаат пациенти, ќе видат дека не делуваат и ниеден хомеопат веќе нема да им препорача лек од мене.

Така мислиш е тоа, во ЕУ и Русија ќе пуштат плацебо па уште и сами ќе го финансирале од здравствениот систем, луди се они.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom