- Член од
- 21 јануари 2009
- Мислења
- 8.756
- Поени од реакции
- 8.785
Точно!! Која е смислата да затворам некого, и да не го поправам неговото однесување? Не само што не го поправам, уште поголем ѕвер пуштам на слобода после!!!Тоа пробувам да го објаснам цело време. Еден ќе отиде курбан, народот ќе биде задоволен ќе пати некое копиле ќе биде испржено на стол ама џабе, пак ќе имаме некој кој ќе изврши силување, убиство, масакар. Останатите нема да се заплашат од тоа. Смртната казна е одмазда кон сторителот на делото не претставува успех за заштита на општеството од потенцијални нови сторители. Највеќе од смртната казна страда семејството на сторителот на делото.
Затоа се повикав на развиените општества кои ја користата Пенологијата како наука која пак воведе интердисциплиниран пристап односно го прошири својот метод и предмет вклучувајќи ги криминологија, педагогија, психологија, психијатрија, криминална статистика, социологија. Друг проблем е поставеноста на системот. Во државава социјалните служби не ги реформираат во склад со новите трендови во науката во таа област, кои би ги препознале и детектирале ваквите случаи. Нашиот затворски систем е како оној во Советски сојуз, кој го има превземано поранешната држава (СФРЈ) a e само имплементиран во Македонија. Човек кој работи во управа за извршување на санкции на предавање на факс на оваа тема си кажа дека во државава од 60 до 80% од затворениците се рецидивисти односно го повторуваат делото. Ниту се ресоцијализираат ниту се превоспитуваат, што укажува дека системот плаче за реформа.
--- надополнето: 18 јули 2012 во 18:39 ---
Верувај, во таква установа, нема место за луѓе кои всушност можат да размислуваат. Тие се опасни а се чуваат само поради хуманиот аспект, а не затоа што може реално да им се помогне.Дефинитивно треба да има ваква институција каде што психопативе нема никогаш да ја напуштат установата.
Треба секојдневно да се пунат со лекови за смирување да бидат мирни како кученца да не прават проблеми,и нека размислат дали сакаат да живеат ваков живот,мислам дека е многу бетер ова него електрична столица.
Е сега живееме во Македонија каде што неможеме да си ги дозволиме сите овие работи па највероатно поради тоа нема ваква установа.