- Член од
- 6 март 2007
- Мислења
- 2.301
- Поени од реакции
- 1.580
И ради тоа тој поединец го затупавува своето свесно размислување за сметка на тоа, да остане во групата на која припаѓа, односно ги прифаќа сите вредности на групата како исправни, без тој да размисли дали навистина се исправни и дали одлуката за припадност кон таа група е правилна.Склоноста е нешто кое потекнува од тебе, "етикетите" од верска, националистичка, партиска или било која друга основа, се наметнати идеолошки вредности од општеството.
Поентата на тој текст е дека поединецот кој се идентификува со такви групи, ја заменил својата индивидуалност со колективната, притоа прифаќајќи ги и вредностите на истата.
Факт е дека човекот сака да се поврзува да биде заедно во група, но системот на живеење одамна ни е лошо формиран и сега е до толку проширен што ни изгледа дека е невозможно да се промени.
Замислете дека 1 милион луѓе се качени на вселенски брод и одат за марс да живеат, каде ке претпоставиме дека постојат истите животни услови како земјата (вода, земја, воздух, оган, животни и растенија).Значи исто како да се населуваат на земјата само тие да се првите луѓе што ке се населат. Како би почнале да го градите таму животот, дали би направиле нешто различно од она што сте го живееле на земјата?
Можеме ли ние да се замислиме да живееме на некаков друг начин, да не знаеме на пример што е војна, или што е омраза или болест?
Или пак да не знаеме што е оружје, да не знаеме дека некој има повеќе ресурси некој помалку односно да пронајдеме начин за подеднакво да ги распределуваме ресурсите за да имаме сите доволно за нормален живот, слободен од материјални недостатоци?
Можеме ли да се замислиме дека живееме во свет каде секој дели, се што постои и поседува, со секој?
Зошто луѓето сакаат во животот да прибираат што е можно повеќе материјално, да приграбат се што постои и да не сакаат да го делат тоа со некој што нема доволно за нормален живот, а тие имаат повеќе него што им е потребно?
Можеме ли да се замислиме како несебични суштества?