Како прво детето не е никаков психопат доста е интелигентно и е еден од најдобрите спортисти во неготино кога му кажале дека ја виделе мајка му со некој (по кој знае кој пат ) велат дека земал некоја тешка дрога т.с пред да се случи убиството бил на плоштадот и велел пред присутните дека се познава со бил гејтс и 50 сент дека бил бизнисмен и слични работи потоа бил дома и пак излегол со маска и сабја и кажал дека ќе ја убие мајка му ако ја види за натаму незнам што се случило и како ама како што кажав 100% бил на некаква дрога тоа е јасно
Незнам зошто го обвинувате детето пред време кога и мајка му е крива цел град ја знае каква е после толку озборување кој и да и бил син можеби ќе сторел нешто слично
Eве изгледајте го и видеото на крајот има дете кое кажува што се случило пред убиството
http://kanal5.com.mk/default.aspx?mId=37&eventId=93994
Како тоа мајка му е крива?! Каде со ваква логика бе луѓе?! Мајка му била крива, го оправдувате, го нервирала, го срамела, не отишла на гробот... Од кај знаете во каква состојба живеело семејството и пред смртта на таткото? Од кај знаете дали жената воопшто навистина била промискуитетна или било само сељачко оговарање?
Крив е тој што не знаел како да се справи со простата маса во Неготино што оговара!
Очигледно Е психопат, затоа што само психопат е способен да си ја убие сопствената мајка!
Што ако мајка му била со некој, што ако му кажале дека ја виделе, можел да се отсели од станот, да си живее сам, да ја игнорира мајка му, да се откаже од нејзе! Не, решението на проблемите му било да ја убие! И ти ми кажуваш дека е фино, мирно детенце (кое има 23 години патем, и по секое мерило е маж, не дете), кое мајка му го испровоцирала да ја убие со тоа што била со многу мажи? Плус, земи предвид дека Неготино е мало место, и да била со еден човек по смртта на мажот, прост народ веднаш ќе почне да оговара и да шири муабети. Значи, не се знае дали и навистина било така. Во секој случај, и да било, каква и да била мајка му, ништо не оправдува вакво убиство, ништо! Очигледно дечково е психо, само задрти луѓе може да тврдат дека мајка му е крива што ја убил.