Општи вело муабети, прашања, совети

zocc

911
Член од
9 мај 2011
Мислења
2.912
Поени од реакции
1.678
Продавам преден амортизер за велосипед SR Suntour SF-10 XCM V2 100mm, со double preload, само за диск - post mount, со мали козметички оштетувања на налепниците и бојата. Изваден од мојот велосипед, возен година и пол. Цена по ПП, инаку многу ефтино колку да го баталам. :D

КвикСилвер

Модератор
Член од
28 март 2010
Мислења
4.545
Поени од реакции
5.855
Ми се дупна гумата... Колку е една или подобро е да ја залепам? на скот аспект 50
 
zocc

911
Член од
9 мај 2011
Мислења
2.912
Поени од реакции
1.678
Ми се дупна гумата... Колку е една или подобро е да ја залепам? на скот аспект 50
Хаха, се прашува ли за ова ?? :) Поубаво е да ја смениш за нова, а и ретко веке кој лепи гуми. Нова си е нова и 200 ден. е.
 
КвикСилвер

Модератор
Член од
28 март 2010
Мислења
4.545
Поени од реакции
5.855
Хаха, се прашува ли за ова ?? :) Поубаво е да ја смениш за нова, а и ретко веке кој лепи гуми. Нова си е нова и 200 ден. е.
Ми е жал да ја сменам гумата, точакот ми е 1 месец и срце ме боли. А за лепење на другар дедо му ке ми ја залепи...
 
zocc

911
Член од
9 мај 2011
Мислења
2.912
Поени од реакции
1.678
Ми е жал да ја сменам гумата, точакот ми е 1 месец и срце ме боли. А за лепење на другар дедо му ке ми ја залепи...
Како ти е жал, што има врска тоа со точакот ?? Може да ја залепиш но може и пак да ти диши од истото место. Затоа најдобро ти викам купи си нова внатрешна, 5 минути работа е. Ништо нема да му биде на точакот, само се менува внатрешната гума и плус ке добиеш нова подобра него ли таа што ја носи фабрички. Не се грижи надворешните гуми истите ке ти останат. :)
 
Член од
18 јули 2012
Мислења
4
Поени од реакции
0
Шо мислите за точачево?

http://www.reklama5.mk/Details.aspx?ad=62935

Која му е реалната цена?

Ми треба чисто за на асфалт. Ми се смачи од кинески ујдурми - де шалтерот се заебал, де кочницата откажала, де воланот се извртил...
 
B_O_K_I

RACING maniac
Член од
30 април 2008
Мислења
1.931
Поени од реакции
725

од 3 до 4000 ден и тоа ако има некое добро делче мада тешко и тоа е многу.
 
Член од
18 јули 2012
Мислења
4
Поени од реакции
0
Ме зачуди искрено... А што би препорачал секнд хенд за околу 9000?

едит - А како да препознавам кој е алуминиумски, а кој челик?
 
B_O_K_I

RACING maniac
Член од
30 април 2008
Мислења
1.931
Поени од реакции
725
Ме зачуди искрено... А што би препорачал секнд хенд за околу 9000?

едит - А како да препознавам кој е алуминиумски, а кој челик?
По варот, се познава кога ке го подчукнеш со прст по звук се познава, а навејќе по тежината доста е полесен од челичните.
Ова ти е подобра опција http://www.reklama5.mk/Details.aspx?ad=230176 за тие пари
 
Mr.47

Juve Fan
Член од
29 јули 2008
Мислења
10.042
Поени од реакции
6.070
Гледам точаци по страниве наши, пошо иам еден ама зафркава нешо и треба делови да му мењам.
Си реков во случај да се скапи деловите, боље нов да си земам. Гледајќи точаци, налетав на следниов(не планирам да го земам, боље кола ќе си зеам:) ):

Го има само по нарачка и според тоа што видов вреди
цена 10233.97 еу :eek:

Ме интересира, како може толку пари да е точаков. Па златен да беше немаше волку да вреди.

Гледам сеа и на порталов, Астон Мартин точак 39000 долари! WTF?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom