за ова да го направиш треба тотално да се исклучи разумот... а за тоа да се случи мора некој да ти "помогне" во тоа, или да си роден со голем недостаток...
не сме ние во неговата кожа, ама прво на ум шо ми дојде беше.. кај што на дечково секој 2 ден му кажуваат со кого се е*ела мајкаму вчера вечерта... и тој тие луѓе ги гледа во лице, притисокот расте... се губи разумот... и нормално, кај послабите карактери се раѓа бес и хаос.
во никој случај не го оправдувам, ама така некако ми иде да размислам во какво опшество се живее, и колку луѓето што те опкружуваат можат да ти наштетат и да го разгорат гневот во себе. наместо да си ја бркаат работата и да ќутат, тие ќе те донесат до степен на неиздржливост и страм, што само прашање на време би било кога човек ќе експлодира..
и баш во конкретниов случај, освен ако не се дијагностицира тешка ментална пореметеност.... јас мислам дека овај слепецов што се решил да ја убие мајка си... морал тоа да го направи официјално и на фб паблик.. и со тоа да ја испразни негативната енергија, да доживее некоја правда према себе, према смртта на таткому, и према луѓето што ја злоупотребиле слабоста на сега починатата...