Тркнав на 3 дена до Саранда (попатно од Крф, на враќање), поточно во Ксамил... ме интересираше какво е местото, дали вреди да се размислува за туризам во иднина, да се оди...
Мој заклучок = понастрана сите од тој дел на Албанија што размислувате за одмор, море ако размислам подобро, цела Албанија последниве 2 години се претвора во дивјачка творевина.
Ко прво Ксамил, почнале да го прават патот асфалтен, ама од која и да тргниш страна мора да извозиш некој километар по неасфалтиран пат, крш целиот. И внатре во селото само главните улички се асфалт. Другото ко во мариовско село е. Апартманот кај што бевме немам збор, навистина беше убав. Имаше клима, ама џабе ти е кога немаше напон струјата за да работи, па умрев од жештина. Дури на фрижидерот имаше регулатор на напон за да работи нормално. Сијалицата трепка целата и не свети со полна јачина. Вода има, ама притисокот слаб.
И за цените се неверојатно искурназени. До пред две години беше навистина евтино, ама сега изгледа им понавалија повеќе туристи и си мислат оти во Монако живеат. Дигнале цели на апартманите преку 30 евра, дури и 40-50, а има и за повеќе бараат. Ако имаш среќа ќе се исценкаш за 25. Од љубезноста и учтивоста кон туристите не останала ни трага, освен во ретки случаи. Гледаат на секој начин да те закрпат, да ти земат на секој начин пари. Никаде цени нема поставено, на ништо... па цената на прозводот е диктирана во зависност од желбата на продавачот колку сака да те укради во моментот. Пример, едната вечер пијам сок за 100 леки, наредната идам ми бара 150. Му викам како така, сношти 100 ми побара, не 150 вика. Добро, чао, не ми треба сок... не сакам никој будала да ме прави.
И уште една важна работа. Сите плажи им се окупирани со лежали, исто како во Охрид. И бараат околу 4 евра ако не се лажам за 2 лежалки со чадор. Ако пробаш да поставиш своја крпа треба со тоа стоките да се расправаш оти ќе дојдат да те бркаат. Мене инаетот и нервозата ми пукнаа в’глава и ги одебив, не им станувам па ако сакаат еж нека родат. Па и тоа лежалките ги настегале една до друга, човек да не можи меѓу нив да помини, се’ само да собери што можи повеќе. И пак половината празни им зјаеа.
Е тоа е вака од мене впечатоците од Саранда/Ксамил. Некој ако се интересира за нешто друго, нека пиши, слободно ќе му кажам...