- Член од
- 22 декември 2011
- Мислења
- 1.291
- Поени од реакции
- 1.285
Боксерот и хаските ти се комплицирани раси. Особено хаските. Премногу своеволни, една од главните причини зашто не се препорачуваат во семејство со помали деца. Тоа ќе бара премногу облигација и трпение од твоја страна, да ја поставиш хаската на она ниво на кое треба да се наоѓа во кругот на семејството, а тоа е најдоле- во кратки црти- mission impossible Боксерите се прекрасни кучиња, но реално бараат познавање околу светот на кучињата а особено околу таа раса. Не џабе го носат името боксери. Кога сме кај ретриверите, па... што има да се каже, можеш да ги видиш на секој корнер во било кој град. Иако се премногу мили, мирни, знаат да си џапнат, иако тоа нивните сопственици најчесто не го признаваат. Али со деца се прекрасни, сепак доколку им го покажеш местото во фамилијата. Тоа е правило со било која раса. Кога земаш ретривер, мораш да бидеш спремен да кажеш ЧАО!, на чистотата во домот, посебно во твојов случај, станува збор за чување на кучето во стан. Има долго крзно, премногу ама ПРЕмногу се митарат. Бараат доста долги прошетки секојдневно (мораш да размислиш дали го имаш тоа време), во спротивно знаат да постанат доста деструктивни. Веќе ако си читал, знаеш дека спаѓаат во групата на причари, што значи доста активна раса.Здраво. Вака, одсекогаш сум ги сакал кучињата, но никогаш не сум чувал. Имам семејство со 2 дечиња од кои помалото е година и пол а поголемото е 6 години, па би ве замолил да ми кажете која раса би ми одговарала за со нив. Живеам во стан од 80 м2. Искрено, ги прочитав сите 107 страни и можам да ве пофалам за стручноста и несебичноста околу занењето, посебно на Lu и на Ivana Roth. Во моментов чувам риби, ама со нив не можеш да комуницираш ниту пак да прошеташ. Ги гледав расите како што се германски боксер, златен ретривер, хаска и сл. Не сум многу за помалите раси на кучиња. Однапред ви благодарам.
Куче, кое ја би ти го препорачала за чување во стан, во близина на деца (и од хигиенски и до практични причини, верувај многу ти е битно со децата), ти е пудла. Пудлата нема крзно, има коса, што значи-нема митарење Иако, сега низ глава ти се врти, пудла, педерско куче (претпоставувам), имаш повеќе видови на пудли, мали средни големи... различни бои... големата пудла, кај нас е реткост. Но затоа можеш да ја порачаш, мислам ако ги контактираш купи миленик.цом можат да те посоветуваат околу изборот. И они спаѓаат во групите на птичари, и они се активни (но не колку ретриверот), живеат по 20 тина години, и не знам дали знаеш, но спаѓаат во групата на најинтелегентни кучиња.
Позитивни страни- немаш хаос и влакна по дома.
Не смрдат како сите останати раси.
Децата можат да уживаат во правење на фрузури во друштво на премногу толерантно куче.
Премногу интелегентни.
Лесно прифаќаат тренинг и било каква дресура.
Никој, ама баш никој не може да добие алергија од нив, посебно со децата тоа ти е еден огромен +.
Работни кучиња, целта им е да го задоволат газдата, со други зборови, со добар тренинг (и со најмало познавање околу тоа, битно е трпение) ќе направат се за тебе.
Погледни го клипов.