Развојот на човечкиот ембрион во Куранот
Во Чесниот Куран, Бог ни говори за фазите на развојот на ембрионот:
„Ние навистина го создадовме човекот од глина одбрана, потоа како капка семе го ставивме на место сигурно. Потоа какпката семе Ние ја создадовме во нешто што се закачува, од нешто што се закачува создадовме парче месо, од парчето месо создадовме коски, а потоа коските со месо ги обвиткавме.“
(Куран, 23: 12-14)
Буквално, арапскиот збор алак има три значења:
1. пијавица, 2. нешто прикачено, и 3. грутка крв.
Споредувајќи ја пијавицата со ембрионот во фазата алак, можеме да најдеме сличности помеѓу двете. Исто така, во оваа фаза ембрионот се храни од крвта на мајката, слично како кај пијавицата, која се храни со крвта на другите.
Второто значење на зборот алак е „нешто што се закачува.“ т.е прикачувањето на ембрионот, за време на алак фазата, во матката на мајката.
Третото значење на зборот алак е „грутка крв“. Можеме да видиме дека надворешниот изглед на ембрионот и неговите обвивки за време на фазата алак е слична со грутката крв. Ова се должи на присуство на релативно големото количество крв присутно во ембрионот за време на оваа фаза. Исто така за време на оваа фаза, крвта во ембрионот не циркулира сè до третата недела. И поради тоа, ембрионот во оваа фаза е како грутка крв.
Трите значења на зборот алак одговараат точно на описот на ембрионот во фазата алак.
Следната фаза спомната во стихот е „парче месо“ или фазата мудгах. Арапскиот збор мудгах значи „нешто изџвакано“. Ако земеме мастика и ја изџвакаме и потоа ја споредиме со ембрионот во фазата мудгах, ќе дојдеме до заклучок дека ембрионот во фазата мудгах се здобива со облик на изџвакана супстанца. Ова е поради нерамнините на грбот на ембрионот кои „наликуваат на отпечатоци на заби на изџвакана супстанца.“
Како можел Мухамед, нека е Божјиот мир над него, да ги знае сите овие работи пред 1400 години, кога научниците во скоро време ги откриле, и притоа користејќи напредна опрема и моќни микроскопи кои не постоеле во тоа време?
Хамм и Левенхук биле првите научници кои ја набљудувале клетката на спермата (сперматозоидот) употребувајќи понапреден микроскоп во 1677 (повеќе од 1000 години после Мухамед). Тие имале погрешно мислење, дека ќелијата на спермата содржи минијатурно оформено човечко суштество кое почнува да расте кога ќе биде доставено во женските генитални органи.
Проф. Емеритус Кејт Л. Мур е еден од светски најистакнатите научници во полето на анатомијата и ембриологијата и автор е на книгата насловена како „Развојот на човекот“, која е преведена на девет јазици. Оваа книга содржи научно истражувачка работа и избрана е од специјален комитет во Соединетите Американски Држави, како најдобро напишана книга од една личност. Д-р Кејт Мур е пензиониран професор по Анатомија и Биологија на клетките на Универзитетот во Торонто. Таму тој бил продекан на Основните Науки на Медицинскиот факултет и осум години бил директор на одделот за анатомија. Во 1984 тој ја добил најпрестижната награда доделена во полето на анатомијата во Канада. Ј.Ц.Б. Најдобра награда од Канадската Асоцијација на Анатомичари. Тој водел многу интернационални асоцијации, како што се Канадската и Американската Асоцијација на Анатомија и Советот на Унијата на Биолошките науки.
Во 1981, за време на седмата Медицинска Конфернција во Дамам, Саудиска Арабија, проф. Мур го рекол следново: „За мене претставува вистинско задоволство за тоа што помагав во потврдувањето на Куранските факти во врска со развојот на човекот. И јасно ми е дека тие изјави доаѓале до Мухамед директно од Господ, бидејќи голем број од тоа знаење не било откриено дури до неодамна. Ова ми докажува дека Мухамед е Божји пратеник.“
Поради ова, проф. Мур бил запрашан: „Дали ова значи дека верувате дека Куранот е Божја Реч?“
Тој одговорил: „Не ми представува никаква тешкотија да поверувам во тоа.“
За време на конференцијата, проф. Мур изјавил, „... Бидејќи фазите на човечкиот ембрион се комплексни, поради континуираниот процес на менувањето во текотот на развојот, би предложил новиот систем на класификација да се развива употребувајќи ги термините кои што се спомнати во Куранот и Сунетот. Предложениот систем е едноставен, разбирлив и потврден од сегашната ембриолошка наука. По интенезивното студирање на Куранот и Сунетот во последните четири години е објавен систем за класификација на човечките ембриони, и она што восхитува е тоа што тој постоел уште од 7 век. Иако Аристотел, основачот на ембриологијата, сфатил дека ембрионот од пилето се развива во фази, што го заклучил во студирањето на јајцата на кокошките во 4 век п.н.е., но не дал никакви детали за овие фази. Како што ни е познато од историјата на ембриологијата, сè до дваесеттиот век многу малку се знаело за поставувањето на класификацијата за човечката ембриологија. Од оваа причина, описот на човечкиот ембрион во Куранот не можел да биде базиран на научнот знаење кое што постоело во 7 век. Единствениот прифатлив заклучок е дека овој опис му бил објавен на Мухаммед од Господ. Тој не можел да ги знае овие детали бидејќи тој не знаел да чита и немал никаква научна подлога.“