Кој е виновен за скапите фудбалски трансфери?

Член од
5 септември 2009
Мислења
3.528
Поени од реакции
619
Некој го напомена фер плејот погоре, па на тој фер плеј веќе му најдоа дупки и почнаа да ги користат а законот уште не донесен :)
 
Член од
27 јуни 2008
Мислења
9.024
Поени од реакции
5.947
Ако кажеме ‘‘тој и тој е крив‘‘ ќе погрешиме затоа што за овој проблем има повеќе виновници.
Реал Мадрид важи за клуб кој што од секогаш фрлал големи пари за играчи но во тоа време за циркузант од Бразил не се бараа 30,50, или 100м евра.Не дека ова ги оправдува туку напротив тие се почетокот на овие скапи трансфри.Тогаш многумина не им замеруваа затоа што другите тимови не тргнаа по нивниот памет но од денешна гледна точка Реал е почетокот на ова лудо време во фудбалот.

Моментот кога во Сити влегоа нафташиве е моментот кога секој играч е проценет од својот клуб најмалку 3 пати повеќе од неговата вредност.Со огромните пари за трансфери и плати за играчи што до пред тоа играле за кило семки се направи една ситуација која што вика дека циркузант од Бразил што е 150cm и 20kg со се кревет вреди минимум 50м.Ваквото размислување со брзина на светлината се префрли и кај европските газди па сега за напаѓач на Х екипа што игра само во групна фаза од ЛШ бараат минимум 30м.Да беше само Сити со тек на време можеби овој проблем ќе исчезнеше но најголемиот пробелм е што почнаа да се појавуваат и други нафташи во ПСЖ,Малага итн. па сега единствен спас е да се донесе некој закон што би ги ограничил парите во фудбалот,а тоа да видам дека се случило нема да верувам.

Самите играчи исто така се виновни за оваа ситуација.Веќе 99% од овие играчи се фудбалски платеници ала Ибра и со самото тоа се спремни до одат во чкљ тим во чкљ лига само за да земат некое милионче повеќе(како да немаат пари).Историјата и големината на тимот немаат никаква врска ако некој арап од Русија понуди 1-2м повеќе од газдата на гиганти како Милан,Интер,Јунајтед,Барса,Реал итн.Очигледно времето на Малдини,Дел Пиеро,Занети итн. помина па сега фудбалот се игра за пари,а не за трофеи како што беше до пред неколку години.

Газдите на тимовите што својте ѕвезди ги даваат на овие тимови исто така имаат вина во сето ова.Сигурно е дека има цена што колку и да се трудат не можат да ја одбијат но со самото тоа зајакнуваат тим што сака да стане гигант преку ноќ,а го ослабнуваат својот.Во време кога скоро сите тимови работат со одредена загуба сигурно дека не е лесно да одбиеш 50-100м за играч но со самото тоа го правиш твојот тим просечен.
 
dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
43.399
Поени од реакции
85.350
Богатството на сопствениците и алчноста на екипите.
Од кога дојдоа богатите сопственици во фудбалот сите останати екипи со таленти во своите редови се полакомија.
 
коментатор

Пингвин
Член од
25 февруари 2010
Мислења
3.546
Поени од реакции
9.457
До неодамна само 3-4 клубови можеа да си дозволат толкави суми за трансфер. Потоа дојдоа Челзи, Анжи, Манчестер Сити., ПСЖ, Малага кои фрлаат пари за играчи. Богаташите се расфрлаат со пари очекувајќи инстант успех, и да достигнат ниво на тимови со 100 и + години традиција и успех. Фрлаат толку пари за еден играч колку да кажат ете ги победивме и им го земавме играчот од под нос на (Манчестер Јун, Арсенал, Јуве, Баерн,Барса...)

Нормално помалите клубови кога ке видат дека имаат дијамант во составот ке го изрекламираат малку, ке му ја напумпаат цената и ке ги остават горенаведените клубови да се на наддаваат меќу себе и ке стигне до огромна сума.
 
Ѓорче 1932

тој сум...
Член од
17 февруари 2009
Мислења
13.564
Поени од реакции
11.576
Од моја гледна точка,додека не се уфрлија шеиците во светот на фудбалот,трансферите се трпеа колку толку.Ретки беа клубовите што можеа да си дозволат играчи како Роналдо,Роберто Карлос,Зидан,Фиго,Редондо,Џоркаеф,Киеза,играчи кој што играа со срце и душа за клубот,парите не им беа во преден план,туку освојувањето трофеи и уживањето во играта.
Влегоа Арапите во Сити,потоа во Малага и на крај во ПСЖ (барем мислам дека по овој редослед беа) и заедно со нивните милиони тие го контролираат светот на фудбалот.Доволно е да пратат понуда до некој рандом клуб за некој нивни рандом играч,секако пренампумпана цена и да прифати одма газдата на клубот без разлика дали играчот сака да оди во тој клуб или не.
Пак ќе пишам порано се играше од љубов и страст за докажување,а денеска се игра за парите.
Ене го пример Пасторе,отиде во ПСЖ и си еба мајката,а можеше да прерасне во играч и пол да отидеше во појака лига и да не леташе по парите.
Исто ќе биде и со Лавеци,со Силва,со Верати ако отиде.
Башка и газдите на клубовите што ги продаваат играчите се алчни за парите,се повеќе и повеќе и тоа игра голема улога.
Порано се почитуваше и желбата на играчот каде сака да ја продолжи кариерата,а денеска тоа не се почитува ни во сон,ако газдата прифати понуда од шеиците,идеш таму и оро ќе тераш без разлика дали тоа ќе му уништи кариера или не.

Еве,најсвеж пример е Лукас.
Интер и Јунајтед се заинтересирани за него,се борат за него да го доведат,ама газдата глуми лудница,ги чека арапите од Сити или ПСЖ да му искешираат на маса 40 милиони евра и да си го земат.
Да не беа арапите,до сега ќе преминеше или таму или таму.
Играчот според она што го имам прочитано до сега,го преферира Интер ама газдата си го има преценето играчот и не се трга од првичната цена.
Не дека толку вреди,туку дека мисли,очекува,сака да дојдат арапите со бланко чековите.

Значи да резимираме,фудбалот е отиден во курац најкратко кажано.
 
Член од
5 септември 2009
Мислења
3.528
Поени од реакции
619
До неодамна само 3-4 клубови можеа да си дозволат толкави суми за трансфер. Потоа дојдоа Челзи, Анжи, Манчестер Сити., ПСЖ, Малага кои фрлаат пари за играчи. Богаташите се расфрлаат со пари очекувајќи инстант успех, и да достигнат ниво на тимови со 100 и + години традиција и успех. Фрлаат толку пари за еден играч колку да кажат ете ги победивме и им го земавме играчот од под нос на (Манчестер Јун, Арсенал, Јуве, Баерн,Барса...)

Нормално помалите клубови кога ке видат дека имаат дијамант во составот ке го изрекламираат малку, ке му ја напумпаат цената и ке ги остават горенаведените клубови да се на наддаваат меќу себе и ке стигне до огромна сума.
Што го мешкаш у исто место Челси со Анжи бе па Челси ги има млатено тие гиганти и пред да дојде богат газда да има повише трофеи ама и пред тоа бил незгоден незнам што сте се фатиле за Челси само
 
Г

Грејвдигер

Гостин
Башка и газдите на клубовите што ги продаваат играчите се алчни за парите,се повеќе и повеќе и тоа игра голема улога.
Порано се почитуваше и желбата на играчот каде сака да ја продолжи кариерата,а денеска тоа не се почитува ни во сон,ако газдата прифати понуда од шеиците,идеш таму и оро ќе тераш без разлика дали тоа ќе му уништи кариера или не.
Нормално дека ќе гледа за која поголема сума да го шитне, бизнис јбг. :) И ти да си сопственик на клуб и ти ќе гледаш што е можно повеќе да заработиш. Ќе шитнеш еден супер играч за огромна сума, а за тие пари ќе земеш двајца добри или некои млади таленти кои ќе си ја вршат како што треба, посбено ако се работи за некоја послаба лига... и после и тие ќе ги шитне, и се така во круг.
 
Ѓорче 1932

тој сум...
Член од
17 февруари 2009
Мислења
13.564
Поени од реакции
11.576
Нормално дека ќе гледа за која поголема сума да го шитне, бизнис јбг. :) И ти да си сопственик на клуб и ти ќе гледаш што е можно повеќе да заработиш. Ќе шитнеш еден супер играч за огромна сума, а за тие пари ќе земеш двајца добри или некои млади таленти кои ќе си ја вршат како што треба, посбено ако се работи за некоја послаба лига... и после и тие ќе ги шитне, и се така во круг.
А желбата на играчот кој ја ебе,м ? :)
Пак ќе го земам Лукас,во првиот пост пишав дека го преферира Интер,Бранка (да му ебам мајката) понуди според мене реална сума за Лукас.Газдата ја одби без размислување,агентот на Лукас и самиот Лукас се разочарани од таа одлука.
Понуди и Јунајтед нешто поголема сума од онаа на Интер,газдата повторно одби.
Што се замислува тој бе,дека Лукас може да го шитне за 80 милиони евра (толку му била наводно клаузулата).
Рецимо ќе го продаде на Сити за 40 милиони евра,а Лукас не сака таму да игра и што правиме ?
Наредна сезона ќе мора да го продаде за кило сончоглед у некоја вукојебина у Казахстан.
Со парите од Лукас нема да земе ниту еден играч,никој не би сакал да го држи играчот некој бескрупулозен лудак алчен за пари и да го праќа да игра онаму каде што ни тој не би помислил,а камоли да посака.
 
Г

Грејвдигер

Гостин
А желбата на играчот кој ја ебе,м ? :)
За жал се повеќе и повеќе е така.
И мора да се воведе салари кап, пошто цените уште ќе им се дигаат, а шеиците без проблем ќе се расфрлаат.
 
acetetovo

Македонец!
Член од
1 мај 2007
Мислења
4.002
Поени од реакции
2.375
Фудбалов веќе десетина години наназад ита кон својата катастрофа. Ова сепак е проблем но вистинската катастрофа следи во наредниве години, ФИФА има проблеми со корупција во која највисоките тела се вмешани а претседателот знае веќе 20-тина години и не превзема ништо! Кај и да е ќе одат на суд, па тек после ќе видиме каков модел ќе биде фудбалот!
 
Vetrence

...believe in yourself! :)
Член од
2 јули 2007
Мислења
7.469
Поени од реакции
676
НБА РУЛЗ му е мајката
 
Член од
27 јуни 2008
Мислења
9.024
Поени од реакции
5.947
А желбата на играчот кој ја ебе,м ? :)
Играчот наводно ќе има желба да игра за тој тим но ако улета некој договор чија што плата ќе биде 2м повеќе од претходната таа негова желба секундарно ќе исчезне.Еве дур сме кај Лукас...Тој изјавил дека сака да игра за Интер но ако утре чкљ тим како Анжи му понуди поголема плата за 2-3м одма ќе го измени мислењето и ќе каже како Анжи е добар клуб,како ќе играл заедно со Ето,како они имале амбиции за освојување на ЛШ и слични глупости.Можеби грешам но во денешно време не верувам дека ќе се најде играч што љубовта кон клубот би ја ставил пред милионите од шеиците.
 
Па ако сака да си ја уништи кариерата како Пасторе во ПСЖ,нека оди што да ти кажам,мада не верувам дека би направил така Лукас.
Сега некој можеби ќе ме цитира со пост од типот дека Пасторе не си ја уништил кариерата во Франција...а како што го бараше пола Европа,до сега ќе имаше и пари и титули,а сега само пари има.
 
Циган од Бразил што би рекол Марли кога ќе види малце повеќе пари нема многу многу да му ја мисли.Тој и да не е таков газдата негов нема теоретски шанси да го пушти за сума под 30м па тој сакал или не ќе игра за тим каде што сопствениците се нафташи.Инаку не е само Пасторе играч што од коњ паднал на магаре.Очекувам истото да биде со сите оние што ќе отидат од поголем во помал клуб само за пари.Некој ќе рече сега дека ќе направат страшен тим и тоа ќе биде точно но тим составен само од ѕвезди не е тим за мене.Кога ќе почнат овие ‘‘ѕвездиве‘‘ на ПСЖ да себичат...па па па ... уште Ибра ќе им фали.:icon_lol:
 
Kajgana Shop

На врв Bottom