Фрижидер

  • Креатор на темата Deleted member 19276
  • Време на започнување
D

Deleted member 19276

Гостин
Незнаев каде па ја отворив тука темата.

Значи вака
Имам комбиниран фрижидер во комората лади многу достигнува до -25 степени а доле во долниот дел лади многу малку мењато е и 2 термостата и нов мотор значи од кога е сменет моторот работеше добро после почна ова па сменија термостат пак ништо после пак термостат и ништо веќе што да му се прави кажете ?
 
Член од
12 август 2011
Мислења
3.829
Поени од реакции
2.031
Мислам дека станува збор за запушена инсталација во комората каде што помалку лади. Доколку при промена на моторот не ја издувале целата инсталација со азот, треба тоа да се направи и ситуацијата ќе биде решена.
 
D

Deleted member 19276

Гостин
Мислам дека станува збор за запушена инсталација во комората каде што помалку лади. Доколку при промена на моторот не ја издувале целата инсталација со азот, треба тоа да се направи и ситуацијата ќе биде решена.
СЕкогаш кога се мењава мотор фреонот кој што е во инсталацијата се испушта и се полни одново и инсталацијата е чиста проверена .
 
Член од
12 август 2011
Мислења
3.829
Поени од реакции
2.031
СЕкогаш кога се мењава мотор фреонот кој што е во инсталацијата се испушта и се полни одново и инсталацијата е чиста проверена .
Да со фреон. Но чистење на инсталација се прави со азот. Тој ги собира сите можни прљавштини и влага. Повторно се полни со фреон. Само после продувување со азот може да се каже дека инсталацијата е чиста, друг начин нема како да се провери.
 
Ти да не си некој мајстор или познаваш некој ?
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.918
Поени од реакции
41.884
Јас имав ваков проблем сменив термостат 800 ден беше, но после ми рекоа не термостатот ти бил исправен до моторот било а тоа е 5000 ден + 1000 ден работна рака и се откажав си купив нов за 14.000 ден на 5-6 рати и мирна глава.
Ај тоа термостатот е ефтино и може да се смени но кога ќе ти каже дека е моторот тоа ти е пола нов фрижидер.

Има добри мајстори ама не се искрени. Кога ќе дојдат обавезно уште не го погледнале фрижидерот ќе ти кажат дека е до моторот или термостатот и дека морало да се купи од него бидејќи само он со тие работел, нормално за он да ги земе парите иако знае дека тоа не е проблемот.
Во никој случај нема да ти каже дека треба да се прочисти инсталацијата или нешто друго.
Мене вака 3-4 мајстори ме зафркаваа и тоа во градот важат за едни од најдобрите и најбараните па и последниот пат намерно ми ја пресекол жицата од моторот. :mad:
Инаку колку пари е ова прочистувањето со азот и кој е тај мајстор што дирекно тоа ќе ти го каже без претходно да те лаже дека е до нешто друго?
 
Член од
12 август 2011
Мислења
3.829
Поени од реакции
2.031
За да се исчисти инсталацијата со азот, треба да се извади моторот. Нормално има мајстори што сакаат повеќе да ќарат па го вадат моторот, ја чистат инсталацијата (веќе е завршена работата) па ставаат нов мотор. На овој начин сигурно ќе работи фрижидерот беспрекорно, но кошта повеќе. Со ваква постапка мајсторот може да даде гаранција. Само со чистење не може да има гаранција (нормално и помалку пари), затоа што може да има останато билокаков матерјал во моторот што ќе затне некој капилар повторно.
 
Mark Renton

I live by the tune, I die by the book
Член од
12 ноември 2009
Мислења
5.374
Поени од реакции
4.915
Продавам фрижидер, пресно краден од камп во Градиште.
 
Fringe

Скитник низ паралелни светови
Член од
24 септември 2011
Мислења
7.898
Поени од реакции
3.006
Мислам дека станува збор за запушена инсталација во комората каде што помалку лади. Доколку при промена на моторот не ја издувале целата инсталација со азот, треба тоа да се направи и ситуацијата ќе биде решена.
Од што ќе се запуши инсталацијата
--- надополнето: 15 јули 2012 во 14:21 ---
СЕкогаш кога се мењава мотор фреонот кој што е во инсталацијата се испушта и се полни одново и инсталацијата е чиста проверена .
Прво се мери притисокот со манометри колку има фреон и се дотура толку колку што фали ако фали.
Ретко истекува фреонот,бидејќи мотророт е херметички затворен,тоа може да се случи само на стар (15-20 години ) фрижидер.
Најтрагично е што мајсторите во повеќе случаи крадат и наплатуваат целосно полнење фреон а допололниле само 200-300 грама.
--- надополнето: 15 јули 2012 во 14:24 ---
За да се исчисти инсталацијата со азот, треба да се извади моторот. Нормално има мајстори што сакаат повеќе да ќарат па го вадат моторот, ја чистат инсталацијата (веќе е завршена работата) па ставаат нов мотор. На овој начин сигурно ќе работи фрижидерот беспрекорно, но кошта повеќе. Со ваква постапка мајсторот може да даде гаранција. Само со чистење не може да има гаранција (нормално и помалку пари), затоа што може да има останато билокаков матерјал во моторот што ќе затне некој капилар повторно.
Внатре во цефките не може да се насобере ѓубре,тоа излегува надвор бидејќи фреонот е под притисок
 
Член од
12 август 2011
Мислења
3.829
Поени од реакции
2.031
Од што ќе се запуши инсталацијата
Ако се менува мотор, може влага да влезе, прашина и да не покаже одма. Исто така може доколку е пренесуван во легната положба да влезе прљаво уле од компресорот во капиларите.
Тука има и ептен стручни мајстори, што ако сака да наштети ставаат киселина во инсталацијата па покажува после неколку месеци затната инсталација која тешко може да се исчисти.
 
Fringe

Скитник низ паралелни светови
Член од
24 септември 2011
Мислења
7.898
Поени од реакции
3.006
Ако се менува мотор, може влага да влезе, прашина и да не покаже одма. Исто така може доколку е пренесуван во легната положба да влезе прљаво уле од компресорот во капиларите.
Тука има и ептен стручни мајстори, што ако сака да наштети ставаат киселина во инсталацијата па покажува после неколку месеци затната инсталација која тешко може да се исчисти.
Зошто уље кога самиот фреонт е мрсен
 
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.832
Поени од реакции
2.923
Кога сме веќе за фрижидери за да не морам да отварам нова тема,е сега татко ми и мајка ми ме праша кое марка е најдобар фрижидер да се купи бидејќи знаат дека се разбирам за избори за ТВ-ја,компјутери, смартфони и слично ама за фрижидер појма нема само знам дека квалитетот на последните модели фрижидери не е баш на ниво како што беа порано сепак има ли некој што знае од прва рака кое е квалитетен фрижидер и дали се задоволни пред се помалку бучава,помалку штеди струја,квалитетна изработка за постава(постоље) ,добро ладење и се друго???
 
Kajgana Shop

На врв Bottom