(НЕХУМАНА АKЦИЈА): За донирани 100 денари, 21 денар стигнуваат до посочениот краен корисник

Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.320
Поени од реакции
15.574
Еднаш купив и јас од вакви, боенка, еднаш...
 
H

HITCH

Гостин
Ако сакате да помогнете тоа никако не можете да го направите со кеш. Купете нешто и однесете им го на децата на кои им треба помош. Последно нешто што направив е: купив 10 радија будилници и ги раздадов на дечиња згрижени во фамилии. Вака знаете дека помошта сигурно завршува на вистинско место и дека ќе бидат користени, а воспитачките или некои други вработени нема да им ги земат. Нема да посочам во кој дом за дечиња воспитачките и другите вработени ги собираат новите алишта и си ги делат меѓусебе, а она што не им се бендисува им го даваат на дечињата. Два - три пати се расправав со вработените, ама после сфатив дека им правам беља на дечињата и баталив. Кај нас службите за социална заштита не функционираат во полза на загрозените. Министерството воопшто не го ни спомнувам, не можете да замислите кој калабалак е прособран таму.
 
O

Orion.

Единствен начин идиотиве да го изгубат статусот вработени е да се привлече медиумско внимание...
 
H

HITCH

Гостин
Единствен начин идиотиве да го изгубат статусот вработени е да се привлече медиумско внимание...
Таа багра таму е добро уиграна, никој не може да ја раздрма, НИКОЈ!
 
Член од
25 февруари 2010
Мислења
1.158
Поени од реакции
879
Во Охрид имаше еден што оставаше по масата пораки глувонем сум помогнете и после некое време иде и ги собира. И таман се врти од масава наша да си оди, другаров му вика почекај еве ти. И овој се сврте :)
Се разбира не му даде пари, туку му се „отвори“ пред цела кафана.
hehe, maltene ista slucka, posle svrtuvanjeto za zaminuvanje, mu frlame moneta na plocki i toj instiktivno se zavrtuva-bara kade e monetata, abe vaka si gluv majcin? :)
 
LaChupacabraLoca

jedi master
Член од
13 октомври 2011
Мислења
3.531
Поени од реакции
5.063
Таа багра таму е добро уиграна, никој не може да ја раздрма, НИКОЈ!
Како не никој не може .. не сте свесни која моќ ја поседува народот !! За нивна среќа у Македонија народо е прилично глуп и обично се раѓа со скршена кичма ...
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.769
Поени од реакции
8.793
Исто ти се фаќа, кога уплаќаш 100 денари во банка тогаш банката ќе ти земе 20-30 денари провизија. Така да од 130 дадени, кај корисникот стигаат 100 денари.
Во најмала рака, сигурен си. Инаку мислам дека не земаат толку голема провизија на 100 денари, многу е помала, но не сум сигурна.
 
Член од
25 септември 2011
Мислења
6.448
Поени од реакции
18.283
Многу злоупотреби се прават со ова. Не само со овие честитки туку и со оние кои од врата на врата доаѓаат и покажуваат документи како некој е болен или пак бараат донации за цркви. Најдобро на жиро сметка на некој кој му треба навистина помош, се друго е манипулација и собирање профит без срам.
 
P

Princ

Гостин
Во најмала рака, сигурен си. Инаку мислам дека не земаат толку голема провизија на 100 денари, многу е помала, но не сум сигурна.
Околу 20-30 денари е банкарската провизија по налог... до кај 10.000 мислам, после има друга тарифа, па трета...
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.769
Поени од реакции
8.793
Околу 20-30 денари е банкарската провизија по налог... до кај 10.000 мислам, после има друга тарифа, па трета...
Реков не знам, не сум сигурна.
Значи најдобро, собирање во кутија па предавање на крајниот корисник.
Не можам да разберам како може некој да заработува во хуманитарна акција, страшно.
 
LaChupacabraLoca

jedi master
Член од
13 октомври 2011
Мислења
3.531
Поени од реакции
5.063
Реков не знам, не сум сигурна.
Значи најдобро, собирање во кутија па предавање на крајниот корисник.
Не можам да разберам како може некој да заработува во хуманитарна акција, страшно.
На истио начин на кој тобако индистријата се богате , на кој фармацевските компании ги пунат џебовите со лекови за лажни болести или продават терапија за болести за кои има лек ( рак ) итн .. its a fucked up world ..
 
H

HITCH

Гостин
Реков не знам, не сум сигурна.
Значи најдобро, собирање во кутија па предавање на крајниот корисник.
Не можам да разберам како може некој да заработува во хуманитарна акција, страшно.
Ехеее, со кутиите кои дубари ги прават... Од каде знаеш кој колку донирал? Законите кои се за социалата се за никаде, направени се токму за проневери. Само ако сам си ја организираш хуманитарната акција може да бидеш сигурен/а дека нема проневери, колку повеќе луѓе толку поголем сомнеж. Не е секој човек на тоа место за да помогне, а не можеш да ги допазиш сите.
Ај, да не разбивам повеќе филмови. Тешко на оној кој му е потребна помош. Жално е што ранливите категории, без оглед на која етничка заедница и припаѓаат, никој не ги есапи. Социална помош делат онаму кај што не треба. Дечките кои си играат политичари, се` едно од која партија се, немаат никаков став за сиромаштијата и за болните, туку ги гледаат како најдобар извор за да соберат неколку милиони евра за кусо време. За министри се поставуваат луѓе кои немаат поим од состојбата на терен, а немаат ни поим што да прашаат за да се подобри ситуацијата. Доволно е да ја погледнете состојбата со болните и со цените и распределбата на лекови и социалната помош и ќе ви стане јасно за се`.

Погледнете само какво CV има министеров Спиро Ристовски пред да стане миистер за труд и социала, или пак претходните министри... :tapp:

Спиро Ристовски стапи на функцијата Mинистер за труд и социјална политика на 28 јули 2011 година.
Роден е на 6 јули 1981 година во Скопје.
ПРОФЕСИОНАЛНО ИСКУСТВО
2011
Министер за труд и социјална политика.
2008
Заменик-министер за труд и социјална политика.
2007-2008
Заменик-директор на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување-МАПАС.
2005-2006
Правник во приватен сектор.
ОБРАЗОВАНИЕ
2005
Дипломиран правник, Факултетот за правни студии „Јустинијан Први“, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје.
Што знае овој???
 
Limbo

maybe an alien
Член од
26 декември 2007
Мислења
835
Поени од реакции
1.471
Еднаш се шетаа по куќи 2-3ца беа собираа пари, демек за иста цел, болно дете мислам дека или нз што. Кога случајно возејќи се со точак случајно гледам сите се качија во една кола насмеани до уши, оддалеку се гледаше колку беа задоволни. кога ми дојде една лутина :mad:
 
Член од
17 јануари 2009
Мислења
2.814
Поени од реакции
4.666
Ги искористуваат и ги злоупотребуваат нашите емоции и нашата совест. Си велите ајде да не испаднеме бесчувствителни ѓубриња и да помогнеме. 100, 50 или помалку денари не се преголеми пари (за кога како) па и да не излажат нема да изгубиме којзнае колку. А тој/таа ќе помине денес низ 100 куќи, со згужвано парче хартија со заматен текст и печат, со замрсено оправдување дека бара пари за многу болно дете на кое му треба помош и можеби на тој начин ќе извади дневница/две.
Ова со картички, боенки и сл. е уште поперфидно, си мисли човек дека зад нив стои некаква НВО или слична институција со хумана цел, па не би требало да има злоупотреби. Еднаш имам купено нешто како честитка за 100 или за 150 денари не се сеќавам. Не верувам дека ќе купам нешто слично пак.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom