Фан Клуб: ФК Металург

  • Креатор на темата Креатор на темата bowl
  • Време на започнување Време на започнување
готово оваа година ние сме шампиони најачи смо :)со Љупче комшиава шо ми е ќе навиваме хаха:)
 
Металург го смени Жикица Тасевски, нов тренер Ѓорѓи Христов

Раководството на фудбалскиот клуб Металург денеска спогодбено се раздели со досегашниот тренер Жикица Тасевски, а за нов тренер е поставен Ѓорѓи Христов. Тој во наредните денови ќе го комплетира стручниот штаб со кој ќе работи во клубот, а Металург и понатаму останува во трката за шампионската титула.

Малата резултатска криза или поточно еден чекор заостанување зад Вардар во трката за шампионската титула, како и елиминацијата од Купот на Македонија, најверојатно беа причините за разделба меѓу Металург и Жикица Тасевски. Сепак, не треба да се заборави дека Металург токму под раководство на овој млад стратег ги направи најголемите успеси во клупската историја и го освои трофејот во Купот минатата сезона.

„Се разделивме на најдобар можен начин. И двете страни имаа свои причини и по средбата со претседателот Ацо Панов, се договоривме да отстапам од местото шеф на стручен штаб“, потврди досегашниот тренер на Металург, Жикица Тасевски.

Нов кормилар на „металурзите“ ќе биде Ѓорѓи Христов, прославеното име на македонскиот фудбал, кој на клупата најверојатно ќе дебитира на дербито со Вардар во наредното коло, по паузата што следи поради настапите на националниот тим.

Металург од утре заминува на мини подготовки во Негорски Бањи. Тоа е можеби еден вид шок-терапија за тимот, по двата нерешени резултати во серија (еден од нив со Работнички во Купот и елиминација на пенали).

http://ekipa.mk/News.aspx?newsId=1214
 
E па нема сигурно 100 шанси да му даваат на него !!! Тој уште лани на полусезона требаше да лета ама ете остана !!! Прашање на време беше кога ќе го избркаат, киксов беше само точка !!!
 
Променава се знаеше година дена уназад,само прашање на време беше кога ке дојде до неа.Христов е форсиран за тренер на првиот тим од самото доаѓање во Металург (го тренираше пионерскиот и младинскиот тим претходно).
 
Променава се знаеше година дена уназад,само прашање на време беше кога ке дојде до неа.Христов е форсиран за тренер на првиот тим од самото доаѓање во Металург (го тренираше пионерскиот и младинскиот тим претходно).
Koj ќе ги тренира младинците на негово место ???
 
Металург според најновата ранг листа на Интернационалната фудбалска федерација за статистика и историја (IFHHS) за месец октомври се наоѓа на делба на 334 место (67,5 бода), забележа пад од 17 позиции. Позицијата ја дели уште со Депортиво Кали (Колумбија), Хараре (Зимбабве) и Гуарани Асунсион (Парагвај).
Еве линк доколку сакате да ја видите првите десет најдобри на светот на најновата ранг листа за месец октомври според IFHHS.
http://www.iffhs.de/?10f42e00fa2d17f73702fa3016e23c17f7370eff3702bb1c2bbb6f28f53512
 
Александар Васовски, довчерашниот стандарден репрезентативец и фудбалер со завидно интернационално искуство, поради хронична повреда мораше предвремено да ја заврши играчката кариера. По повлекувањето од зелените терени, популарниот Тетовче се врати во клубот во кој ги правеше фудбалски чекори.
Дојде во Металург и веднаш се вклучи во работата со младите категории. Сега е координатор на младинската школа и главен тренер на младинците. Токму со младинците, кои ги наследи во финишот на есенската сезона, Васовски се одржа на самиот врв на табелата, каде што го дели првото место со Работнички.
- Огромно задоволство е да се работи со младите категории, да се создаваат нови фудбалери кои ќе го наследат дресот на сегашните првотимци, но и ќе станат идни репрезентативци, кои ќе градат интернационална кариера. Се разбира, паралелно со работата со најмладите ќе се потрудам да се здобијам со соодветните тренерски звања, па за таа цел веќе ја почнав процедурата за добивање тренерска Б лиценца, ни изјави Васовски. извор
 
ФУДБАЛ ВТОРОПЛАСИРАНИОТ МЕТАЛУРГ ВО ПОТРАГА ПО ЗАСИЛУВАЊА ВО НАПАДОТ


Алтипармаковски и Несторски новогодишна желба на „Железарница“

Младинските репрезентативци кои имаат интернационална кариера во Грција и Чешка во редовите на Металург би пристигнале како позајмени играчи со кои би се атакувало на првата позиција

Второпласираниот фудбалски тим по есенскиот дел од сезоната во македонското прволигашко друштво Металург заврши со празнувањето. Стручниот штаб и раководството преостанатите денови до почетокот на подготовките ги користат да ги направат планови за пролетниот дел. Почетокот на подготовките закажани за 11 јануари. Металург по есенскиот дел се раздели со Марко Kостенцовски и Музафер Ејупи. На обајцата им завршија договорите и истите не им беа обновени. Неизвесна е натамошната соработката со првиот стрелец во тимот Баже Илијоски има постигнато 10 од вкупно 29 есенски првенствени голови. Тој чека понуда повторно да замине на печалба.

Рокадата во напаѓачкиот ред „металурзите“ сакаат да ја направат со ангажирање двајца младински репрезентативци на Македонија од тимот до 21 година. Двајцата имаат интернационално искуство, Марјан Алтипармаковски настапува во Грција за Kсанти и Илија Нестороски во Чешка за Словачко. Со оглед дека двајцата имаат договорни обврски кон своите екипи, Металург е расположен да ги добие нивните услуги времено со заем. За да се реализира оваа новогодишна желба на тимот од Железарница, потребна е согласност од трите страни. Нестороски беше позајмен во Викторија Жижков каде што му заврши заемот, па треба да разговара со Словачко за нова отстапница.

- Засега имаме прекомандувано само 5 младинци во сениорскиот тим. Не можам однапред да кажам кого ќе ангажираме. Сакаме да го подмладуваме тимот, но нашите амбиции остануваа исти, да се тркаме со Вардар за првата позиција - вели Ѓорѓи Христов, тренерот на Металург.

Актуелниот победник во Kупот пролетва нема да го брани трофејот, но затоа пак низ првенството ќе се обиде да си обезбеди европски настап на крајот од сезоната. За таа цел Христов екипата ќе ја подготвува на домашната сцена. По воведните тренинзи во Скопје, експедицијата на „металурзите“ ќе се пресели во Негорци и Охрид, каде што треба да одигра и неколку контролни натпревари.

- Остануваме да ја темпираме формата на домашната сцена. Ќе работиме и ќе играме во услови какви што ќе го играме и првенството - вели Христов.

По есенскиот дел во кој беа одиграни 18 кола од трикружниот натпреварувачки циклус, Металург зад лидерот Вардар заостанува пет бода.

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=24D883BE8123DE40A8C1566B7A178F40
 
1 квалификациско коло Лига Европа
Биркиркара (Малта)-Металург 2:2
Металург-Биркиркара 0:0
(y)
 
Ајде сега и во Полска едно реми со голови :)
 
Ајде сега и во Полска едно реми со голови :)
Да бидеме реални. На Рух во Полска му кидна титулата за 1 бод се јадеа со Сласк и Легија до крај. Најстандардна екипа во Полска минатата сезона каде со просек играчи направија чудо а прехлани беа во долниот дел. Рух е еден од најуспешните екипи во Полска со 14 титули првак и 3 титули во Купот. Металург ќе го направат г'з у Полска ... Дај боже да грешам !
ruch_chorzow.jpg
 
Да бидеме реални. На Рух во Полска му кидна титулата за 1 бод се јадеа со Сласк и Легија до крај. Најстандардна екипа во Полска минатата сезона каде со просек играчи направија чудо а прехлани беа во долниот дел. Рух е еден од најуспешните екипи во Полска со 14 титули првак и 3 титули во Купот. Металург ќе го направат г'з у Полска ... Дај боже да грешам !
Прегледај го приврзокот 46160

Тренерот со кои завршија на 2-то место во Полска стана селектор на полската репрезентација. Нивниот капитен се пресели во шампионот Сласк Вроцлав. Нема да биде убедлива победа на Рух со Металург, биди сигурен, ќе се мачат многу и со малку среќа може Металург да ги исфрли.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom