Дали во Прилеп, градот на револуцијата, се спрема нова револуција?

Стефус-Рефус

Jesus Loves Macedonia
Член од
30 август 2009
Мислења
3.452
Поени од реакции
1.210
шо е бе за витаминка 30.000 евра.
директорот на пат да му паднат нема да се наведни да ги земи.
витаминка не е некоја сендвичара ебагоо.
за мерењето друг беше муабетот ама пошто не ти беше тебе наменет немам ни намера да ти објаснувам.
Eбаго мора да се збираат пари за субвенции за тутунари и Бронзени Лавови.
 

baksterski

Националист тип 500
Член од
22 февруари 2010
Мислења
431
Поени од реакции
277
Нека одат во Тетово, Гостивар, Струга... Таму сите си работаат, дури и фискални апарати немаат. Државава има удрено само по чесниот Македонец. И што е ова со казниве бе?! Како може да се удри казна на некое дуќанче од 2-3000 евра?! Па тоа не прави профит толку за неколку месеца. Или на некој занаетчија.... Срамота, нож до коска дојде веќе :mad: Си играме држава.
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.286
Поени од реакции
26.168
Јас би сакал, ама колку и да се татари, не даваат за една недела пасоши, подолго ќе почекаш.
Ќе дадат, ако нагласат таму дека им е за кревање на револуција. Бугарија секогаш ги поддржувала револуциите во Македонија. Може ќе помогнат и со пушки со несоодветна муниција и ќе дозволат отворање на задграничен комитет во Софија. После тоа подготовките за револуцијата ќе бидат комплетни.
 

SuicideMessiah

Советник
Член од
7 јули 2008
Мислења
5.564
Поени од реакции
286
Нека одат во Тетово, Гостивар, Струга... .
И јас тврдам дека треба да одат ама ќе му се налутат другарчињата на воне од УЧК и Зајас.Плус тоа замислете во Тетово,Гостивар и Струга на некој албанец да му роварат пари по џебови и фиоки.
 
F

fantomX

Гостин
Ќе дадат, ако нагласат таму дека им е за кревање на револуција. Бугарија секогаш ги поддржувала револуциите во Македонија. Може ќе помогнат и со пушки со несоодветна муниција и ќе дозволат отворање на задграничен комитет во Софија. После тоа подготовките за револуцијата ќе бидат комплетни.
Ма ќе дадат и само да покажам дека мој дедо, прадедо, шодае, некогаш учел кај бугари ко окупирале овде (т.е. не дека сакал, така морало). Да знаеле дедо ми и прадедо ми, двајцата покојни, дека потомците ќе доживеат и македонска окупација (секако, со софистицирани и современи (економски) методи), одамна ќе се исселеле. Ама верувале во ова парче земја, исто како и татко ми. Изгледа јас ќе бидам тој никаквиот и предавник, кој мислејќи со главата заклучил дека не сака да живее во Рамковна Република.
 
Член од
16 септември 2007
Мислења
1.486
Поени од реакции
338
Па според законот од фискализација ослободени се (доколку сакаат... ама затоа плаќаат паушал) адвокатите, пазарџиите и самостојните занаетчии.

Ако колку е смешен паушалот..тие си знаат... уствари се иде по системот..кој како си ја нареди.
Nesposobna drzava neli trebase da im stavat fiskalni na pazarite sto bidna se pobunija i ja manaa taa rabota demek ce imat fiskalni koga Mk ce vleze vo EU t.e nikogas ....
 
Член од
28 мај 2008
Мислења
3.231
Поени од реакции
4.103
Прилепчанецот Цане Костадиноски е повратник од Австралија, којшто планира наскоро да го продаде својот имот и повторно да се врати во Сиднеј или Мелбурн, зашто вели во Македонија нема услови ниту за бизнис, ниту за живот на неговото 4-члено семејство.

Заминал од родниот Прилеп пред 15 години со намера да заработи и еден ден повторно да се врати и целата своја заработувачка да ја инвестира овде. Пред 7 години го остварил сонот. Купил куќа во Прилеп, ги вложил заработените 300.000 долари и отвори свој семеен бизнис. Но, само по една ипол година се разочарал и бил принуден дуќаните да ги затвори.
​​
„Желбата беше преголема и немаше ден да не помислиме за Македонија, посебно за нашиот град Прилеп и секоја недела се јавував во чаршијата кајшто имав дуќанџии, пријатели, колеги да прашам како е животот, што има новитети. Меѓутоа сето тоа било залудно, си дојдовме, само младоста ја оставивме во странство, додека за старост си дојдовме овде, а услови немаме никакви.“

Костадиноски се жали на несоодветниот третман на државата. Вели дека во Македонија само се бараат парите на иселениците, но државата нема слух за нивните потреби. И кога ќе отворат бизнис и ќе го вработат своето семејство, но ќе ангажираат и други невработени лица, наместо стимул за напредок, државата на секој начин го кочи економскиот развој и подготвеноста за инвестирање.

„Се вратив со визија, бидејќи јас младоста ја поминав во странство, на децата да им отвориме бизнис, меѓутоа не можеме да опстоиме, зашто има големи давачки кон државата и зачестени контроли коишто, никогаш во чаршијата јас од детството не памтам, толку дуќани да има затворани, казнувани од УЈП и дуќанџии незадоволни.“

Најболно, вели Костадиноски, е што во Македонија нема услови да им се обезбеди пристоен живот на младите. Иако неговиот син е магистер, а снаата дипломиран филолог, по затворање на бизнисот, работа немаат.

„Меѓутоа државата не сака само да ги донесеме парите, за блиските си ги оставаат местата околу нив, значи нас како повратници апсолутно не не ценат и покрај тоа што децата ни се пример за градот, за општеството, образовен кадар којшто завршил факултети“, револтирано ја раскажува својата приказна овој иселеник.

Тој сериозно размислува да се врати во Австралија, зашто вели тоа е земја каде што функционира системот, каде што секој вреден човек може да работи и да заработи, секако почитувајќи ги законските регулативи. Но, и во остварување на оваа намера Костадиноски има проблем.

„И сега планирам да се враќам назад, но и тоа што го вложив овде, нема на кого да му го продадеме, бидејќи ваква беда и сиромаштија досега немам видено и покрај тоа што 8 пати го имам свртено светот.“

Костадиноски им препорачува на сите Македонци кои имаат намера како него да се вратат во родната земја, да не го прават тоа. Вели тој нека биде пример, дека во Македонија можеш само да ги загубиш со пот заработените пари во туѓа земја. Вели ако остане овде и ако и натаму државата продолжи со истата политика на одмагање на инвеститорите, сите ќе го иселат својот капитал, а граѓаните ќе бидат доведени до питачки стап.

извор
 
Член од
21 октомври 2009
Мислења
1.533
Поени од реакции
2.411
Претседателот на прилепското здружение на малостопанственци Влатко Ристески бил изложен по закани врз неговиот живот за кои ја известил полицијата

и вели дека нема да го поколебаат во настојувањата да се избори за правата на малите трговци, особено за намалување на драконските казни

- Закана по живот пренесена преку мојот малолетен 16-годишен син. Двајца келави батиња дошле да му кажат дека татко му ќе биде отепан ако продолжи со оваа работа. Две возила беа мерцедеси бел и црн.

Пријавата е процесуирана во полиција. Тука е замешано и лице полицаец врз кое исто така имаше закани по живот врз неговото семејство затоа што ни помагал многу. Очекувам во најбрзо време да се реши случајот. Јас тврдам дека останувам на оваа работа, одиме натаму и имаме огромна подршка.

Прилепското здружение добива подршка од останатите градови, имало формирано иницијативни одбори во Кичево, Македонски Брод, Тетово и Гостивар и велат дека во понеделник ќе го достават предлог законот за намалување на казните до Собранието на РМ, ако не биде прифатен потврдуваат дека ќе следат масовни протести:

- Ние нашите протести ќе ги одржиме. Си ги бараме нашите права. Сме во добра соработка со властите и мислам дека Владата ќе ни го реши нашиот проблем. Бараме да не раздеелат од големите.

Не може една фирма со еден или двајца вработени да плаќа 5.000 денари формарина а толку да плаќаат на пример пивара или Макстил.И казните-ако за нас е казната 3.250 евра за нив би требало да биде 325.000 евра.

Се надеваат дека Владата ќе ги прифати нивните барања и сепак нема да дојде до радикализирање на состојбите и масовни протести.
--- надополнето: 13 јули 2012 во 21:29 ---
http://www.kanal77.com.mk/portal/index.php/vesti/crnastrana/zakani-po-zivotot-na-liderot-na-prilepskite-dukandzii.html
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
^Зарем во Македонија некој се заканува и сее паника? Секојдневие, не смееш да размислуваш поинаку од власта.
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
Слушнал некој некогаш нешто да казнат и затворат продажно место на Веро, Тинекс, Тедико, Кам, СП Маркет? Јас не, него секогаш маалското продавниче е тоа што се огрешува законски, како бре нерма пропуст кај овие?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom