Дали девојките сакаат срамежливи дечки?

Дали девојките сакаат страмежливи дечки?

  • Да

    Гласови: 66 26,6%
  • Не

    Гласови: 182 73,4%

  • Вкупно гласачи
    248

fr0zen

Kirigaya Kazuto
Член од
26 септември 2011
Мислења
1.348
Поени од реакции
503
Јас сум срамежлив и пак нејќат девојки срамежливи момци , иаку сум попаметен и поинтелегентен од моите другари во школо и даље
И зошто немам девојка - сум се затворил од домот и не излегувам никаде , пред компјутерот ми е утеха , зборувам така како што не сум зборувал надвор - кој ќе помислат дека сум луд , веројатно сум надвор од нивна лига ( повисока лига сум изгледа )
Очекувам да одам на одмор во Охрид и да ја убијам таа срамежливост и да се сменам малку во љубовен план !
Се се сака , ако се може !
 
karan

бивш поет, плукач, вљубеник во слободата
Член од
31 мај 2006
Мислења
3.595
Поени од реакции
2.719
Мене ме интересира од што се срамите? Несигурни сте, ви е страв да ве одбијат, не се чувствувате добро во своја кожа? Што е тоа што ве тера да се срамите?
(ако може некој добар и срамежлив момак да ми објасни)
Како демек некоја голема филозофија.. Провери што значење има поимот срам.
Со неколку зборови јас би го дефинирал како: Општ недостаток на самодоверба во животот..
Секакви карактери, па и такви кои се чувствуваат покомотно кога се сами или исклучиво во друштво на најблиските луѓе (парадоксот е што не можеш да бидеш близок со некого ако не си способен да се зближиш, па и у однос на љубовта)).
Фак ит, никој свесно не сака да биде срамежлив и повлечен.
 
leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Ами ти си си одговорила сама на прашањето. Ногу несигурност, никој не нејќе да биде одбиен, а особено несигурен човек. Јазико ти се пресечува, не знааш шо да кажеш, дланките почнуват да ти се потат, и ајде напад на паника, и ОП, осеќаш се, и најчесто изгледаш како најголемио абдал на свето.. И коа ќе почнат другарките на момата да ти се потсмеват и покажуват со прст, е дури тогај си фатен како магаре у зелки.
А да пробаш во себе да ги симнеш ниво подоле, наместо да ги доживуваш како да се принцези и на пиедестал. Голем тит ако те одбијат, има и други девојчиња нема ништо трагично ако изедеш корпа. Воопшто не е ни срамота, не им се бендисуваш понатаму има други. Охрабри се со некои зборови (смрдли, курви, габори :icon_lol:) и тргни во напад.
--- надополнето: 14 јули 2012 во 11:08 ---
Како демек некоја голема филозофија.. Провери што значење има поимот срам.
Со неколку зборови јас би го дефинирал како: Општ недостаток на самодоверба во животот..
Секакви карактери, па и такви кои се чувствуваат покомотно кога се сами или исклучиво во друштво на најблиските луѓе (парадоксот е што не можеш да бидеш близок со некого ако не си способен да се зближиш, па и у однос на љубовта)).
Фак ит, никој свесно не сака да биде срамежлив и повлечен.
Епа мора некако да се подигне самодовербата, ако се тргаш секогаш на страна ништо нема да добиеш.
 
L

Luki Junior

Гостин
А да пробаш во себе да ги симнеш ниво подоле, наместо да ги доживуваш како да се принцези и на пиедестал. Голем тит ако те одбијат, има и други девојчиња нема ништо трагично ако изедеш корпа. Воопшто не е ни срамота, не им се бендисуваш понатаму има други. Охрабри се со некои зборови (смрдли, курви, габори :icon_lol:) и тргни во напад.
Јас ти кажувам как беше едно време, сега е ногу подруго... Сите работи шо ми ги кажуваш сам си ги кажувал, бодрил сам се, само шо ги научих по потешкио пат. Секој човек требе сам да си се боре со сопствените демони, страх, срам, итн. Се си мислам тогај да сам бил на сегашнио акл, ного поразично ќе е било.
 
fr0zen

Kirigaya Kazuto
Член од
26 септември 2011
Мислења
1.348
Поени од реакции
503
Леандра , а за мене мислење ?:ROFLMAO:
 
leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Јас сум срамежлив и пак нејќат девојки срамежливи момци , иаку сум попаметен и поинтелегентен од моите другари во школо и даље
И зошто немам девојка - сум се затворил од домот и не излегувам никаде , пред компјутерот ми е утеха , зборувам така како што не сум зборувал надвор - кој ќе помислат дека сум луд , веројатно сум надвор од нивна лига ( повисока лига сум изгледа )
Очекувам да одам на одмор во Охрид и да ја убијам таа срамежливост и да се сменам малку во љубовен план !
Се се сака , ако се може !
Леандра , а за мене мислење ?:ROFLMAO:
Незнам тебе што да те советувам, ти си и онака најпаметен и најинтелегентен и од повисока лига.
 
fr0zen

Kirigaya Kazuto
Член од
26 септември 2011
Мислења
1.348
Поени од реакции
503
Незнам тебе што да те советувам, ти си и онака најпаметен и најинтелегентен и од повисока лига.
Сарказам ?o_O
Во ред , можеби и незнаеш што да кажеш !:cool:
 
TheTrooper

Психијатриски случај
Член од
27 април 2009
Мислења
6.832
Поени од реакции
6.386
Мене ме интересира од што се срамите? Несигурни сте, ви е страв да ве одбијат, не се чувствувате добро во своја кожа? Што е тоа што ве тера да се срамите?
(ако може некој добар и срамежлив момак да ми објасни)
Секако дека срамежливите се несигурни во себе,многу нормално.Тоа е и причината зашто се срамежливи,тоа е и срамежливоста уствари.Уште ако понекогаш испиеш корпа тоа уште толку те прави понесигурен и понесигурен.
Јас лично можеби и не сум баш нешто многу срамежлив,но имам голем проблем да пријдам на некоја,да викнам на кафе,да го превземам тој прв чекор.......
Тешко ми е да се натерам да и пријдам на некоја.Тоа за мене е невозможно.Освен ако не е некој зицер,да знам дека нема шанси да испијам корпа (а тоа ептен ретко се случува), речиси никогаш не се пуштам на некоја.Ич не сакам да го направам тој прв чекор.Сум испивал корпи и едноствано си имам зацртано во главата дека е џабе и дека пак ќе си попијам корпа.
 
slobbo

LoneRyder
Член од
16 ноември 2008
Мислења
1.686
Поени од реакции
583
Срамежливоста е голем проблем не само кога станува збор за љубов туку општо земено. Сум размислувал многу на тоа да ги најдам причините кој ја предизвикуваат таа моја срамежливост ама некако слабо ми оди ... ќе најдеш некоја причина демек немаш доволно самодоверба, не си сигурен во себе, се плашиш од неуспех и слично ама кога ќе се обидеш да ги поправиш овие причини (или како сакате наречете ги) на крајот пак ќе се појави нешто што ќе продолжи да влијае врз мене што не ми дава да се променам ... Едноставно е посилно од мене :oops:
 
Член од
27 мај 2012
Мислења
186
Поени од реакции
112

Ни јас не ги знам причините за мојата срамежливост, ама срамежлив сум се додека не ја запознаам таа личност подобро, е после тоа се е ОК;)
 
leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Секако дека срамежливите се несигурни во себе,многу нормално.Тоа е и причината зашто се срамежливи,тоа е и срамежливоста уствари.Уште ако понекогаш испиеш корпа тоа уште толку те прави понесигурен и понесигурен.
Јас лично можеби и не сум баш нешто многу срамежлив,но имам голем проблем да пријдам на некоја,да викнам на кафе,да го превземам тој прв чекор.......
Тешко ми е да се натерам да и пријдам на некоја.Тоа за мене е невозможно.Освен ако не е некој зицер,да знам дека нема шанси да испијам корпа (а тоа ептен ретко се случува), речиси никогаш не се пуштам на некоја.Ич не сакам да го направам тој прв чекор.Сум испивал корпи и едноствано си имам зацртано во главата дека е џабе и дека пак ќе си попијам корпа.
Јас воопшто не сум срамежлива и ми оди тешко да го сфатам делот, ако попиеш корпа после потешко иде. Па да ја измениме ситуацијата како да бараш вработување. Аплицираш на едно место - те одбиваат, аплицираш на друго, на трето и така натаму цела година. Одиш на интервју те исмеваат, на друго те ругаат во фаца, на трето те третираат како идиот, на шесто те одбиваат како некомпетентен, на седмо како прекомпетентен и така натму. На крај си идеш дома креваш раце и викаш не барам работа. За еден месец умираш од глад.
Исто и со љубовта, ако се откажеш. Фала богу треба да добиеш некој сигнал за да идеш во напад, неможе ја гледаш прв пат и и влагаш клизачи, шансите за корпа се големи (иако има шанси и да помине). Или се гледаш во огледало просечен лик и и се пушташ на Анџелина Џоли и тоа не бива. Несигурноста можеби е од погрешен „плен“?
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.320
Поени од реакции
15.575

Споредбава ти вришти :D

Во секој случај, се согласувам за последниот дел, но некои едноставно не сакаат да се пуштаат на „правиот“ плен(и ова во наводници)...
 
leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Споредбава ти вришти :D

Во секој случај, се согласувам за последниот дел, но некои едноставно не сакаат да се пуштаат на „правиот“ плен(и ова во наводници)...
Вака нема да умреш за секс, али ќе бидеш несреќен, неисполнет во таа смисла ми е споредбата :)
 
karan

бивш поет, плукач, вљубеник во слободата
Член од
31 мај 2006
Мислења
3.595
Поени од реакции
2.719
неверуем дека некоја сака срамежлив од причина што таа ке треба за се да биде иницијатор :D
на пример она ке мора да го залапа :cautious: , она ке мора сама да си се меси со неговите раце :cautious:
она покрај тоа што ке треба да го соблече него (веруем со триста маки, пошто он нели не е лесен и не се дава баш така без борба) ке треба да си се соблече и сама :cautious:
и значи заклучокот е .... она ке мора се сама :cenzura:
Не мора да значи дека секогаш ќе биде така.
Има луѓе кои успевале да излезат на крај со срамежливоста и да се променат благодарејќи на упорноста и поддршката од партнерот.
Се се може ако се сака.. Само љубов нека има.:)
 
Kajgana Shop

На врв Bottom