Ристеска осум години трча во исти тренерки, Ефремов ќе настапи со скинати спринтерки

Статус
Затворена за нови мислења.
K

kalimer0

Гостин
Не е до тоа дали не и текнало да си купи сама тренерки туку паѓа моралот да даде се од себе кога знае дека никому не му е гајле каков резултат ќе постигне.
 
TheIks

Fork & spoon operator
Член од
1 октомври 2007
Мислења
712
Поени од реакции
469
Гледам преработило македонското и одма се поделиле на 2 групи: државата е крива vs. спортистите се тапа. :)
Ок, јасно е дека нема потреба да влегуваме во бесконечни расправии за тоа кој што прави, подобро е да разгледаме кои се чекорите кои би ги решиле проблемите па да може и малку спортот да се дигне на некое ниво кое не е депресивно како моменталново.

Прво неколку факти, чисто за да поставиме некоја основа:
-Македонија не е спортска нација. Незнам дали има нешто такво како “спортска нација“, ама ако има тоа не е Македонија.
-Македонија е мала земја - мал извор на таленти
-Спортот не е најважна работа во МК моментално. За жал.

Е сега чекорите кои јас лично мислам дека се пред се логични а после и се друго:
  1. Државата/локални власти или било кој надлежен се задолжени да обезбедат ОСНОВНИ услови за спорт. Најпопуларните спортови, со најголем интерес во МК мора да имаат каде да се практикуваат. Тоа отприлика би значело на пример за фудбал: функционални одржувани терени во сите населени места со доволно жители и услови. За пливање: базени кои ќе работат цела година, климатизирани, чисти. Биди ти и најдобриот пливач, пресели се на Сахара и да видиме кај ќе стигнеш. Ова само примери, се разбираме мислам.
  2. Спортистите: мотивација, многу работа, следење на трендови светски во исхрана, искуства... и пак, многу многу работа. Точката 1 ќе обезбеди да се почне од најмала возраст, спортист не се станува на 20 години.
  3. Оние од точка 2 кои ќе постигнат надпросечни резултати на разни мали турнири, локални натпреварувања, домашна лига... ќе добијат ЕКСТРА услови: финансиска помош, тренинг надвор од државата итн. Бонуси за одреден постигнат резултат. Парите и те како се мотивација. Ама она во себе што те тера да успееш е најмоќно.
Ете, едноставно е, бар јас така мислам. Имаме примери од соседството каде што си слични економски услови се постигнуваат врвни резултати. Значи се може, ама без точка 1 - никако.
 
/МIRЧ3_МкД\

Временски патник
Член од
7 март 2012
Мислења
380
Поени од реакции
102
Очајно, шо да се рече повеќе, се нешто ни ги перат тоа мозоците на телевизија и по интернет портали, ама кога ќе видиш малце од другата страна колку уствари се цени квалитетот и колку навистина се инвестира сфаќаш кај ни е местото. Можеме само самите себе да се лажеме , ништо повеќе. Уште сме светлосни години назад во многу работи

И де не се правете до толку експерти демек и самата можела да успее повеќе ако сака, финансии, опрема, тренинзи, специјалната исхрана, физио терапевти, психолози и уште какви се не поволности се потребни за добар успех и тоа е факат.
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.499
Се се ама коа ќе го прочитам ова мал извор на таленти коса ми се крева. Сте тренирале ли некад нешо да видите какви деца се бават со спорт? Шо има веза тоа, од 2 милиона можат и 1.500.000 да се бават со спорт и да се успешни.

Знаете ли вие колку луѓе од туѓи држави, поготово соседниве, гледаат ко мршојадци како тренираат мали деца и само нудат државјанства од под пазува?

Инаку се шо пиша е на место, само со ова не се согласувам. Нека почне да се инвестира и ќе видите што се таленти и број на таленти.
 
Член од
10 јануари 2011
Мислења
1.658
Поени од реакции
3.322
Од кејф го пишувам.
Преку овакво ми е од мрчатори што чекаат цел живот некој нешто да им даде, а не прикажуваат исклучителен резултат. Оваа е ПОКАНЕТА да учествува, не исполнува норма за учество. Веројатно ја поканиле колку да е шаренолико натпреварувањето.
Ја начекаа земјава сиромашна и неволна за финансирање на спортовите, па сега секоја бараба од "спортист" за својот личен неуспех во одреден спорт се вади на тоа. Јасно ми е дека не инвестираме во спортот, ама и јасно ми е дека скоро и да немаме асални спортисти. Ебаниот Абебе Бикила трчал босоног (и победил!) на Олимпијадата во 1960 година маратон не дека некој инвестирал во него, туку дека едноставно го бива. Бос ги тепа сите. И без гаќи туку само со патлакот би го направил истиот подвиг, затоашто го бива едноставно. Вложувај или не, тој ќе цепа на тој маратон.
Христина, ако ти се трча на 400 метри - трчај. Ако не ти се трча - седи во Прилеп и сади тутун. Она мене со таков поган речник...

The bare-footed Ethiopian athlete Abebe Bikila won the Rome Olympics, in 1960, with a time of 2:15:16.2 which was a new world best dethroning record holder Emile Zatopek of Czechoslovakia.
He was born in North Shoa at a place called Jetto Bina Deneba near Debre Berhan from his father Bikila Demissie and mother Woodenesh Beneberu. Abebe grew up with his brother Kinfu Bikila and sister Aschaletch Temtime. Like many in the country, he spent his early ages herding cattle and helping his parents.
His athletic talents were best seen upon his entry into the Imperial Body Guard in 1953. Oddly enough, it is confirmed, Abebe was dropped from enrolment in the army in 1948 due to his youngish age after five days of stay at the military camp. In 1957, he got married to Miss Yewubdar Giorogis and was to have six children, of whom two died.
Abebe was paralysed from the waist down for the rest of his life in a car accident which occurred while driving back home from Sheno to Addis Ababa on the 14th of March 1968. He was flown to London to the Stockmandville Hospital.
Interestingly enough, though confined to a wheelchair, his athletic prowess never came to an end. He completed in archery and won special prizes in the 25 km and 10 km stage race in Britain and Norway. He died on October 25, 1973, at the Imperial Body Guard Hospital and buried the next day at St. Joseph Church in the presence of the former Emperor Haile Selassie.

:cuc::cuc::cuc::cuc::cuc:
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.499
Лелеле дај бе не споредувајтее 1960 година со 2012, не лупајте ако не се разбирате.
 
Член од
10 јануари 2011
Мислења
1.658
Поени од реакции
3.322
Лелеле дај бе не споредувајтее 1960 година со 2012, не лупајте ако не се разбирате.
Зошто да не споредуваме? Види го човеков и во инвалидска количка победувал на параолимпијада!
 
TheIks

Fork & spoon operator
Член од
1 октомври 2007
Мислења
712
Поени од реакции
469
Се се ама коа ќе го прочитам ова мал извор на таленти коса ми се крева. Сте тренирале ли некад нешо да видите какви деца се бават со спорт? Шо има веза тоа, од 2 милиона можат и 1.500.000 да се бават со спорт и да се успешни.

Знаете ли вие колку луѓе од туѓи држави, поготово соседниве, гледаат ко мршојадци како тренираат мали деца и само нудат државјанства од под пазува?

Инаку се шо пиша е на место, само со ова не се согласувам. Нека почне да се инвестира и ќе видите што се таленти и број на таленти.
Значи, ок, не реков јас дека нема таленти. Така некако ми звучи ова како да сум рекол. Тоа беше пишано само со намера да се намалат очекувањата на народот од спортот воопшто. Би било супер да има многу спортисти, ама не секој го интересира спорт (во смисла на професија). Со самото тоа, статистички, шансите за талент се помали. Ама, тоа е друга тема. Тука дискутираме што да правиме со оние таленти кои ги има, не оние кои ги нема. :)
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.499
Зошто да не споредуваме?
Пошо денес спортот не е само тренинг, милион пати пишавме.. Чим веќе копираш за овој,копи пасте направи и за Атина Бојаџи, најдобра светска пливачка у нејзино време, еве наша е. Ама друго е денес, не е само тренинг, цела наука е спортот, на Усеин Болт, Исинмбаева, Фелпс, па и Костелиќи, Бланка Влашиќ, Ноле, работат 30 луѓе у заднина за да успеат.
 
Се согласувам дека е цела наука посебно во однос на "хемијата" но сигурен сум дека овој човек со неговата волја и денес би бил меѓу најдобрите а за олимписка норма сум повеќе од сигурен дека би ја добил...така?
 
/МIRЧ3_МкД\

Временски патник
Член од
7 март 2012
Мислења
380
Поени од реакции
102
би требало да се сеќаваат , барем тие шо ја следеа предходната олипмпијада дека имаше шпекулации дека костимите на пливачите биле од таков материјал шо им овозможувал побргу да пливаат.

Зошто да не споредуваме?
е затоа, зашто сега има и милион хемикалии кои се примаат за да се дојде до подобри резултати.

Да се разбереме, никој не го оспорува талентот, ама ретки се оние кои ги надминуваат и современите методи на тренинзи. Не треба да се залажуваме дека туку-така се раѓаат резултати.

И патем, шо се однесува до Рисеска, нејзиниот воз одамна заминал, талентот се развива и се подржува уште од мали нозе.
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.499
Се согласувам дека е цела наука посебно во однос на "хемијата" но сигурен сум дека овој човек со неговата волја и денес би бил меѓу најдобрите а за олимписка норма сум повеќе од сигурен дека би ја добил...така?
Не, само со воља не би ја добил во оваа држава. Еве најискрено ти кажувам, не се фолирам. Премногу напредна спортот во другите држави а кај нас дупло се уназади.
--- надополнето: 14 јули 2012 во 00:19 ---
би требало да се сеќаваат , барем тие шо ја следеа предходната олипмпијада дека имаше шпекулации дека костимите на пливачите биле од таков материјал шо им овозможувал побргу да пливаат.

е затоа, зашто сега има и милион хемикалии кои се примаат за да се дојде до подобри резултати.

Да се разбереме, никој не го оспорува талентот, ама ретки се оние кои ги надминуваат и современите методи на тренинзи. Не треба да се залажуваме дека туку-така се раѓаат резултати.

И патем, шо се однесува до Рисеска, нејзиниот воз одамна заминал, талентот се развива и се подржува уште од мали нозе.
Другар, секој нов модел на пливачки костими ти овозможува да си за некој степен побрз. Само правилото е да не содржи повеќе од 50% полиуретан, затоа што вискозното триење се намалува со зголемувањето на процентот на полиуретан и ФИНА изрече забрана за користење на костими со повеќе од 50% од овој материјал. Купувањето на најновиот и најскапиот костим не те прави пливач и пол. Фелпс освои две олимписки злата пливајќи по обични Спидо стандард купачи за натпревар, од половина до колена. Исто како што купувањето на најскапиот маус не те прави дизајнер повеќе или најскапата тастатура програмер повеќе од некој Х човек.

Најновите линии на спортска опрема се типичен маркетинг + дизајн кој ти го дава дополнителниот edge да си подобар од другите за нијанса. Дали се сфаќаме? Значи нема да ти направи рекорди и да те направи ѕверотина, но ако некој ист пливач со исти подготовки како твоите и исти предиспозиции и квалитети ко твоите носи обични купачи а ти го носиш најновиот Speedo FastSkin 3, ќе бидеш подобар од него за некоја стотинка, доволна за да срушиш рекорд - завршиш прв пред вториот за некоја стотинка. Со стотинки и сантиметри се работи во дизајнот на спортска опрема. Уште еден пример, ако се тркаат за рекорд Усеин Болт со најновите Пума патики за трчање, оние со иглички и Асафа Пауел со обични битпазарски стартки а притоа имаат исти времиња на квалификации со иста опрема, очигледно е дека Болт би победил затоа што тие што не спијат навечер мислејќи каков дизајн на патики да му смислат, му смислиле кец на десетка дизајн и модел кој ќе му легне и ќе го направи шампион и рекордер.

Камо среќа кај нас да беа проблемите стотинки и сантиметри а не декади и километри.
 
Член од
10 јануари 2011
Мислења
1.658
Поени од реакции
3.322
Не, само со воља не би ја добил во оваа држава. Еве најискрено ти кажувам, не се фолирам. Премногу напредна спортот во другите држави а кај нас дупло се уназади.
Ова се фактите:
1. Човеков има трчано за 2:15:16.2 во 1960 година
2. За обезбедување Б-норма на мажите им е потребно време од 2 часа и 18 минути, додека на жените 2 часа и 43 минути. Годинава Скопскиот маратон 2012 ќе се трча низ улиците на главниот град на 6 мај.
Значи факт е дека со волја и во 2012 година може да се добие олимписка норма и тоа босоног!
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.499
Ова се фактите:
1. Човеков има трчано за 2:15:16.2 во 1960 година
2. З
а обезбедување Б-норма на мажите им е потребно време од 2 часа и 18 минути, додека на жените 2 часа и 43 минути. Годинава Скопскиот маратон 2012 ќе се трча низ улиците на главниот град на 6 мај.
Значи факт е дека со волја и во 2012 година може да се добие олимписка норма и тоа босоног!
Ок, ајде ти собери воља или па најди ми некој со воља што ќе истрча за нормава, значи без никаква витаминизација, исхрана, минерали и додатоци за исхраната и јас ќе се избришам од форумов и ќе живеам 3 месеца под Камени мост. Ти стварно ли мислиш дека од толку деца не се има најдено некој што ќе истрча за норма? Како се наоѓаше до ЛОИ во Атина во 2004 и сеа наеднаш не се наоѓа? Не ви е тоа некако чудно?
 
Член од
10 јануари 2011
Мислења
1.658
Поени од реакции
3.322
Ок, ајде ти собери воља или па најди ми некој со воља што ќе истрча за нормава, значи без никаква витаминизација, исхрана, минерали и додатоци за исхраната и јас ќе се избришам од форумов и ќе живеам 3 месеца под Камени мост. Ти стварно ли мислиш дека од толку деца не се има најдено некој што ќе истрча за норма? Како се наоѓаше до ЛОИ во Атина во 2004 и сеа наеднаш не се наоѓа? Не ви е тоа некако чудно?
Јас само посочив конкретен пример дека е можно... македонија е приказна за себе...тука постои многу различен мотивациски циклус...во тоа и е суштинскиот проблем на нашите слаби спортски успеси..основното во спортот е да се оди до крај да се извади се од себе без разлика на условите..грешката е во фокусот, неможе спортист да биде насочен кон било што друго освен неговата дисциплина...кога тоа ќе се случи тој човек веќе не е спортист..тоа е платеник...кога некој ќе почне да се жали тоа веќе е обичен човек со обични човечки желби...нема тука аспирација нема тука волја..тоа не е спортист..од него не очекувај ништо повеќе од просечност тука нема напредок..пиши пропало!
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom