Пивофест 2012 - 12-15.07.2012

M

MrzaRules

Гостин
Лудница беше вчера посебно на Дубиоза, уште нозете ме болат а и неколку модрици од шутките за успомен иам :pos: кога се туширав сабајле на очите ме печеше од пивото што беше упиено во косата, телото итн. Се на се одлична и музика и скара и пиво.
Абе ти во плава блуза ли беше? Со Флоријан или како и да се викаше тоа со тебе....?
 
Член од
6 март 2009
Мислења
979
Поени од реакции
853
Планираме утре да одиме една добра екипа па дај кажете за преку ден во кои кафичи да се оди на кој базен да се оди кај е најдобро и кај да преспиеме планираме во природа некаде кажете кај би било најповолно ... поздрав
 
Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.631
Поени од реакции
31.838

Кафичи ако сакаш крем шема Calypso, ако сакаш раат местенце во искулирана атмосфера Art, Sidro, Домини. За базен одете во Сонце, зад ресторанчето т.е бензиската ќе го најдете, а за спиење на Могила валјда, доколку сакате убава природа :)
 
Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.631
Поени од реакции
31.838
Влатко закон си исвири со се Дино тапанарчето и келавиот басист :) Интересно за гледање, денес заради него излегов.
После тоа следуваше Кирил кој успеа да ја запали максимално публиката со својот препознатлив звук и со присуството на специјалните гости од Њујорк (девојката) и Лондон(драм едн бејс батето со суканици) и тоа раперчето не знам од каде беше, зачинето со трите батиња со трубите, саксофоните и тн.
Пиев Каменица и можам да кажам дека спрема прилепското пиво (ова точеното) е далеку попиво, онака малку разредено, не се сеќава многу, ладно и така натака, наспроти пењестото од прилепска.
Имаше народ од многу градови кој на враќање т.е сега се упатуваше кон могилата, веројатно таму се шаторите за спиење :)
 
Член од
16 јули 2007
Мислења
2.165
Поени од реакции
134
Влатко закон си исвири со се Дино тапанарчето и келавиот басист :) Интересно за гледање, денес заради него излегов.
После тоа следуваше Кирил кој успеа да ја запали максимално музиката со својот препознатлив звук и со присуството на специјалните гости од Њујорк (девојката) и Лондон(драм едн бејс батето со суканици) и тоа раперчето не знам од каде беше, зачинето со трите батиња со трубите, саксофоните и тн.
Пиев Каменица и можам да кажам дека спрема прилепското пиво (ова точеното) е далеку попиво, онака малку разредено, не се сеќава многу, ладно и така натака, наспроти пењестото од прилепска.
Имаше народ од многу градови кој на враќање т.е сега се упатуваше кон могилата, веројатно таму се шаторите за спиење :)
настапот на женската :cuc:
 
Член од
12 август 2010
Мислења
2.890
Поени од реакции
906
Стварно ли вонредните возови шо се Скопје-Битол се бесплатни?
 
Член од
15 јули 2007
Мислења
12.406
Поени од реакции
545
Само што се вративме, топ провод за кој придонесоа Влатко, Есма, Кирил, Каменица и прилепчанките се доста интересни! Прилеп закон. <3
 
I

IBIZA SOUND

Гостин
kako bilo na kralot kiril :)

davaa vo zivo na kanal5 plus sinoca okolu 1 casot,ama prekinaa ne go kazaa celiot nastap :)
 
n/a

Член од
28 декември 2011
Мислења
1.194
Поени од реакции
2.258
Мене Пивофест ме асоцира на: гужва, убиство, Цеца и ѓубре... го одбегнував минативе неколку години, шо заради работни обврски надвор од Прилеп, шо од лоша музика, ама дефинитивно најпозитивен момент отсекогаш ми било тоа што сосема случајно сум се сретнувал со луѓе од цела Македонија кои не сум ги видел со години претходно...

Прилеп изгледа одлично кога е полн со енергија и расположени гости, а веројатно и јас ќе морам од следната година да си ги „ресетирам“ предрасудите и да му дадам нова шанса на Пивофест.... белки ќе изненадат со добра музика и во викендашките денови. :)
 
Kajgana Shop

На врв Bottom