Увоз на половни возила

L

Luki Junior

Гостин
Очигледно и двујцата сте аџамии за вија работи.... Увезувајнето на кола ни е толку лесно, едноставно, ни па евтино, како шо пишете.. Има еден куп мали трошоци и една вреќа нервози..
1. До словенија ти е автобуска карта 50-60 евра. После там требе да имаш човек да те пречека, да спиеш кај него. Иначе хотелите почнувато од 30 евра па се нагоре од вечер. Требе ти телефон за да се јавуваш по огласи, освен ако не ти е најдена колата. Ако сето тава ти е обезбедено, заштедуваш некоја пара.
2. Гледај самата кола да има технички преглед. Ако нема, дополнителни трошоци.. Еден технички е околу 40 евра у АМЗС.
3. Имаш цолл табли + осигување. Самите табли се 30 евра, осигурувањето у зависност за колку време ти требе (10 дена, 2 недели)... И там ке идат 50-60 евра.
4. Заверка на купопродажен договор у АМЗС 10тина евра.
5. Патарини за у Словенија (15 евра) неделна.
6. Патарини у Хрватска (16 евра)
7. Патарини у Србија (12 евра).
8. Нафта за 1 000 километри, резервоар и пол (90 евра)
(собери си се на куп, за да видеш од словенија до македонска граница колку пари ќе ти излезе колата)

После, на граница или треба да правеш увозна декларација, или да си одеш дома. Ако влезеш и не прааш царинска декларација за постојан увоз, имаш 24 саата да се јавеш на царински терминал, или да ја изнесуваш од државата. У спротивно царинска управа ти ја конфискува, па ти после ќе се сликаш...

Шпедиција да ти спрема документи 3000 - 4000 денара... У исто време требе да имаш Тиф 70 евра... После хомологација да и правеш оште 40-50 евра. Еколошки такси 50-60 евра. Ако не ги спремаш брзо овие документи, колата ти седи на терминал. Секој ден шо седе на терминал ти е 15 евра....
И на крај царинарниците те терат да потпишеш изјава колку пари ти вреде колата, наместо да прочитат купопродажнио договор. И врз база на таа твоја изјава пресметуват 5% царина и 18% ддв. И откога подадеш документи за царинење, додека да излезе господино од канцеларија, ќе го чекаш 5 саати, за на крај да ти даде сметка дека да уплатеш парите. Парите ќе ги уплатеш у банка, со дознака за брзо процесирање да може оште истио ден да си ја извадеш од терминало.

Ако ти истечат у меѓувреме Цолл таблите, требе да си вадеш пробни табли... оп 1200 денара...
За царина и ДДВ ќе платеш некаде околу 70 000 денара....

и накрај технички, и ако си помлад од 25 околу 11 000 осигурување + патен фонд + нови табли.... И ако евентуално сакаш зелен картон оште 90 евра..

Е сега.... Оти ме мрзе да ги собирам сите суми на куп, ќе си ги собереш и ќе видеш горе доле колку ќе ти излезе.... Може да заштедеш од некои суми, ама некои други може да ти излезат поголеми.. Увоз на кола си е како мачка у вреќа...

А за сервис, не знам колку е да си ја сервисираш... .Ама оддедли доста пари да си сменеш ребрест каиш со сите ролки, ујле, филтери(воздушен, горивен, на климата, и за ујле), термостат, водна пумпа, и ако има нешто по подвозјето... (од 500-700 евра)...

Ако нешто ти е неверојатно, не питај гаталец, питај паталец...... или па ако имаш нејасни работи исто питај..
У словенија може да заштедеш ако ја донесеш на нормални табли (после требе да праќаш документите да ти ја одјават, за да може да ја регистрираш)...

Аууу да, заборавих превод на сите документи пред да одеш у МВР...
 

Xibalba

Corona Australis
Член од
24 јануари 2012
Мислења
6.091
Поени од реакции
11.496
пресметуват 5% царина и 18% ддв.
Царината сега е 0%, порано беше 5%.

А за сервис... (од 500-700 евра)..
Со 300 евра ќе ги смени: ребрест каиш со сите ролки, ујле, филтери(воздушен, горивен, на климата, и за ујле), термостат, водна пумпа.

И на крај царинарниците те терат да потпишеш изјава колку пари ти вреде колата, наместо да прочитат купопродажнио договор
Ова за повеќето случаи не е точно, освен ако не ја потценил вредноста на колата во купопродажниот договор (пример пишал дека вреди 1500 евра).

За другите работи си во право.
 
Член од
30 мај 2012
Мислења
5.027
Поени од реакции
2.889
Vaka sakam da zemam polovno vozilo od slovenia no nemam nikakvo iskusttvo so uvoz na polovni vozila
pa zatoa ja zapocnav temava. Znaci sakam da kupam Audi A3 Ambition 1.9 TDI 1896ccm 74kw/101KM 2002 godina i e so 4 vrati i istoto na lice mesto ke me kosta 3500 eura e sega ke ve molam koj ima iskustvo da mi kaze kolku ke me kosta se vkupno sose MK tablicki registracija i servis znaci se vkupno kolata da ja donesam do makedonija i da bidi sredeno pali vozi.
Vo Slovenija tesko se vadi eur1 da te oslobodat od carina ili izjavite isto ne gi priznavaat. 400evra ke te kosta pat natamu navamu avtobus+ registracija(col,osiguranje itn)+nafta+patarini+prijava na granica itn. Carina ako ne izvadis eur ili izjava mislam deka okolu 1300-1500 evra ke platiš,skapi se a3 tdi vo svaketo.Ako izvadis eur ili si sredis dogovor so izjava ke platis 200-300 evra pomalku carina. Homologacija,tif,uslugi,prevodi itn toa cini 200-230 evra.
Znaci sevkupno ako go zemes 3500 + ke treba da frlis najmalku 2000 a mozda i 2500 evra,ili ke te kosta 5500-6000eur.
--- надополнето: 12 јули 2012 во 11:52 ---
Царината сега е 0%, порано беше 5%.



Со 300 евра ќе ги смени: ребрест каиш со сите ролки, ујле, филтери(воздушен, горивен, на климата, и за ујле), термостат, водна пумпа.



Ова за повеќето случаи не е точно, освен ако не ја потценил вредноста на колата во купопродажниот договор (пример пишал дека вреди 1500 евра).

За другите работи си во право.
Da ama treba da imas eur1 ili izjava da te oslobodat. Sega vece pocnaa da stiskat na carina i bezvezni izjavi od BG i SLO ne priznavaat. Eur1 kosta 70-100 evra. Eden kolega plati kazna 500 evra za falc izjava od BG,i na spediterot mu opnaa uste 500 evra,i sega i tie drugarov treba da gi plati. Izjavite gi proveruvaat po carinski pat,epten ja stegnaa rabotata.
 
L

Luki Junior

Гостин
Ова за повеќето случаи не е точно, освен ако не ја потценил вредноста на колата во купопродажниот договор (пример пишал дека вреди 1500 евра).
Јас моите коли ги увезувам со регуларни табли од други држави, и секојпат са ме терале да потпишувам изјава колко ми вреде колата. (Не сам имал купопродажни договор).. И јас си пријавувам колку ми вреди колата, и ми вика царинико, ако така сакаш никогаш нема да се потпишам на царинските документи... И сакаш нејќеш, ке пишеш у изјавата шо ќе ти каже Господин Цариник. Не можеш на друг терминал/друго место да ја носеш оти не ти дават заради адресата на живеење... и на крај си покус за 2000 евра за една кола да пише МК на неа... Ама ај да не нафлевам у такви маабети, оти само ќе се изнервирам....

Как шо кажа валволине, без евро 1 ништо не праааш.. Плаќаш си 5% царина како на поп.. Иако самата кола шо ја донесуваш е од Европската Унија, произведена у Европската унија и регистрирана у европската унија... дупат те на здрав мозок... И да... не пробувај со лажни изјави.... :)

За сервисот не знам, немам возено Ауди и немам сервисирано Ауди.. На моето Бмв коа го купих, ми излезе околу 700 евра со работна рака... ујле филтери, водна пумпа, термостат, филтер за картерните пареи, плочки, дискови, глицерин, црева на сите 4 шепи на кочниците.... стабилизатори, некоја чаура по подвозјето....
 
Член од
30 мај 2012
Мислења
5.027
Поени од реакции
2.889
Za onie sto odite vo Slovenija po koli eden sovet,nemojte da kupuvate koli vo Celje i okilinata. Tamu se najgolemite sverceri,prevaranti i šminkeri,nema im ramni,beter od bugarite se.Sami bosanski preprodavači,kola od gazda nema. Tamu se site koli šminkani i garant so butani kilometri.
Ako mene me prasas,momentalno nitu pod razno ne se isplaka po kola da odis nagore,edino ako sakas nesto od ponovo godiste od 2005 nagore. garant poeftino ke pomines ako tuka kupiš nesto,cenite se baagi padnati,a3 od 2002 tuka carineto so sve spremno ke si zemes za 5 bona ic da ne se ebavas,sam ako go nosiš samo poskapo ke te fati,a za zaebancijata da ne zboram.
--- надополнето: 12 јули 2012 во 12:33 ---
BTW vo Slovenija eftin dizel nema. Ako e eftino garant e krš. Vo Slovenija se odi samo po mali kolicki,dizelite se tamu duplo poskapi nego vo Germanija,Italija ili Holandija.
 
Член од
8 септември 2009
Мислења
147
Поени од реакции
5
увезен е автомобил од бугарија со бугарски цол таблици и може да се вози еден месец (а постапката за префрлање на македонски таблици е во тек) во македонија иако лицето нема бугарски документи, дали некој знае дали може да се вози овој автомобил надвор од македонија поточно во грција?
 
L

Luki Junior

Гостин
КОја точно постапка е почнана, и дали има минано на царина.. .вака как шо објаснуваш, ем може, ем не може...

Ако имаш печати од царина на самата сообраќајна, и сите други нешта, поарно не излевај од македонија... Личен совет... Ако напрааш беља у грција па ти земат сообраќајна, ќе се сликаш со регистрацијата..
 
Член од
8 септември 2009
Мислења
147
Поени од реакции
5
има минато царина, документите за хомологација би требало во понеделник да стигнат и после ќе се чека интерпол, и додека се чека сакам да одам до грција...ама...
 
L

Luki Junior

Гостин
У Грција ке флезеш, само со зеленио картон, истото е и у Македонија, оти реално е на БГ табли... Имаш купопродажен договор... Ако се осеќаш авантурист, пробај... ЈАс би пробал...

царинската постапка е завршена... Сега си е легализација за регистрација...
 
Член од
18 мај 2012
Мислења
68
Поени од реакции
38
Пошто глеам дека има доста луѓе со искуство на темава, ај кажете кој знае, колку би ме коштало Renault SCENIC од Германија да донесам у МК?
У Германија колата кошта околу 3500/4000 евра, од 2005-06 година.
Башка пошто е понова има еден куп сериска опрема (ако и ова влијае на цената?).

Фала ви...

П.С.
Ме интересира ако знете и за други слични модели: Фиат Добло, Ксара Пикасо, Пежо Партнер и сл.
 
Член од
10 февруари 2006
Мислења
385
Поени од реакции
90
Дали важат истите услови и за мотори, конкретно за увоз од Бугарија. Има ли некој искуство со увоз на мотори?
 

The One

Оној шо ќутит а све знајт
Член од
16 март 2008
Мислења
189
Поени од реакции
39
Здраво ме интересира дали можам да земам и како може да земам зарибан моторцикл од германија. Тоталната цена на моторциклот е 50 евра али не знам на граница колку би ми земале и колку се наплакја за достава или можеби може преку некоја увозна компанија ?
 

Dr.House

Аудиофил
Член од
18 февруари 2010
Мислења
2.549
Поени од реакции
3.847
Би сакал да се информирам колку и според што се гледа колку би била вкупната давачка за еден половен автомобил од германија. На пример за Volvo XC60 2.4D DRIVe, 2009 годиште кое кошта 16000евра..
Дали е битна кубикажата на моторот, што се влегува во вкупната цена?
 
L

Luki Junior

Гостин
За бизнис, или лична употреба? Најди ми еден пост у Увоз на половни коли, и там имам напишано трошоците. Од-До.
 
Член од
6 декември 2011
Мислења
2.027
Поени од реакции
3.357
18% DDV ....си имаат тие каталог колку кошта колата, на пример ти на таа кола, нема шанси да кажиш дека кошта 10 000...и 1% царина.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom