- Член од
- 23 јуни 2007
- Мислења
- 368
- Поени од реакции
- 333
Да знаеш само колку лекари работат за 200 евра плата. Примарното здравство е катастрофа, државата на секој начин гледа да ги скрати парите што се исплаќаат, се касни со исплата пола година, се бараат секакви административни замки, а капитацијата е на мизерно ниво. Многу колеги кои држат ординации приватно, буквално со сопствени средства го финансираат здравствениот систем на државава, надевајќи се дека во некое догледно време нештата ќе се сменат, ама тоа време никако да дојде. Со специјализациите пак проблемот е што се премногу скапи, отприлика 2000 евра годишно, вкупно околу 10000 евра, се добиваат многу тешко, главно со врски, а за тоа време специјализантот е оставен на цедило, без право истовремено да работи како матичен лекар, додека вработувањата во јавните здравствени установи, се ретки и само со дебели врски. Професијата бара голема љубов и посветеност, за жал повратниот ефект многу тешко и бавно стигнува.Според мене, ако си кадарен да учиш, МНОГУ ДА УЧИШ и планираш да одиш на специјализација после факултет, запиши се.
Во Македонија мислам дека има потреба од специјалистички кадар, така да добро ќе бидеш и платен (ваљда).
Ако планираш да останеш општ доктор, не би ти препорачал, 6 години ќе те умрат од учење, и на крајот да останеш општ со 20-25 илјади плата. Тоа е само мое мислење, поздрав