Хептаграм XI
Ἱερὸς Γάμος
- Член од
- 13 февруари 2010
- Мислења
- 12.282
- Поени од реакции
- 12.275
Извадок од „МАЛИ ЕСЕИ ЗА ВИСТИНАТА“
Најчестата фатална стапица која ги демне луѓето што почнале да го прошируваат сопствениот Универзум надвор од светот на сетилна перцепција се нарекува Конфузија на Плановите. За оној кој го остварил Се-Едното и знае дека правењето разлика меѓу кои било две работи е основната грешка, мора да изгледа природно и дури исправно да изведува Акт на Љубов помеѓу несогласни идеи. Тој го има Клучот на јазикот: зошто тогаш Англичанецот би се лишил од добивката да зборува Хебрејски без да го учи? Истиот проблем се појавува секојдневно во илјадници суптилни форми. “Нареди им на овие камења да се претворат во леб”. “Фрли се себеси од највисокиот врв на Храмот: како што е напишано - 'Тој ќе им нареди на своите ангели да те подземат, да те штитат по сите твои патишта'“.
Последниве четири зборови фрлаат светлина на маглата од Хоронзон - нека биде Ограничен во име на БАБАЛОН! Затоа што “неговите патишта” се патиштата на Природата, која има назначено совршено уреден поредок меѓу плановите; да се нарушува овој ред не е и не може да биде “твојот пат”. Делото на Љубов, навидум е лажен гест; затоа што таквата љубов не е “љубов под волја”.
Биди секогаш свесен, О ти што бараш да постигнеш Мајсторство, при правењето на макар колку и да е “чуда”: најсигурниот знак за Мајсторот е дека тоа е човек со исти страсти како и неговите содругари. Тој навистина ги надминува сите нив, и ги претвора во совршенство: но тој ова го постигнува не потиснувајќи ги (затоа што 'Сe што живее е свето') или искривувајќи ги (затоа што 'Секоа Форма е вистинит симбол на Супстанција') или со забуна (затоа што 'Смесата е омраза како што Единството е љубов').
Иницијацијата значи Пат Навнатре: ништо не се менува ниту пак може да биде променето; но целината повистинито се разбира со секој чекор. Магусот на Боговите, со Неговиот Збор кој се чини дека ја испревртува кочијата на Човештвото во пропаст, всушност не уништува ниту пак менува нешто; Тој едноставно изработува нов начин на примена на постоечката Енергија врз воспоставените Форми.