Алистер Кроули

Статус
Затворена за нови мислења.

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.283
Поени од реакции
12.275
Извадок од „МАЛИ ЕСЕИ ЗА ВИСТИНАТА“

Најчестата фатална стапица која ги демне луѓето што почнале да го прошируваат сопствениот Универзум надвор од светот на сетилна перцепција се нарекува Конфузија на Плановите. За оној кој го остварил Се-Едното и знае дека правењето разлика меѓу кои било две работи е основната грешка, мора да изгледа природно и дури исправно да изведува Акт на Љубов помеѓу несогласни идеи. Тој го има Клучот на јазикот: зошто тогаш Англичанецот би се лишил од добивката да зборува Хебрејски без да го учи? Истиот проблем се појавува секојдневно во илјадници суптилни форми. “Нареди им на овие камења да се претворат во леб”. “Фрли се себеси од највисокиот врв на Храмот: како што е напишано - 'Тој ќе им нареди на своите ангели да те подземат, да те штитат по сите твои патишта'“.
Последниве четири зборови фрлаат светлина на маглата од Хоронзон - нека биде Ограничен во име на БАБАЛОН! Затоа што “неговите патишта” се патиштата на Природата, која има назначено совршено уреден поредок меѓу плановите; да се нарушува овој ред не е и не може да биде “твојот пат”. Делото на Љубов, навидум е лажен гест; затоа што таквата љубов не е “љубов под волја”.

Биди секогаш свесен, О ти што бараш да постигнеш Мајсторство, при правењето на макар колку и да е “чуда”: најсигурниот знак за Мајсторот е дека тоа е човек со исти страсти како и неговите содругари. Тој навистина ги надминува сите нив, и ги претвора во совршенство: но тој ова го постигнува не потиснувајќи ги (затоа што 'Сe што живее е свето') или искривувајќи ги (затоа што 'Секоа Форма е вистинит симбол на Супстанција') или со забуна (затоа што 'Смесата е омраза како што Единството е љубов').

Иницијацијата значи Пат Навнатре: ништо не се менува ниту пак може да биде променето; но целината повистинито се разбира со секој чекор. Магусот на Боговите, со Неговиот Збор кој се чини дека ја испревртува кочијата на Човештвото во пропаст, всушност не уништува ниту пак менува нешто; Тој едноставно изработува нов начин на примена на постоечката Енергија врз воспоставените Форми.
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.283
Поени од реакции
12.275
Извадок од „Liber 777 и други кабалистички книги“ која наскоро ќе биде достапна на македонски јазик.

Методите за откривање Догма од светите Зборови исто така се бројни и важни.

Би ги спомнал следниве:

(а) Доктрина на Симпатии изведена од вкупната Нумерација на Зборот, кога таа е идентична со нумерацијата од друг збор, или е нејзин содржател, или фактор, или​
нејзина Метатеза;​
(б) Метод на пронаоѓање на Најмал Број на Збор, собирање (и повторно собирање) на Цифрите од неговиот вкупен Број и земање на соодветен Клуч од Таротот како Клуч за значењето на Зборот;​
(в) Метод на Аналогии изведени од Формата на Буквите;​
(г) Метод на Заклучоци изведени од Значењето и Кореспонденциите на Буквите;​
(д) Метод на Акростихови изведени од Буквите. Овој начин единствено е вреден за Адептите од највисоките Рангови и тоа во сосема исклучителни и ретки Околности;​
(ѓ) Метод на Преместувања и Претворања на Буквите, кој сугерира Аналогии, дури и кога не можат да се објаснат во директна Форма.​

Сите овие заедно со нивните Варијанти и Комбинации како и некои други нејасни или помалку важни Методи можат да се употребат за отклучување на Тајните на
Зборот. Се разбира со олку голема Моќ ќе му биде лесно на секој Приврзаник да го изнајде омиленото Значење за секој Збор. Дури е можен и формален Доказ дека 0 = 1 = 2 = 3 = 4 = 5 = .....n.

Меѓутоа, Адептот кој ја разработувал оваа Теорема со силна Намера да го дискредитира Кабалистичкиот Начин на Истражување одеднаш се занемува пред Фактот
дека веќе паднал на Кабалистичкиот Доказ на Пантеизмот или Монизмот. Она што всушност се случува е дека Адептот седнува и изведува многу бескорисни Трикови со Бројки, без Резултати. Одеднаш LVX блеснува и Проблемот е решен.
Рационалистот го објаснува тоа со Инспирација, суеверниот Човек со Математика.
 

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
"Љубовта е неизбалансирана, шуплива, неодредена, ненасочена, стерилна, не, уште повеќе, таа е само Лушпа, плен на гадни демонски орди: Љубовта мора да биде "под Волја" "
Алистер Кроули - Мали есеи кон вистината.
 
Член од
14 август 2006
Мислења
45.353
Поени од реакции
84.575
Ајде заедно со мене да видиме како е еврејското спелување на Алистер Кроули:
Алеф+Ламед+Јод+Самек+Тет+Јод+Реш = АЛИСТЕР = 1+30+10+60+9+10+200 = 320
Коф+Реш+Вав+Ламед+Јод = Кроули = 100+200+6+30+10=346
Заедно Алистер Кроули е 666 (y) или אליסטיר קרולי
Моето рачунање е според грчкиот алфабет.
Инаку, Алистер сам си го измислува за да му биде рачуницата таман. It is known.
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.283
Поени од реакции
12.275
А пак да пробаш со македонската азбука да видиш кои „лудости“ се добиваат...

Не е единствениот чичко АЛ што си го менува името и си измислува свое...
И јас си измислив за да ми биде рачуницата моја таман (y)
 
Член од
14 август 2006
Мислења
45.353
Поени од реакции
84.575
А пак да пробаш со македонската азбука да видиш кои „лудости“ се добиваат...

Не е единствениот чичко АЛ што си го менува името и си измислува свое...
И јас си измислив за да ми биде рачуницата моја таман (y)
Фино тоа со подесувањето на имиња, него у вези со азбуката: грчкиот алфабет се користи нотариконски, а македонската азбука - не. Така да, не е чудо ако во нотариконот има алфабет (грчки или еврејски), али прилично чудно би било кога некој би користел нешто друго (азбука на пример).
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.283
Поени од реакции
12.275
Фино тоа со подесувањето на имиња, него у вези со азбуката: грчкиот алфабет се користи нотариконски, а македонската азбука - не. Така да, не е чудо ако во нотариконот има алфабет (грчки или еврејски), али прилично чудно би било кога некој би користел нешто друго (азбука на пример).
Ај и да те поправам(или да го разгледаме името со малку изменети букви од одредени мои причини): ALISTER = 1+30+10+200+9+8+100=358
Т е земено како Тета наместо Тау (од проста причина што Тау е крст, а Тета е врзан со Тет(во превод змија) и е патека која ги врзува Строгоста и Милоста) и е АТУ XI или Страст каде што е дадена Бабалон како го јава Големиот Ѕвер). Кроули не би имал ништо со Тау (Крст), нели?

Тет е и последната патека под Бездната која нели неиницираните ја гледаат како Знаење, рефлексија од Да'aт. Но за тоа, имате си книги читајте си и терајте си го животот.


И 358 што значи?
Ќе свртиме на еврејски да видиме?
Па може еве:
Мешијах (знаеме што е нели?) исто и
што значи Змија! Ова е змијата на Дрвото на Животот што ги следи патеките од Тау до Алеф.
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.283
Поени од реакции
12.275
“Кабалата, односно Еврејската Традиција што се однесува на иницијантската интерпретација на нивните Свети Списи, во најголем дел е неодгатлива или бесмислена. Но, таа во себе како темелна основа го содржи најскапоцениот бисер на човечката мисла,геометрискиот распоред составен од имиња и бројки кој се нарекува Дрво на Животот. Го нарекувам најскапоцен,бидејќи го сметам за најпогоден метод, кој е досега откриен за класифицирање на феномените од Универзумот и забележување на нивните односи. Доказ за ова е зачудувачката плодност на мислата која следуваше откако ја усвоив оваа шема.


Вештината при неговото користење се состои главно во упатувањето на сите наши идеи на него, при што се открива заедничката природа на одредени нешта и суштинските разлики меѓу други, па така конечно се добива едноставен преглед на големата непроценлива сложеност на Универзумот. Целосниот предмет мора да се проучува во Книгата 777 и да се запаметат главните атрибуции: потоа кога преку постојана употреба системот конечно ќе биде разбран – спротивно на едноставното запаметување – студентот ќе открие нова светлина што го осветлува секојпат кога ќе продолжи да проценува некој дел од новото знаење, кое го стекнал според овој Стандард. Тогаш за него Универзумот ќе започне да се пројавува како кохерентна и неопходна Целина.” - А. Кроули
 
Член од
25 јуни 2012
Мислења
127
Поени од реакции
62
Како тоа у куп од невистини(кабалата) се најде бисерот?
И од кај потекнува тоа знаење, за кабалата...на евреите им се виде на сон или ....?
 

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Како тоа у куп од невистини(кабалата) се најде бисерот?
И од кај потекнува тоа знаење, за кабалата...на евреите им се виде на сон или ....?
А како дојде ти до констатацијата дека кабалата била куп од невистини? Што знаеш ти за неа?
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.283
Поени од реакции
12.275
Како тоа у куп од невистини(кабалата) се најде бисерот?
И од кај потекнува тоа знаење, за кабалата...на евреите им се виде на сон или ....?
Не знам, тоа со евреите си се расприкажи :)
И запознај се со кабалата, врескањето „не вистина“ за се што тебе не ти одговара или пак не ти го разбира умот, не значи дека не е вистина.
И МАРШ да прочиташ нешто за темава на која коментираш, бидејќи не си на патеката на темата...
--- надополнето: 11 јули 2012 во 00:29 ---
А како дојде ти до констатацијата дека кабалата била куп од невистини? Што знаеш ти за неа?
Де Ипсисимус не го муабети. Овој нема ништо паметно да каже за кабалата ниту за било што врзано со евреите. Батали го... тој само трчи од тема на тема и скока и вреска.
 

Windfucker

Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
Член од
30 април 2010
Мислења
8.459
Поени од реакции
15.326
Ме интересира дали дел од сегашниве поклоници на Алистер би прифатиле да учестуваат во неговите бисексуални општења..упс мислев ритуали?
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.283
Поени од реакции
12.275
Ме интересира дали дел од сегашниве поклоници на Алистер би прифатиле да учестуваат во неговите бисексуални општења..упс мислев ритуали?
И ти ли бре сине?
Аман бре Бруте :)
Не постојат „поклоници“ на Алистер... :) Размисли пред да пишуваш... За џабе ли овде се пишува што е и кој е Алистер, што кажал?
Што вакви испади бре еби-ветру? Ах, не очекував ова од тебе...
Сигурен си дека има секс во нашите(О.Т.О. и А.'.A.'.) ритуали? Или тоа од Ден Браун си го собра? :)
Сонце мило... и тој да коментира сака... ајде коментирај...

П.С. И тебе не те интересира... да те интересира ќе дојдеш и ќе се иницираш, а не како кукавица да не следиш по форумов.

П.П.С. Гледано за тоа дали некој би изведувал ваков или онаков ритуал зависи од човекот. Никој не може да ти наметне однесување кое што тебе ти е неприродно. Ние велиме: Спознај ја својата природа. Ако не ти е во природа да си би, или геј... ќе нема логика ритуалот. Размислувај пред да поставуваш „провокаторски“ прашања. Изгледаш беден вака кога се влечиш по земја. Знам дека имаш омраза спрема мене, но control малку.
АМАААААН :)
 

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Ме интересира дали дел од сегашниве поклоници на Алистер би прифатиле да учестуваат во неговите бисексуални општења..упс мислев ритуали?
Поклоници се оние што следат нечија туѓа волја а не својата. Јас не сум слушнал за "Поклоници на Алистер Кроули", ако постојат такви, тогаш биди сигурен дека не ја сватиле неговата порака.
 

Windfucker

Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
Член од
30 април 2010
Мислења
8.459
Поени од реакции
15.326
И ти ли бре сине?
Аман бре Бруте :)
Не постојат „поклоници“ на Алистер... :) Размисли пред да пишуваш...
Сигурен си дека има секс во нашите(О.Т.О. и А.'.A.'. ритуали? Или тоа од Ден Браун си го собра? :)
Сонце мило... и тој да коментира сака... ајде коментирај...
Нема секс? :place: Јас сум малку нискичок за разлика од Брут и можи да ти го забодам ножот на друго место, наместо во грбот. :D (се надевам не се лутиш на геј-форава од причина што разговараме за бисексуалец)
Сериозно од тоа што го имам прочитано и гледано за Алистер знам дека бил бисексуалец и тој не го крие тоа. За ритуалите не сум запознат дали има секс, но за него сексот не е табу тема и не би било чудно да се практикува и нешто такво (ништо страшно ако го прави тоа). На темата за Телема го изгледав клипчето што го препорача од тоа драмското студио каде што се опишуваше некој ритуал, во него се претеруваа голи тетки и си помислив зошто не би имало и малку љубов помеѓу браќата и сестрите како зачин за поголема моќ.
Не коментирам ништо посебно, само прашувам работи што ме интересираат. Кај го најде Ден Браун, подосаден е од Џејмс Петерсон. Има еден документарец за него на јутјуб, ќе ти го пуштам ако го најдам.
--- надополнето: 11 јули 2012 во 00:49 ---
Поклоници се оние што следат нечија туѓа волја а не својата. Јас не сум слушнал за "Поклоници на Алистер Кроули", ако постојат такви, тогаш биди сигурен дека не ја сватиле неговата порака.
Океј почитувачи на делото е солидна формулација?
--- надополнето: 11 јули 2012 во 00:51 ---
И ти ли бре сине?

П.С. И тебе не те интересира... да те интересира ќе дојдеш и ќе се иницираш, а не како кукавица да не следиш по форумов.

П.П.С. Гледано за тоа дали некој би изведувал ваков или онаков ритуал зависи од човекот. Никој не може да ти наметне однесување кое што тебе ти е неприродно. Ние велиме: Спознај ја својата природа. Ако не ти е во природа да си би, или геј... ќе нема логика ритуалот. Размислувај пред да поставуваш „провокаторски“ прашања. Изгледаш беден вака кога се влечиш по земја. Знам дека имаш омраза спрема мене, но control малку.
АМАААААН :)
Не знам од каде имаш идеја дека те мразам, јас тебе воопшто и не те познавам. Немам потреба да се иницирам, едноставно мојата слободна волја не ми го кажува тоа. Можеби понатаму.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom