Правна помош и совети

Член од
14 април 2012
Мислења
59
Поени од реакции
51
Сакав да прашам за совет како не би губела време со судовите...пред скоро една година при неуспешна купопродажба на стан,агенцијата што посредуваше ми остана должна уште 100 Еур од капарот на купувачот бидејќи капарот си го зедоа во агенцијата и после кога не бидна работата се договоривме кој колку да задржи...јас имам написмено со потпис и печат дека парите ќе ми ги врати за 45 дена...ама оттогаш поминаа 4500...:)...неколку пати одев во агенцијата и одговорот е секогаш ист дека ќе ми се јават....не знам што да правам и дали можам да тужам... Фала
--- надополнето: 4 јули 2012 во 16:30 ---

13 март 2012
Мислења
64
Поени од реакции
2
Prvo prasanje >Dali vnuk a kerkata e uste ziva se smeta za prv nasleden red vo Dogovor za poklon?
Vtoro prasanje>Kolku vreme moze da pomine od kako sudijata vo krivicen predmet go upati osteteniot na imotno pravno pobaruvanje do pokrenuvanje na tuzbata za osteta?
 
Jovannah

Smile me baby
Член од
11 февруари 2008
Мислења
584
Поени од реакции
50
Не знаев во која тема да пишам, па си реков овде да прашам.
Каде можам да најдам информации за јавните обвинители од вишото обвинителство во Битола, име презиме и кога бил назначен. Бев во вишото обвинителство ги побарав овие информации ама ми рекоја на интернет дека ги има - ама ги нема :)
Па некој ако знај страна некоја каде што ги има овие информации нека ми пиши.
 
POWER-MKD

Per aspera ad astra
Член од
1 март 2008
Мислења
4.763
Поени од реакции
645
Сега видов, не ги дава никаде, само еден- Петар Аневски од Основно јавно обвинителство Битола
 
VMP

VMP
Член од
8 октомври 2010
Мислења
115
Поени од реакции
15
Ве молам, ако некој може да ми помогне околу проблемот со легализација на објект, ќе му бидам многу благодарна. Купивме парцела на којашто изградивме викендичка, прилично оддалечена од оградата помеѓу нас и соседите. Инаку, оградата е таму многу пред да ја купиме парцелата и сметавме дека е на меѓата. Барањето за легализација го предадовме навреме, а веднаш потоа и елаборатот. Но, испадна дека со едно ќоше од градбата сме навлезени 25 цм во парцелата на соседите (се на се, станува збор за 5 м2). Сопственикот на парцелата е умрен, а не е направена физичка делба на имотот. Прво прашање е како може да се реши овој имотно-правен проблем (верувам дека не сум единствена што го има), а второ - дали со тоа што го запазив рокот за пријавување и го предадов елаборатот, ми останува уште време да го решам некако проблемот со навлегувањето од 25 цм (ненамерно) во соседната парцела? Уште еднаш однапред благодарам за секоја информација.
 
Член од
17 август 2011
Мислења
10.255
Поени од реакции
18.205
Дали ми треба полномоштно за патување во странство ако имам 17 години..За во грција,со нов биометриски пасош.
 
Член од
30 јули 2010
Мислења
157
Поени од реакции
40
Дали после развод едниот од партнерите има некое право на стекнат имот од наследство(во кој живееле подолг период) од страна на другиот?
 
Член од
13 март 2012
Мислења
64
Поени од реакции
2
Prvo prasanje >Dali vnuk a kerkata e uste ziva se smeta za prv nasleden red vo Dogovor za poklon?
Vtoro prasanje>Kolku vreme moze da pomine od kako sudijata vo krivicen predmet go upati osteteniot na imotno pravno pobaruvanje do pokrenuvanje na tuzbata za osteta?
nekoj??????????
 
Член од
18 мај 2012
Мислења
59
Поени од реакции
17
Дали после развод едниот од партнерите има некое право на стекнат имот од наследство(во кој живееле подолг период) од страна на другиот?
Ako edniot od poranesnte partneri se zdobil so imot po razvodot togas drugiot ex partner nema pravo na nisto
 
Tomasino

За својот народ и за тебе, морав јас да робувам.
Член од
19 март 2009
Мислења
9.251
Поени од реакции
19.536
1.Внукот е втор наследен ред ако е НАСЛЕДУВАЊЕТО ПО ЗАКОНСКИ ПАТ,ама во случајот е нешто друго.....
Во овај случај ќерката ако е лишена од наследство(ако наследството се префрли во вид на поклон на име на внукот).... има право на нужен дел....
2.Пред да заврши кривичната постапка кривичниот судија го упатува оштетениот на имотен спор(нормално доколку тоа тој го побара)....
Ова е вметнато во пресудата на првостепениот кривичен суд....и со правосилноста на пресудата оштетениот добива право да поведе граѓански спор....
 
Drugarce fala na odgovorot ama ne dobijah nikakov odgovor, se toa sp go pisa veke go znaah.prasanjeto e dali ako babata direktno na vnukot da ne ode preku majkata(nema vrska da e lisena) dade poklon ke se smeta kako prv ili vtor nasleden red,odnosno dali ke plati danok, i drugoto prasanje dali od pravosilnosta na krivicnata presuda ima ograniceno vreme za kolku vreme treba da se podnese tuzbata za osteta? Ti blagodaram ako mi odgovoris.pozdrav
 
Tomasino

За својот народ и за тебе, морав јас да робувам.
Член од
19 март 2009
Мислења
9.251
Поени од реакции
19.536
Drugarce fala na odgovorot ama ne dobijah nikakov odgovor, se toa sp go pisa veke go znaah.prasanjeto e dali ako babata direktno na vnukot da ne ode preku majkata(nema vrska da e lisena) dade poklon ke se smeta kako prv ili vtor nasleden red,odnosno dali ke plati danok, i drugoto prasanje dali od pravosilnosta na krivicnata presuda ima ograniceno vreme za kolku vreme treba da se podnese tuzbata za osteta? Ti blagodaram ako mi odgovoris.pozdrav
Па така кажи бре другарке/другарче шо ми вртиш одоколу:D:)...за парите се работи значи како и секогаш....
Значи парите на име данок на наследство мора да се платат,2-3% од утврдената вредност на наследството,сепак внукот е втор наследен ред,така да не е ослободен од плаќање на данокот на наследување....од данок се ослободени само наследниците од прв ред...
Но....има и некои случаи за ослободувања на наследници од втор ред....
Со оглед дека не дефинираш за каков вид на подарок се работи еве мало појаснување за евентуални ослободувања на наследниците од втор ред...па ако се пронајдиш во ова можи да ти биди од полза...
- наследникот, односно примателот на подарок од втор наследен ред на еден наследен, односно на подарок примен стан, односно семејна станбена зграда ако со оставителот, односно давателот на подарок живеел во заедничко домаќинство најмалку една година пред смртта на оставителот, односно во моментот на приемот на подарокот, под услов тој и членовите на неговото семејство да немаат друг стан, односно стнабена зграда и
- наследникот, односно примателот на подарок од втор наследен ред на кој земјоделството му е основна дејност што ќе наследи, односно прими на подарок земјоделско земјиште и економски згради, ако со оставителот, односно давателот на подарокот живеел во заедничко домаќинсктво најмалку една година пред смртта на оставителот,

односно во моементот на приемот на подарокот.
За другото прашање....
Има случаи кога во кривична постапка судот доделува некоја(нематеријална оштета),но најчесто се упатуваат на граѓански спор странките,зошто првично доделените суми од кривичниот суд најчесто не ги задоволуваат оштетените.......
По правосилноста на кривичната пресуда,во било кое време можи да се поведи граѓанска постапка против обвинетиот во кривичната постапка..
 
M

Mamba.

Гостин
Ми стигна едно писмо за тоа шо направив сообраќајка со моторот...е сеа човекот шо му а ударив колата не ме тужеше туку осигурувањето а покри неговата штета ( а штетата беше само скршен штоп и доле браникот малце беше скршен ) и сега после 2 месеци и нешто ми стига писмо од некое осигурување шо бара да исплатиме 50.000ден у рок од 8 дена...како може осигурувањето да ме туже и зошто ?

А и 50.000ден за скршен штоп и браник ми изгледа ногу...
 
Donald Sikert

Jane Vitington
Член од
28 ноември 2008
Мислења
8.283
Поени од реакции
5.614
Ми стигна едно писмо за тоа шо направив сообраќајка со моторот...е сеа човекот шо му а ударив колата не ме тужеше туку осигурувањето а покри неговата штета ( а штетата беше само скршен штоп и доле браникот малце беше скршен ) и сега после 2 месеци и нешто ми стига писмо од некое осигурување шо бара да исплатиме 50.000ден у рок од 8 дена...како може осигурувањето да ме туже и зошто ?

А и 50.000ден за скршен штоп и браник ми изгледа ногу...
1. Од кое осигурително друштво ти дојде такво писмо?

2. Има ли полициски записник од случката?

3. Врз кој принцип осигурањето му исплатило на човекот. Можно е само ако имал каско, или пак сте направиле Европски и твоето осигурање ја покрило штетата.

п.с Ако нема полициски записник нема ни случај. Затоа образложи повеќе, оти можам да ти дадам добро инфо од оваа област.:)
 
Kajgana Shop

На врв Bottom