Фан Клуб: Манчестер Јунајтед

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.498
Сколс и Лампард отсегогаш играле како Цм(освен за Англија каде шо на Сколс му ја менуваа позицијата) а Руни е многу борбен и силен играч и може да трпи промени(како А. Смит) а некој играчи неможе да се трансформираат од една на друга позиција(ако може Лукас да игра како ЦМ тогаш оти Нани да неможе? тогаш ке нема потреба за трансфери. Вака ке играат Нани - Сколс - Јанг- Валенсија - Кагава - Руни)
Затоа што Нани е преориентиран по крилата, постојано играл таму и игра и лево и десно. Додека играчи како Мата, Силва, Фабрегас, ги напоменувам Шпанциве дека тие во последно време форсираат версатилност, како и кај нас што се Ешли Јанг, Смолинг, Џонс, Руни, Велбек итн итн сите се ротираат постојано. Како што кажа ти некои играчи трпат промена некои не :) Еве Валенсија не можеш никаде освен десно крило затоа што има само една нога, а на бек не е сепак толку добар.

Еве и од Вики за Лукас

Playing position Attacking midfielder/Winger

:)
--- надополнето: 10 јули 2012 во 19:02 ---
А муабетот дека ги одбиле Челзи за 32 милиона па и нас ќе не одбијат не мора да значи, можеби не му се допаѓаат условите што му ги понудиле Челзи, многу фактори зависат.
 
Член од
29 ноември 2010
Мислења
773
Поени од реакции
334
Значи игра на исти позиции како Кагава? Па така подобро Фергусон да му ја смени позицијата на Кагава - има повеќе искуство и подобро би со адаптирал на друга позиција оти бразилците се премногу офанзивно настроени :)
--- надополнето: 10 јули 2012 во 19:17 ---
btw некој ако има некој цитати за Сколс нека ми прати оти ги собирам сите за него,еве сеа за сеа кој ги имам:


Самир Насри
“Тажен сум што слушам дека Пол Сколс се пензионира,голем играч,играч од светска класа,англискиот Зизу.”.

Гери Невил
“Јас не би го заменил Пол Сколс со никого. Тој е едноставно најкомплетниот играч со кој сум играл. Тој е најдобар. ”

Чаби Алонсо
“Фановите во Шпанија го рангираат многу високо и јас многу му се восхитувам. За мене Пол е вистински пример. Најдобриот играч од средниот ред кој сум го видел во последните 15 или 20 години. ”

Фил Невил
“За мене, Пол е најдобриот играч во Англиската репрезентација. Тоа ги загрижува репрезентациите. Зборувајте со која било репрезентација и тие ќе го издвојат Пол како клучен играч за Англија. За мене,тој не го добива целосното признание што го заслужува. Тој е играч од светска класа и заслужува да биде таму со оние како Зидан И Фиго. ”

Бербатов
“Никој друг во светот неможе да игра на начин на кој што тоа го прави Сколс. Пасовите што тој ги дава насекаде на теренот и начинот на кој тој го менува текот на играт е брилијантно. Секој менаџер би го посакал. Но за среќа тој е тука и игра со нас. Пол го вежба тоа постојано. Кога тој го завршува тернингот тој секогаш оди надвор и шутира”

Бест
“Момчето знае да игра. ”

Блан
“Јас му кажувам на секој што ке ме праша- Сколс е најдобриот англиски играч. Во Манчестар Јунајтед јас видов што може тој да направи и се што можам да кажам е вау”

Палистер
“Кога зборуваш за најголемите во Манчестар Јунајтед, тој е таму горе со Џорџ Бест, Рајан Гигс, Брајан Робсон и Боби Чарлтонсамо поради трофејте кој ги освоил,тој многу ке им недостасува на Манчестар Јунајтед. ”

Пеле
“Ако тој играше со мене,јас ке постигнев многу повеќе голови.”

Бат
“Според моето мислење,тој е таму некаде со најдобрите три или четири играчи кој играле за Јунајтенд. ”

Пиќе
“Еден од најдобрите играчи кои сум ги видел во мојот живот!Спектакуларен на тренинг!! Играењето со него беше вистинско задоволсвто! ”

Керик
“Пол Сколс е едноставно фантастичен. Кога ти игрш со него,ти сваќаш каков посебен талент е тој. ”

Боби Чарлтон
"Пол Сколс е мојот омилен играч. Тој е олицетворение на духот на Манчестер Јунајтед и сè што е добро за фудбалот. "

Роналдињо
“Сакам да подавам како него. Кој го научел да го прави тоа?”

Кристијано Роналдо
“Сколс е најдобриот играч о кој сум играл и тој ми помогна многу кога бев млад. Тој е неверојатен.”

Руни
“Најдобриот играч со кого или против кого сум играл.”

Роси
“Еден од најдобрите на неговата позиција се повлече. Беше чест да се игра со Пол Сколс. Респект за Легендата”

Давидс
“Секој од нас се обидува да стане добар како него. Секој може да учи од Пол Сколс.”

“Јас не сум најдобар, Пос Сколс е.”

Фабрегас
“Тој е играч на чие ниво сакам да бидам. Тој е најдобриот играч во Премиер Лигата.”

Фиго
“Јас се фасцинирам кога ќе го видам Сколс бидејќи ти никогаш не го гледаш. На теренот ти неможеш да го фатиш. Надвор од него, тој исчезнува.”

Шевченко
“Тие ги имаат двајца од најдобрите млади играчи во светот-Кристијано Роналдо и Вејн Руни,но играчот кој најмногу ме импресира е Пол Сколс. Тој е најважниот играч во Јунајтед,тој ги прави најголемиот дел од работите што се случуваат на теренот”

Ширер
“Ако прашаш фудбалери да одберат играч на кој најмногу му се восхитуваат, многу од нив ќе го одберат Пол Сколс”

Симпсон
“Пол Сколс е легенда. Најдобриот играч кој сум го сретнал во реалниот живот. Факт! ”
Гигс

“Сум играл со многу големи играчи во текот на мојата кариера во Јунајтед но морам да го издвојам Сколс како најдобар. ”

Гвардијола
“Тој е најдобриот играч од средниот ред во неговата генерација. Би сакал да ги играв на иста страна со него. ”

Виера
“Играч од Премиер Лигата на кој најмногу му се восхитувам? Лесно- Пол Сколс!”

Анри
“Не можам да разберам зошто Сколс нигогаш не ја добил наградата за најдобар играч. Тој требаше да ја осваи пред долго време. Можеби затоа што тој не е во ценарот на вниманието како некој од другите “ѕвезди”. ”

Чави
“Во последните 15 до 20 години најдобриот центраен играч од средниот ред кој сум го видел - Најкомплетен – е Сколс. Зборував за ова со Чаби Алонсо многу пати. Сколс е спектакуларен играч кој има се. Тој може да го направи последното додавање, тој може да погоди, тој е силен, тој никогаш не ја губи топката и не го дава поседот. Ако тој беше Шпанец можеби ке беше ценет повеќе. ”

Кин
“Нема глупости за популарност,нема самопромоција- еден неверојатно надарен играч кој остана непроменето човечко суштество. ”

Зидан
“Моето мислење за противникот? Сколс од Манчестар. Тој е комплетен играч од средината. Ти ретко гледаш комплетни играчи но скојс е најблиску до нив. ”

Липи
“Пол Сколс би бил еден од моите први избори за избирање на голем тим.”

Maradonna
“Неговата техника е уникатна.”

Меси
“Во Ла Масија, неговото име беше многу споменувано. Тој е учител.”
 

Vidic15

Капитенот
Член од
2 јули 2009
Мислења
596
Поени од реакции
495
ДДГ
Рафаел Видич Еванс Евра
Тиоте(или друг копач)
Кагава Лукас
Валенсиа Јанг
Руни

Премногу офанзивно но би било нешто во стилот на Барса посебно во средината каде пред Бускетц играат Чави и Иниеста, но сепак тешко изводливо за Англиски стил на игра. Според мене вака би можеле да играме ако останеме со овие играчи
ДДГ
Рафа Видич Еванс Евра
Керик Клеверли
Валенсиа Кагава Јанг
Руни
 

The Edge^

the force
Член од
11 јуни 2011
Мислења
2.882
Поени од реакции
2.397
Инаку овој Лукас ако се земува, ќе биде крило најчесто со free role. Сака Ферги некој налик на Роналдо во тимот еден од оние марионети кој е ноќна мора за дефанзивците
 
Член од
29 ноември 2010
Мислења
773
Поени од реакции
334
Фергусон рече дека Нани ке биде биде еден од клучните играчи догодина па веројатно и он ке игра прва постава.
 

Vidic15

Капитенот
Член од
2 јули 2009
Мислења
596
Поени од реакции
495
"Manchester United are one of the best teams in the world , but there has not been any contact from them. Liverpool ? Are they still in the first league ? " - Lucas Moura Незнам колку е точно ова но добро звучи :icon_lol:
 
Член од
5 февруари 2009
Мислења
7.537
Поени од реакции
4.171
"Manchester United are one of the best teams in the world , but there has not been any contact from them. Liverpool ? Are they still in the first league ? " - Lucas Moura Незнам колку е точно ова но добро звучи :icon_lol:
(y) најмногу ми се допаѓа болдираното од неговата изјавата. :)
 

Eric The King

Why always us!:)
Член од
21 април 2010
Мислења
3.297
Поени од реакции
1.245
"Manchester United are one of the best teams in the world , but there has not been any contact from them. Liverpool ? Are they still in the first league ? " - Lucas Moura Незнам колку е точно ова но добро звучи :icon_lol:
Ова ако го има изјавено мора да го земеме :icon_lol:
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.498
"Manchester United are one of the best teams in the world , but there has not been any contact from them. Liverpool ? Are they still in the first league ? " - Lucas Moura Незнам колку е точно ова но добро звучи :icon_lol:
A be pa i ovoj neka se strpi, trgnati se nasive ke stignat :D
 

Kajgana Shop

На врв Bottom