Та тој Пајсиј зошто го мразите, бидејќи е роден во Банско и бил Бугарин и за тоа го мразите.По поскоро вие не можете да си одговорите на прашањата кои сте, од каде доаѓаат и други такива.Отговор има, но ..
Одговорот нема да ти се допадне..
"Во Македонија како внатрешна провинција на Отоманската Империја појавата на национализмот се случува уште подоцна. Факт е дека во повеќето случаи може да се проследи појавата на определен вид национализам во одредени делови од Македонија. Да ја разгледаме оваа интересна тема: појавата на бугарскиот национализам во Македонија.
Најстариот познат случај – оној на Паисиј Хилендарски (1762 г.) – останува изолиран и без следбеници во Македонија. Самиот Паисиј станува бугарски националист како резултат на српско влијание. Испратен како таксИдиот на српскиот манастир Хилендар во денешна Војводина (која тогаш се наоѓала во Австро-Унгарија), кадешто собирал пари од тамошните Срби тој потпаѓа под влијание на националистичките панславистички движења. Меѓу оние под чиешто влијание потпаднал е и еден од најважните српски преродбеници – србинот Раич .... од Видин. Неговата книга, која е всушност комбинација од неколку дела нема сама по себе некаква научна вредност и останала неотпечатена се до 1844 г., кога се издава нејзина верзија под наслов “Царственик или бугарска историја” од страна на Христаки Павлович. Вистинскиот текст останал неотпечатен се до ослободувањето на Бугарија. Иако постојат многу преписи од оваа историја, тие сите се од Бугарија. Во Македонија никој не се потрудил да ја препише и соодветно никој не ја знаел.
Но, и неговата книга не го поставува почетокот на бугарската преродба, како што денес лажно се тврди. Не е случајно, што после создавањето на современата бугарска држава од Русија во 1878 година, кога сеуште биле свежи сеќавањата од преродбата, никој не го сметал Паисиј за родоначалник на бугарската преродба, иако се знаело за неговото постоење. Тогаш паметеле дека вистинската револуција во бугарското национално движење ја извршил Јуриј Венелин од Руската Империја со своите книги. Но, бидејќи е непријатно туѓинец да ја постави основата на националното движење, а и од пустата желба да се направи постара преродбата после извесно време Венелин е заменет со Паисиј. Поради стремежот пак да се докаже бугарштината во Македонија тој лажно е претставен како Македонец. Овде ќе го цитирам Цанко Здравков, долгогодишен истражувач на овој проблем (цитатот е дел од интервјуто за Лудимлади.бг):
Пред извесно време неколку села спореа во однос на родното место на Паисиј. Досега имам напишано три книги за Паисиј, во коишто тврдам и докажувам дека Паисиј не е роден во Банско. Ниту еден факт не го поткрепува ваквото тврдење. Направен е огромен фалсификат поради политички причини. Јас тврдам и презентирам неколку едноставни докази дека Паисиј е роден во село Кралев дол, Перничко. Например во Историја славјаноблгарска има околу 250 дијалектни зборови од нашиот крај (Кралев Дол)а ниту еден од Банско. Тоа е неспорен факт. Покрај тоа во Кралев дол има цел род со 250-годишна историја наречен “паисиев”. До ден денешен се чува споменот дека Паисиј и брат му се од тој род. Денес има околу 30-40 луѓе кои се викаат Паисиеви.
Во почетокот националните чествувања за Паисиј се одржуваат во селото Кралев дол. Тоа е во периодот меѓу 30-тите и 40-тите години од минатиот век. Се знаеше дека тоа е неговото родно место. Во 1938 се изврши историскиот фалсификат. Нашиот познат историчар Јордан Иванов се застапува за “банската” теза. Тој откако го открива ракописот на паисиевата историја во Зографскиот манастир во 1906 г. Веднаш забележува дека во јазикот има повеќе особености од пририлските краишта кадешто е роден авторот а не во јужните бански или северните ихтимански краишта на епархијата. Но во 1937 г. Тој несреќно е измамен од страна на својот соработник Михаил Ковачев, којшто му приложил два невистинити факти. Првиот е наводна исписница од Хилендарскиот кондик според којашто Лаврентиј подарил оцовата си куќа во Банско за метох на манастира за вечно да е така (обрнете внимание дека е напишана на бански говор). И вториот дека Паисиј починал и дека е погребан во дворот на црквата “Св Никола”. Меѓутоа утврдено е сосема уверливо од наши и странски научници дека Паисиј починал во 1768 година во с. Ампелино – Асеновградско, на 51-годишна возраст. Се покажа дека и исписницата не постои туку е измислена од самиот М. Ковачев. Врз основа на таквите неточни податоци Ј. Иванов во 1938 статија излезе со статија во којашто го определи Банско за родно место на Паисиј. Ете на таков овој наш навистина голем научник беше измамен и против негова волја вовлечен во една недостојна манипулација, која и до ден денешен сеуште не е разјаснета и демантирана на вистински начин. Долги години темата не била предмет на истражување. Откако разбра дека е измамен Ј. Иванов замолче до крајот на својот живот.
Последното, но коешто конечно "го определува" Банско како родно место на Паисиј е една изјава на Тодор Живков пред писатели во 1964 година дека Паисиј е македонец и оној кој не верува во тоа “многу здравје од ерменскиот поп”. После што таму се изгради споменик на Паисиј, а таму се пренесоа и националните чествувања, се досега. И во моментов во Банско се гради „Културно-информативен центар” на местото каде наводно била “оцовата куќа на Паисиј и Лаврентиј”, се прави реплика на неговата ќелија од Хилендарскиот манастир и параклисот подарен од “братот на Паисиј, хаџи В’лчо”."...
http://www.narodnavolja.com/articles2012/07/txt03.asp