Јане Сандански-Пиринскиот цар!

Член од
20 декември 2008
Мислења
1.193
Поени од реакции
75
Teмата е за Сандански и јас тврдам дека Димо Хаџи Димов, кој бил идеологот на санданистите многу подобро го знаел Сандански од некаков грчки комунист Ставридис кој никогаш ни марахаба не му кажал на Сандански. ниту го слушнал, ниту го видел. Во 1953 г. напишал за него нешто и сега ние треба да му веруваме дека Сандаски ги прифатил грчките пропаганди.
Дали може да му се верува на овој Грк покажува и следното

Кажи сега кога Сандански протергатисувал со Илинденската епаностасија!
--- надополнето: 9 јули 2012 во 21:51 ---
Освен тоа се гледа и од Ставридис дека Македонците на Сандански се Бугарите, Грците и Власите и +, демек Македонците без разлика на вера и националност.
Самиот тој направил НФП/бугарска секција/. Ако се мислел за Македонец, сигурно ќе создадел македонска секција.
 

Ч Е Н Т О

Методија Андонов
Член од
3 јули 2008
Мислења
1.698
Поени од реакции
1.612
Ставридис многу добро знаел кој бил и за што се борел Сандански, а напишаното од него НЕ ОДИ ВО ГРЧКА ПОЛЗА, туку напротив.

Јасно е како бел ден дека Сандански знаел кој и каков си е МАКЕДОНСКИОТ НАРОД, и тоа нема никаква врска со грчките пусти желби за заграбување на Македонија ОТКАКО им се сони сонот за "мегали-идејата", а пред тоа едвај и со туѓа помош се ослободија и се создаде некаква грчка држава на југот на Балканот, таму каде што секогаш била.
Затоа џабе се глупираш и пробуваш да извртиш јасни работи.

Ако сакаш да покажуваш исечоци, дај точен ПРЕВОД за нив, или ќе ти отидат во канта.
Имаш 1 час за овој.

Од Ставридис се гледа дека на сите им било јасно за ПРОПАГАНДИТЕ на "милите" ни "православни браќа" и нивната незаситна жед по ТУЃАТА-МАКЕДОНСКА ЗЕМЈА И НАРОД. Појасно не може да биде!

Кажано ти е безброј пати што признавала Турската држава, џабе верглаш едно те исто за јасни работи.

Не за џабе сте праќале врховистички чети да пробаат да го отепаат Јанета уште пред тоа, како што јасно пишува во францускиот дипломатски извештај, во кој си се кажува дека Јане се борел за МАКЕДОНИЈА на МАКЕДОНЦИТЕ.
 

Щипянецъ

македонски Бугарин
Член од
21 декември 2011
Мислења
1.616
Поени од реакции
711
Тресењето глупости нема да те спаси.
Некрологот т.е. напишаното во него е повеќе од јасно од кого и за кого е наменето.

Имаме исти и слични јавни повици и статии и на српски и на грчки јазик, ама се знае дека се македонски и се однесуваат на Македонците.
Кои сте "вие" каде што имате "јавни повици" на чист, литературен бугарски јазик. Како божем бугарскиот јазик бил "неразбирлив" за македонците, а сите обраќања кон и од македонци во тоа време се на чист литературен бугарски јазик?

Ajде да видиме точно што кажал Jане:

Граѓани, одамна вие Грците сте навикнати да се види на нашото македонско-одринско прашање како на чисто бугарско прашање. Борбата која водиме ние, вие сметате не како борба за извојување на слободен живот, а како борба на прославата на бугарската националност над другите, кои живеат заедно со нас, нашите напори не ви плениа, нашите жртви, жртвите на тиранијата, не исполнуваат душата ви со негодување против тиранинот.
Да нема во иднина Бугарин, Грк, Србин, Влав, а само роб во неповолна положба; тиранијата е заедничка, нека биде општа и борбата.
 
Член од
20 декември 2008
Мислења
1.193
Поени од реакции
75
Сме ги праќале врховистичките македонски чети пред да ја создаде НФП/бугарска секција/
Ставридис кога се состанал со Сандански?
оти јас за Димо знам дека бил со него барем 9 години.
за преводот -Сандански раководел со т.н. Илинденска револуција по Делчев.
Ниту Делчев, ниту Сандаски /така е кај Грко-комунист/ раководеле со Илинденската револуција!

Кој му е на Сандански македонскиот народ самиот си кажал, истото го потврдиле и неговите другари. Нема потреба некаков Грк од 1953 г. да не убедува дека Сандански ги прифатил грчките пропаганди. Нема шанси Сандански да се погрчил. Ако се погрчил, ќе создадел НФП/грчка секција/ Тој создал БУГАРСКА СЕКЦИЈА.
 
Член од
6 април 2007
Мислења
1.095
Поени од реакции
443
Каков Македонец на начин како што вие го разбирате овоj збор би можел да е Jане кога наjтесните му соработници се Бугари (зошто не Грци и Срби), кога за време на Балканските воjни како партизански авангард деjствува во склоп на бугарската армиjа и практички ги истерува Турците од Пиринска Македониjа за таа да биде бугарска провинциjа, кога влегува во Солун заедно со бугарски генерали?
 

Ч Е Н Т О

Методија Андонов
Член од
3 јули 2008
Мислења
1.698
Поени од реакции
1.612
Ajде да видиме точно што кажал Jане...
Епа супер де, уште да покажеше од каде си го извадил тоа.

Башка тоа е разјаснето во цитатите од Ставридис и во бунењето на Паница за заблудите на сите, вклучувајќи ги и грчките комунисти кои според политиките на нивната национална доктрина се' што не е нивно во Македонија е "славофоно" или "бугарско".

"Не бугарска Македонија сакаме ние, туку Македонија на Македонците, Македонија ослободена од тиранијата." - Јане Сандански, писмо до жителите на Мелник, 1904

Сме ги праќале врховистичките македонски чети пред да ја создаде НФП/бугарска секција/
:facepalm:
Да, да, а после Грците да не го убија?



Kasnakoski напиша:
Ставридис кога се состанал со Сандански?
оти јас за Димо знам дека бил со него барем 9 години.
Се состанал со Тодор Паница, а тој што му беше на Сандански треба ли да ти кажувам?
И престани да дробиш за Хаџи Димов кога немаш поим за човекот и неговото дело.

Kasnakoski напиша:
за преводот -Сандански раководел со т.н. Илинденска револуција по Делчев.
Ниту Делчев, ниту Сандаски /така е кај Грко-комунист/ раководеле со Илинденската револуција!
Дај (ако можеш) ТОЧЕН ПРЕВОД на целиот текст од исечокот, или ојде јабана.
Последен пат ти кажувам!

Kasnakoski напиша:
Кој му е на Сандански македонскиот народ самиот си кажал, истото го потврдиле и неговите другари. Нема потреба некаков Грк од 1953 г. да не убедува дека Сандански ги прифатил грчките пропаганди. Нема шанси Сандански да се погрчил. Ако се погрчил, ќе создадел НФП/грчка секција/ Тој создал БУГАРСКА СЕКЦИЈА.
Си кажал де, ете го во моите исечоци каде имам дадено ТОЧЕН ПРЕВОД.

Баш дека нема потреба, а нема ни никаков мотив или полза од тоа за Грција или Грците од кажаното, зборовите му се апсолутно точни!

Башка тој бил комунист предходно, а во ВСВ и после неа т.е. во "грчката граѓанска војна" бил на страна на десните монархо-фашисти што значи дека бил во тотална спротивност со Македонците од НОФ и во рамките на ДАГ кои ги имаа истите идеи како Сандански.
Затоа џабе верглаш со глупостите за некакво фнтомско "погрчување" на Сандански, кога човекот јасно знаел кој бил МАКЕДОНСКИОТ НАРОД--РАЗЛИЧЕН ОД ГРЧКИОТ од антика до ден денешен.
 
Член од
20 декември 2008
Мислења
1.193
Поени од реакции
75
Убаво. ама напишаното од Сандански и неговите другари не е во согласност со грчкиот комунист.
Дали е нормално еден почитувач на Санданснк да не му верува на Сандански, ниту на неговите авери, туку да суди за него од некаков грчки комунист, кој ниту го видел, ниту го слушнал Јанета.

Па Јане, ако и најголем золумџија над македонското население на Пиринска македонија си бил Бугарин.,

Нема докази да бил Влав, Грк или Албанец.
Само родното село се викало Влахи,. ама тоа не значи дека не бил Бугарин.


.
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
Kasnakoski: Ќе ги доставиш преводите како што ти беше побарано?
 
Член од
20 декември 2008
Мислења
1.193
Поени од реакции
75
Два реда покажав и ги преведов.
Сандаски по Делев раководел со илинденската револуција.

Ниту Делчев, ниту Сандански имале врска со востанието од 20 јули
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
Значи ем немаш целосен превод, ниту веродостојно наведен извор, меѓутоа тврдиш дека 2 избрани реченици се доволни за да ја раскажат целата книга или историјата. :facepalm:

Еми убаво што ме потсети за каков „дискутант“ станува збор, да не губам многу време.
 

Ч Е Н Т О

Методија Андонов
Член од
3 јули 2008
Мислења
1.698
Поени од реакции
1.612
Убаво. ама напишаното од Сандански и неговите другари не е во согласност со грчкиот комунист.
Дали е нормално еден почитувач на Санданснк да не му верува на Сандански, ниту на неговите авери, туку да суди за него од некаков грчки комунист, кој ниту го видел, ниту го слушнал Јанета.
Тролањето до бесвест нема да ти помогне.
Веќе ти објаснив дека Гркот БИЛ комунист на времето, ама кога ја пишувал книгата бил спротивставен на таа идеологија и НЕМА НИКАКОВ МОТИВ, по било кој основ да го кажува она што го кажал за Јане, ако не е точно.

И правел муабет лично со Тодор Паница, слеп ли си?!?

Kasnakoski напиша:
Па Јане, ако и најголем золумџија над македонското население на Пиринска македонија си бил Бугарин.
Ако му се зема за "зулум" на Јане што ги потепал врховистичките чети што сте ги испраќале да го убијат тогаш да, "зулумџија" бил. :)

Најголем зулумџија над македонскиот народ во пиринска Македонија бил Ванчо Михајлов, и тоа го знаат сите.
И тој, сиромашкиот исто како Јане си бил роден Македонец, ама решил до смрт да ви служи на вас турко-татарите.
Ама пак пред умирачка во она смешно интервју му се испушта дека КРВТА НА МАКЕДОНЦИТЕ НЕ Е ИСТА СО ТАА НА БУГАРИТЕ. ;)

Kasnakoski напиша:
Нема докази да бил Влав, Грк или Албанец.
Само родното село се викало Влахи,. ама тоа не значи дека не бил Бугарин
Па не значи де, Македонец си бил.
Доказите се пред тебе.

Два реда покажав и ги преведов.
Сандаски по Делев раководел со илинденската револуција.

Ниту Делчев, ниту Сандански имале врска со востанието од 20 јули
Сите македонски дејци имале врска со Илинденското востание, СИТЕ!
Без разлика дали биле ЗА или ПРОТИВ дигањето на востанието, и во каква форма да биде, итн.

Значи да го бришеме исечокот за кој нема доставено соодветен превод.
ОК, нема проблем.
 

spas72

Oficial
Член од
13 мај 2008
Мислења
280
Поени од реакции
47
Последното писмо на Сандански до Георги Поцков - 24.02 .1915 г. пишано од Неврокоп.
Превод на начертаното" ....Нашето на Бугариjа полужение што ке биде .....".
Превод -"...сестра ми оди да крсти детето си ..Страхил ,..допада ли ти името , сахлан Бугарско нали-..."


 

Ч Е Н Т О

Методија Андонов
Член од
3 јули 2008
Мислења
1.698
Поени од реакции
1.612
Ова е од "Писмо до жителите г'рци в гр. Мелник, вестник Револјуционен лист, #3, от 17 септември 1904 година."
Веќе ти одговорив на тоа, престани со спам:
"Не бугарска Македонија сакаме ние, туку Македонија на Македонците, Македонија ослободена од тиранијата."

Видовме кои се Македонците и каква Македонија сакал Јане, ОДДЕЛНА ОД БУГАРИЈА.
Чуден некој "Бугарин"...
 

spas72

Oficial
Член од
13 мај 2008
Мислења
280
Поени од реакции
47
Немој во устата на Јане да го ставаш зборот „БУГАРСКО“. Во источна Македонија таков збор нема.

Ако преведуваш, тогаш е друго...
Превод е , оти писмото е на бугарски.
 
Член од
20 декември 2008
Мислења
1.193
Поени од реакции
75
Не е задолжително да лаже. Некој нешто му кажал, или некаде нешто прочитал и напишал. Арно, ама ниту Јане, ниту некој друг знае за такви ексцесии во умот на Јане Сандански. Може да бил зулумџија, може да ги грабел бедните Македонци, ама предавник на блгарштината нема сведоштва да бил.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom