Документ на француската дипломатија во Македонија од 1905 г. кој кажува за што се борел Јане Сандански.
Христо Андонов-Пољански (уредник) "Документи за борбата на македонскиот народ за самостојност и за национална држава", Том 1, Скопје, стр. 484-485
Бугарите многу пати се обидувале да го убијат Сандански, посебно откако сватиле дека Организацијата нема да се потчини под нивни диктат затоа што сме почнале да се вооружуваме (неместо да зависиме од нив за оружје - стариот трик кој многупати го играле против нас за на крај да не насанкаат).
Пратиле чета од 78 души да го убие Сандански во Кашино предводена од вистински разбојник, Дончо. Но четата била поразена од страна на Сандански и четири од нејзините водачи биле убиени, а останатгите вратени дома за да раскажат што се случило и најважно - зошто.
Во Бугарија тоа бил вистински шок, затоа почнало плукање по ВМРО и македонските револуционери во бугарските весници бидејќи сватиле дека парите од аферата Мис Стон ќе овозможат Организацијата целосно да се осамостои на долги стази.
Она што е интересно е дека врховистите биле најдепасираните елементи. Колку биле непопуларни укажува фактот што ВМРО имала 55 чети во 45 револуционерни окрузи, иако мака мачела едвај да најде оружје и муниција, а врховистите со целата воена и логистичка подршка од Бугарија, и со лаги, насилно регрутирање и/или нудење материјална корист, едвај имале 14 чети во 4 реони.
" Вистинската задача на тие чети е --на четите што ги испраќа генералот Цончев е да ги гонат попросветните и посознателни членови на Внатрешната организациjа. Тие ги гонат, исто така, сите наши другари селани, кои ги примаат организационите чети и им содеjствуваат; тие дури одат многу подалеку: ги тераат насила селаните да ги предаваат нашите чети на Турците. ..."
(Официјална притурка, Револјуционен' лист', 2 јуниј, 1905, стр. 5)
.