L
Ligeia
Гостин
Но колку имаме услови и простор за да се развиеме во умствено слободни суштества? Мене се ми се чини дека сме робови на навиките и комфорот...Ние и сме создадени од двата пола така да во нас се и двете особини т.е. создадени сме од маж и жена, т.е. од сперма и јајце клетка ... значи делот што ќе доминира било женскиот или машкиот се манифестира на материјлно ниво и е доминантен, но тоа не значи дека другиот дел не постои, тој е ставен во позадина, ако можам да се изразам вака... тој е потсвесниот дел... и доминира со чувствата, манифестациониот дел доминира со логиката...
Но потиснувањето на едниот и кристализирањето на другиот безразлика кој е од двата нема да ни помогне во внатрешната еволуција туку ќе биде само пречка, ќе бидеш како птица со едно крило здраво а другото повредено... летањето ќе биде невозможно...
Потребна е синтеза на целокупното внатрешно битие... да се спознае секој човек себе си почнувајки од тоа што е видливо и веќе познато(иако и тоа многу малку го разбираат) Пример телото... кое најчесто е тотално запоставено и несензитивно... го труеме со разни отрови како што се цигарите, алкохолот, дрогата па и со храната(која е толку извештачена и неправилно внесувана) и затоа го губи природниот осет за кој е потребно да се посвети посебно внимание... друг пример за телото е самото дишење кое е многу потребно доколку сакаме да го разбереме неговот функционирање.. дишењето е станато толку површно и механички што преминува во хаотично дишење... го нема ритамот и балансот во дишењето... дишиме само со плуќата и тоа не ја полниме целосно само површно... треба длабоко дишење до самиот абдомен неконтролирано во смисла колку ќе трае и колкав да биде интензитетот но да биде споро и свесно... не викам да се диши 24/7 свесно но секогаш кога има момент да се обрне внимание барем еднаш дневно да се дише свесно и длабоко до папукот со стомакот како што дишат бебињата... има моменти како на пр. одиш некаде со автобус тука имаш шанса и момент да дишиш со набљудување... Друг пример е умот... тој ти е најчесто тотален хаос... ровари константно неоставајќи те да здивнеш... и кога ти треба и кога не ти треба он е тука да ти се качи на глава и да те замаја или во минтото или во иднината... потребно е поголема будност која исто така може барем на почеток да се прави како вид на медитации во кои ти ќе го набљудуваш умот како скока како некој мајмун натаму навам од минато во иднина и обратно... клучот е во својата идентификација со мислите т.е. со умот... мислиме дека тоа што ни се врти во глава 24/7 и самата глава сме ние затоа и му е лесно на умот да не заспие најчесто... кога ке се создаде мало растојание меѓу умот и тебе ќе осетиш како мислите доаѓаат и си одат и со себе повлекуваат безброј други мисли во хаотично движење(значи не викам дека не треба да се размислува туку викам само дека треба да се користи умот како механизам... свесно кога ти треба, а кога не го ставаш на стенд бај... а не он да продолжува и кога не е потребен, кога не размислуваш свесно т.е. кога тебе те нема тогаш мислите се хаотични...) потоа тоа набљудување да продолжи и во денот т.е. да се применува во секојдневните активности и неактивност... ќе стане како позадина на нештата кои се случуваат наоколу и во тебе...
Емоциите се пак посебна прича и за нив е потребна подлабока будност и набљудување... емоциите преставуваат позадлабочена внатрешна состојба на битието... тие се и главниот двигател на мислите... тие се поврзани и со дишењето... пример кога сме среќни дишиме длабко и во ритам, кога сме нервозни дишиме забрзано, кога сме бесни дишиме ептен брзо и хаотично, кога сме во страв дишиме со преќини како сецкање некое исто така хаотично дишење... сакам да кажам дека доколку сме свесни за дишењето можеме да влијаеме на емоциите со менување на ритамот и хармонијата во дишењето... или пак доколку сме свесни за емоциите ако сеуште не не обземале ќе можеме да употребиме ако сакаме да го смениме нашето дишење... сакам да кажам дека се во нас е поврзано знаеле за тоа ние самите или не ништо не менува... менува само свесниот апроуч кон самата внатрешна состојба и свесноста за надворешниот свет и неговот влојание на нас... итн итн итн...