Внатрешна еволуција на човекот

L

Ligeia

Гостин
Ние и сме создадени од двата пола така да во нас се и двете особини т.е. создадени сме од маж и жена, т.е. од сперма и јајце клетка ... значи делот што ќе доминира било женскиот или машкиот се манифестира на материјлно ниво и е доминантен, но тоа не значи дека другиот дел не постои, тој е ставен во позадина, ако можам да се изразам вака... тој е потсвесниот дел... и доминира со чувствата, манифестациониот дел доминира со логиката...
Но потиснувањето на едниот и кристализирањето на другиот безразлика кој е од двата нема да ни помогне во внатрешната еволуција туку ќе биде само пречка, ќе бидеш како птица со едно крило здраво а другото повредено... летањето ќе биде невозможно...
Потребна е синтеза на целокупното внатрешно битие... да се спознае секој човек себе си почнувајки од тоа што е видливо и веќе познато(иако и тоа многу малку го разбираат) Пример телото... кое најчесто е тотално запоставено и несензитивно... го труеме со разни отрови како што се цигарите, алкохолот, дрогата па и со храната(која е толку извештачена и неправилно внесувана) и затоа го губи природниот осет за кој е потребно да се посвети посебно внимание... друг пример за телото е самото дишење кое е многу потребно доколку сакаме да го разбереме неговот функционирање.. дишењето е станато толку површно и механички што преминува во хаотично дишење... го нема ритамот и балансот во дишењето... дишиме само со плуќата и тоа не ја полниме целосно само површно... треба длабоко дишење до самиот абдомен неконтролирано во смисла колку ќе трае и колкав да биде интензитетот но да биде споро и свесно... не викам да се диши 24/7 свесно но секогаш кога има момент да се обрне внимание барем еднаш дневно да се дише свесно и длабоко до папукот со стомакот како што дишат бебињата... има моменти како на пр. одиш некаде со автобус тука имаш шанса и момент да дишиш со набљудување... Друг пример е умот... тој ти е најчесто тотален хаос... ровари константно неоставајќи те да здивнеш... и кога ти треба и кога не ти треба он е тука да ти се качи на глава и да те замаја или во минтото или во иднината... потребно е поголема будност која исто така може барем на почеток да се прави како вид на медитации во кои ти ќе го набљудуваш умот како скока како некој мајмун:D натаму навам од минато во иднина и обратно... клучот е во својата идентификација со мислите т.е. со умот... мислиме дека тоа што ни се врти во глава 24/7 и самата глава сме ние затоа и му е лесно на умот да не заспие најчесто... кога ке се создаде мало растојание меѓу умот и тебе ќе осетиш како мислите доаѓаат и си одат и со себе повлекуваат безброј други мисли во хаотично движење(значи не викам дека не треба да се размислува туку викам само дека треба да се користи умот како механизам... свесно кога ти треба, а кога не го ставаш на стенд бај... а не он да продолжува и кога не е потребен, кога не размислуваш свесно т.е. кога тебе те нема тогаш мислите се хаотични...) потоа тоа набљудување да продолжи и во денот т.е. да се применува во секојдневните активности и неактивност... ќе стане како позадина на нештата кои се случуваат наоколу и во тебе...
Емоциите се пак посебна прича и за нив е потребна подлабока будност и набљудување... емоциите преставуваат позадлабочена внатрешна состојба на битието... тие се и главниот двигател на мислите... тие се поврзани и со дишењето... пример кога сме среќни дишиме длабко и во ритам, кога сме нервозни дишиме забрзано, кога сме бесни дишиме ептен брзо и хаотично, кога сме во страв дишиме со преќини како сецкање некое исто така хаотично дишење... сакам да кажам дека доколку сме свесни за дишењето можеме да влијаеме на емоциите со менување на ритамот и хармонијата во дишењето... или пак доколку сме свесни за емоциите ако сеуште не не обземале ќе можеме да употребиме ако сакаме да го смениме нашето дишење... сакам да кажам дека се во нас е поврзано знаеле за тоа ние самите или не ништо не менува... менува само свесниот апроуч кон самата внатрешна состојба и свесноста за надворешниот свет и неговот влојание на нас... итн итн итн...(y)
Но колку имаме услови и простор за да се развиеме во умствено слободни суштества? Мене се ми се чини дека сме робови на навиките и комфорот...:)
 
OSHO-Lover

Konecno Sloboden...
Член од
2 декември 2011
Мислења
2.213
Поени од реакции
2.844
Но колку имаме услови и простор за да се развиеме во умствено слободни суштества? Мене се ми се чини дека сме робови на навиките и комфорот...:)
Баш и тоа ми беше поентата...(y) Тоа е умот... навики и комфорт... Робови сме бидејки сме несвесни, многу механизирани па дури и да сакаме да се откажеме од некоја навика ќе го направиме тоа површно и ќе се утешиме дека не е возможно да се стори... или ќе дадеме (несвсно) заклетва дека нема веќе така (за некоја рандом навика) и кога ќе го направиме истот нешто потота се каеме и се пцуеме себеси како за ништо не вредиме, и иринијата е што после тоа пак во гнев ќе дадеме уште поголема заклетва... и така во затворениот маѓичен круг ќе продолжиме да се движиме себе си залажувајки се... Само свесноста е потребна... со присутност и трезност да се согледуваат нештата...:)
 
Според тебе каде поточно би бил тој прекин на кругот? Како да се ослободиш од нешто кога веќе го имаш перцепирано,процесирано и применето? Нема назад...секој обид би бил само негација на чувството и информацијата,ништо повеќе.Биолошки изградени сме со чудна поделба на потребите а сепак дозирањето на истите не прави различни едни од други.Само едни се дозираат со идеали,други со материјали некој повеќе,некој помалку од истите.Фантазерите да ги оставиме настрана. :)
 
OSHO-Lover

Konecno Sloboden...
Член од
2 декември 2011
Мислења
2.213
Поени од реакции
2.844
Според тебе каде поточно би бил тој прекин на кругот? Како да се ослободиш од нешто кога веќе го имаш перцепирано,процесирано и применето? Нема назад...секој обид би бил само негација на чувството и информацијата,ништо повеќе.Биолошки изградени сме со чудна поделба на потребите а сепак дозирањето на истите не прави различни едни од други.Само едни се дозираат со идеали,други со материјали некој повеќе,некој помалку од истите.Фантазерите да ги оставиме настрана. :)
Еве во примерот кој го објаснив погоре со дишењето дека доколку станеш свесен пример во моментот кога си бесен... дишењето ќе биде брзо и неритмично најчесто до градите... доколку во истиот момент(за бесот не треба да правиш ништо директно) го успориш дишењето и му оставиш да си фати ритам го насочиш во некој ритам самиот бес ќе исчезне(маѓичниот круг е во тоа што ние сме несвесни ни за тоа од каде извира во примеров бесот ниту пак сме свесни за дишењето... затоа и кругот на тие две нешта си функционира, доколку го пресечеш т.е. внесеш до сега нешто невнесено, набљудувањето и согледувањето како се движи дишењето во тој момент ќе можеш свесно прикладно да делуваш ако сакаш да ја промениш состојбата... Ова важи и за сите други магични кругови во кои бескрајно се вртиме round and round up and down on and on it continues...
Прекинот на кругот се наоѓа во самото свесно набљудување... присутност... само така можеш да делуваш(y)
 
L

Ligeia

Гостин
Еве во примерот кој го објаснив погоре со дишењето дека доколку станеш свесен пример во моментот кога си бесен... дишењето ќе биде брзо и неритмично најчесто до градите... доколку во истиот момент(за бесот не треба да правиш ништо директно) го успориш дишењето и му оставиш да си фати ритам го насочиш во некој ритам самиот бес ќе исчезне(маѓичниот круг е во тоа што ние сме несвесни ни за тоа од каде извира во примеров бесот ниту пак сме свесни за дишењето... затоа и кругот на тие две нешта си функционира, доколку го пресечеш т.е. внесеш до сега нешто невнесено, набљудувањето и согледувањето како се движи дишењето во тој момент ќе можеш свесно прикладно да делуваш ако сакаш да ја промениш состојбата... Ова важи и за сите други магични кругови во кои бескрајно се вртиме round and round up and down on and on it continues...
Јас лично го обожавам чувството на бес исто како што го обожавам чувството на страст.Емоциите и позитивните и негативните се одлични двигатели е за многу работи.Мислам дека одат заедно.Така и сме конструирани па затоа усовршувањето на техниките (како дишењето кое воедно е и дел од нашата механизација неопходна за живот) се само обиди да се намали интензитетот на тие емоции било позитивни или негативни.Јас размислував како би било да има паралела.Да речеме едно тело,два ума кои ги согледуваат сите страни пред да донесат одлука.Искрено...импулсивноста направила доста штета низ вековите па не можам да не се прашувам постојано дали во логиката и дисциплината е решението кое го носи еволуцијата.
 
OSHO-Lover

Konecno Sloboden...
Член од
2 декември 2011
Мислења
2.213
Поени од реакции
2.844
Еве и еден практичен пример....
Сега во моментов додека го читаш ова запри го дишењето тотално, запри се скроз..... доколку си малку свесна ќе приметиш дека за време на моментот и мислите ти запраа бидејки на еден суптилен начин мислењето е и те како е поврзано со дишењето... секогаш кога сме мислеле дишењето одело во позадина и така станало потсвесен дел од активноста на тело/умот и се синхронизирало со самите мисли... пробај го повеќе пати па кажи дали го осети тоа запирање(y)
 
Океј но има логично објаснување за тоа.Кога го запирам дишењето нема доток на кислород до мозокот и се забавува неговата работа.Мозокот е локомоторен центар на целото тело и ако се спречи дотокот на крв и на кислород до него предизвикува халуцинации,манија и на крај колапс.Како е тоа поврзано со емоциите и со мислите? :)
 
OSHO-Lover

Konecno Sloboden...
Член од
2 декември 2011
Мислења
2.213
Поени од реакции
2.844
Јас лично го обожавам чувството на бес исто како што го обожавам чувството на страст.Емоциите и позитивните и негативните се одлични двигатели е за многу работи.Мислам дека одат заедно.Така и сме конструирани па затоа усовршувањето на техниките (како дишењето кое воедно е и дел од нашата механизација неопходна за живот) се само обиди да се намали интензитетот на тие емоции било позитивни или негативни.Јас размислував како би било да има паралела.Да речеме едно тело,два ума кои ги согледуваат сите страни пред да донесат одлука.Искрено...импулсивноста направила доста штета низ вековите па не можам да не се прашувам постојано дали во логиката и дисциплината е решението кое го носи еволуцијата.
Не реков дека се лоши или добри тие чувства... и не реков да се пробува да се потиснат или сосила запрат... во нив се крие и те каква потенцијална енергија, моќ која доколку сме несвесни нема да ја искористиме во креативни нешта... Доколку си свесен во својот бес, бесот ќе го претвориш во креативна енергија, доколку не си тогаш залудно ќе ја искористиш и ќе исчезне во некаква си избувлувсот пример према некој што чувствуваш гнев и толку ке се олсениш себе и ништо повеќе... доколку станеш свесен истата таа бес ќе ја насочиш и искористиш нејзината енергија во нешто креативно како на пример во внатрешната своја еволуција... Во бес можеш да убиеш некого, но доколку успееш да го набљудуваш ќе можеш да го трансформираш во блаженство и да делуваш креативно... но се од тебе зависи доколку сакаш...(y)
--- надополнето: 8 јули 2012 во 23:49 ---
Океј но има логично објаснување за тоа.Кога го запирам дишењето нема доток на кислород до мозокот и се забавува неговата работа.Мозокот е локомоторен центар на целото тело и ако се спречи дотокот на крв и на кислород до него предизвикува халуцинации,манија и на крај колапс.Како е тоа поврзано со емоциите и со мислите? :)
Еве вака вдиши длабоко и во тој момент запри го дишењето истот ќе се деси иако мозокот е полн со кислород...
--- надополнето: 9 јули 2012 во 00:04 ---
Може и ваков пример да ти дадам...
Нашето мислење она внатрешно константно дрдорење е взаемно поврзано со јазикот, бидејки сме навикнати мислите да ги изразуваме со зборење т.е. со движење на јазикот... примети дека додека размислуваш најчесто јазикот го дивижиш како да зборуваш, дури и да не го движиш има некој напетост баш во средината на јазикот... доколку би можел да останеш свесен и да не го движиш јазикот, набљудувањето да биде насочено на средината на јазикот каде е најголемата напетост... по извесен период и мислите ќе запрат сами од себе... (y)
 
Gurdjieff

Bastardo dentro
Член од
12 јануари 2011
Мислења
3.645
Поени од реакции
1.264
Се согласувам дека еволуција за сите луѓе не е можна, ама од друга причина , не затоа што повеќето од луѓето не сакаат, туку затоа што не им била доволно пружена таквата можност.
јас не ни зборам за луѓе што немаат што да јадат...кога егзистенцијата е во прашање, седруго се фрла во вода...
Зборувам за луѓе со висока интелиѓенција, кои се професори и доктори, и кои не мрднуваат со прст за да се „разбудат“ од живиот сон
--- надополнето: 17 јули 2012 во 18:54 ---
Значи целта е растење кон бесмртност? Тоа е еволуцијата?
Да........тоа е еволуција кај човекот...развој до бесмртност
--- надополнето: 17 јули 2012 во 18:57 ---
Кој е тој центар и како се развива освен одење на Шога и медетација?
Тај центар се наоѓа под едно дрво....боди дрвото
 
The Mad Doc

Алхемичар
Член од
16 март 2009
Мислења
653
Поени од реакции
46
Да........тоа е еволуција кај човекот...развој до бесмртност
И после што? Биотехнологијата за релативно брзо време ќе создаде митохондрии со моќ за регенерирање кој ќе ни дозволи живот до 900 години. Потоа сигурно следи бесмртност. Што потоа? Завршува еволуцијата? Има нешто повеќе од вечен живот?
 
Gurdjieff

Bastardo dentro
Член од
12 јануари 2011
Мислења
3.645
Поени од реакции
1.264
И после што? Биотехнологијата за релативно брзо време ќе создаде митохондрии со моќ за регенерирање кој ќе ни дозволи живот до 900 години. Потоа сигурно следи бесмртност. Што потоа? Завршува еволуцијата? Има нешто повеќе од вечен живот?
По мене ти не разбираш што е реинкарнација а што нирвана.
 
OSHO-Lover

Konecno Sloboden...
Член од
2 декември 2011
Мислења
2.213
Поени од реакции
2.844
Решив овде да го ставам иако може на повеќе места да се постира(еволуција, мистерии, во тема за егото, во тема за свеста итн итн...)
Ако мислите дека треба да се префрли во друга тема слободно префрлете го...
 
Gurdjieff

Bastardo dentro
Член од
12 јануари 2011
Мислења
3.645
Поени од реакции
1.264
По мене, невозможна е внатрешна еволуција кај голем дел од луѓето. Проблемот е кај нив, затоа што не сакаат да се „разбудат“ од сонот со отворени очи. Реалноста знае да биде „тешка“ и „напорна“ , затоа голем дел од луѓето се „кријат“ во обвивката на „лингвистичкото“ сонување на мозокот.
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199

А ха. Супер.

Обвивката на лингвистичко сонување на мозокот.

Ова се разбира има многу смисла.

:vozbud:
 
Gurdjieff

Bastardo dentro
Член од
12 јануари 2011
Мислења
3.645
Поени од реакции
1.264
А ха. Супер.

Обвивката на лингвистичко сонување на мозокот.

Ова се разбира има многу смисла.

:vozbud:
Тешко ќе го разбереш ти тоа.

Кант и баграта не ти објасниле?

Како што реков, внатрешната еволуција не е за сите.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom