Економски факултет (reloaded)

  • Креатор на темата Креатор на темата The Mummy
  • Време на започнување Време на започнување
Здраво дечки.

Знам дека на прашањево не му е местот тука во оваа тема, но незнаев каде да го поставам.

Оваа година ќе се запишувам на факултет.
Знам дека првиот уписен рок е на 16 и 17 Август ( барем така мислам ).

Е сега прашањето ми е од кога се започнува со предавање ?

Септември ? Октомври ?

Благодарам однапред.
 
Лани се почна од 15 септември.
 
ај едно прашање...што е разликата од менаџмент и финансиски менаџмент колку што видов во предметите во 3 та 4та ...каде повеке математика?
Математика има на секој смер, една е, во прва година. На финансиски менаџмент имаш повеќе предмети со задачи, и едно сметководство плус-Финаниско. На манаџмент можеби има малку повеќе чиста теорија.
 
Лани се почна од 15 септември.

А нели едно време се почнуваше од 15 Октомври ?

Или го сменија тоа ?

И би замолил некој ако може да ми каже нешто повеќе за смеровите: Менаџмент и Сметководство и ревизија.

Кој би бил по перспективен ?

Абе не се притресвај,не ни мора да одиш на предавања :D ,и да порано почнуваја после Октомври,ама од пред 2години сите факултети почнуват со предавања околу 15.9...
Иначе оди си на Сметководство поќе перспектива има,можи ке се расправаш со бројки ама то ке ти се најди потаму,а од друга страна Менаџмент ти е се теорија,а и се бара напамет да се учи па прашање е дали ке ти се најди во иднина.
 
Толку нема никој да каже неколку збора за надворешна трговија? :icon_mrgr:
 
Математика има на секој смер, една е, во прва година. На финансиски менаџмент имаш повеќе предмети со задачи, и едно сметководство плус-Финаниско. На манаџмент можеби има малку повеќе чиста теорија.
Ај уше едно колку е добар финансиски менаџмент смерот и дали се исплати студирање на него...(од муабети што иам слушано после сметковдство и ревизија бил најтежок смер а мене лично баш и не ми изглеа некоја голема разлика со менаџмент)
 
А и јас имам едно прашање.

Кој од смеровите кои што се понудени според вас е најтежок, а кој би спаѓал во полесните?

И на кој од смеровите има помалце математика?
 
Колеги ако некој се сеќава што прашања имаше по финансискосметководство во мај-јуни сесијата Ве молам пишете ми на форумов.;)
--- надополнето: 9 јули 2012 во 12:09 ---
Колеги ако некој се сеќава што прашања имаше по финансискосметководство во мај-јуни сесијата Ве молам пишете ми на форумов.;)
 
Толку нема никој да каже неколку збора за надворешна трговија? :icon_mrgr:

Мене лично не ми се свиѓа тој смер, имаш отворени прашања 70% од предметите , зависно како мозеш да учиш ,мој предлог финансиски менаџмент многу го олеснија а е најдобар смер
--- надополнето: 9 јули 2012 во 12:54 ---
А нели едно време се почнуваше од 15 Октомври ?

Или го сменија тоа ?

И би замолил некој ако може да ми каже нешто повеќе за смеровите: Менаџмент и Сметководство и ревизија.

Кој би бил по перспективен ?

Благодарам однапред.

Менаџмент подобро ти е , немој кај овие од сметководство нај тапа смер, и кадар и предмети. За перспектвата па исто ти е ако учиш сегде ке си најдеш работа
--- надополнето: 9 јули 2012 во 12:56 ---
А и јас имам едно прашање.

Кој од смеровите кои што се понудени според вас е најтежок, а кој би спаѓал во полесните?

И на кој од смеровите има помалце математика?

Маркетинг е најлесен смер според мене, ни математика имаш нит ништо , само у прва година класика тоа кај драге мора :D
 
Мене лично не ми се свиѓа тој смер, имаш отворени прашања 70% од предметите , зависно како мозеш да учиш ,мој предлог финансиски менаџмент многу го олеснија а е најдобар смер

Што знам, мене тој најмногу ме привлече, бидејќи сум заинтересиран за трговија, увоз извос и бизнис поврзан со странство. Финансиски менаџмент што знам, никогаш не би работел ниту во банка, ниту пак нешто поврзано со тоа. Ќе пробаме со ова прва година, нешто навистина ако се разочарам, може да се транспортирам на друг смер. :)
 
Прва година имаат исто сите, ја бев економија прво немав поени за друг смер па се пребацив менаџмент , размисли си убаво али штом тоа те занима вака најшвише тоа упиши
 
Ај уше едно колку е добар финансиски менаџмент смерот и дали се исплати студирање на него...(од муабети што иам слушано после сметковдство и ревизија бил најтежок смер а мене лично баш и не ми изглеа некоја голема разлика со менаџмент)
Е сега, може нема да ти дадам објективен одговор бидејќи јас сум на финансиски менаџмент и нормално за мене тој е најдобар :D. Инаку да, сметководство и ревизија најтежок мислам дека е, финансиски така така, зависи како стоиш со логиката, бидејќи предметите и професорите се такви, си бараат повеќе практични примери, и некои лесни задачки има. Учење на памет нема да имаш, со исклучок на некои предмети кои не се од наша катедра. За менаџмент некој фин колега или колешка од тој смер може да ти каже, па ќе си направиш споредба.
И да, понекогаш смерот и нема баш некоја голема улога при вработување.
 
А ај те молам ако сакаш кажи ми, дали има некоја тешка математика, мислам онака Хард Кор математика ?
Зборам за Финансиски менаџмент.

Фала :D
--- надополнето: 9 јули 2012 во 16:22 ---
Прва година имаат исто сите, ја бев економија прво немав поени за друг смер па се пребацив менаџмент , размисли си убаво али штом тоа те занима вака најшвише тоа упиши

Ај те молам ако не ти е проблем обајсни ми повеќе за менаџмент.
Мислам дали е точно тоа што го викаат дека имало многу материјал за на памет да се учи ?

До 16 и 17 август т.е. до првиот уписен рок треба да се одлучам на кој смер ќе идам, а јас врска си немам.

:/
 
А ај те молам ако сакаш кажи ми, дали има некоја тешка математика, мислам онака Хард Кор математика ?
Зборам за Финансиски менаџмент.

Фала :D
Дечки, ова не ви е Електро па да има хард кор математика, многупати имам кажано-една е, во прва година, и не е толку тешка колку што е тежок професорот :D Инаку немаш повеќе математика, ако основните математички операции (плус, минус, множење и делење) за вас се математика тогаш да, има математика на финансиски менаџмент.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom