Економски факултет (reloaded)

  • Креатор на темата Креатор на темата The Mummy
  • Време на започнување Време на започнување
Дечки, ова не ви е Електро па да има хард кор математика, многупати имам кажано-една е, во прва година, и не е толку тешка колку што е тежок професорот :D Инаку немаш повеќе математика, ако основните математички операции (плус, минус, множење и делење) за вас се математика тогаш да, има математика на финансиски менаџмент.

Ок, ти благодарам многу.
 
--- надополнето: 9 јули 2012 во 16:22 ---

Ај те молам ако не ти е проблем обајсни ми повеќе за менаџмент.
Мислам дали е точно тоа што го викаат дека имало многу материјал за на памет да се учи ?

До 16 и 17 август т.е. до првиот уписен рок треба да се одлучам на кој смер ќе идам, а јас врска си немам.

:/

Види на памет имаш да ама ако му ја најдеш цаката е лесно а тоа ке го увидиш од коа ке паднеш еднаш кај Бобек или ако учиш ептен нема проблем да имаш. овој смер не е многу заебан али има предмети треба мн посветеност. Кадар има најдобар дефинитивно мој совет да идеш на факултет редовно так ке те упознаат професорите и многу полесно е понатаму. Не слушај многу како ти зборат за професорите пошто благе везе немаше тоа што мене ми збореа за Бобек а излезе контра од тоа. Значи ако се посветиш убаво нема утка да знаеш. Ја уште еден имам и готово , не се каам што бев на овој смер и воопшто на Економски
 
А ај те молам ако сакаш кажи ми, дали има некоја тешка математика, мислам онака Хард Кор математика ?
Зборам за Финансиски менаџмент.

Фала :D
--- надополнето: 9 јули 2012 во 16:22 ---

Ај те молам ако не ти е проблем обајсни ми повеќе за менаџмент.
Мислам дали е точно тоа што го викаат дека имало многу материјал за на памет да се учи ?

До 16 и 17 август т.е. до првиот уписен рок треба да се одлучам на кој смер ќе идам, а јас врска си немам.

:/

Типче ако сакаш да одиш на економски оди само доколку навистина јас сакаш економијата и се разбираш од неа.
А, ако сакаш предмети ( најголем број) коi ќе ти помогнат уште повеќе да научиш како работите ТРЕБА да функционираат, иди на Финансиски дека е без конкуренција, кој како сака нека каже. Имам три сметководства и од ниту едно немам научено нешто, дека катедрата е хаос, а и работите од таа област во реалноста се 100% различни.
Ајде позз и не биди толку напнат уште сега, чувај ги нервите за иднина, верувај ќе ти бидат потребни. ;)
 
Фала ти многу за ова.
А на кој смер си ти ?
 
Е сега, може нема да ти дадам објективен одговор бидејќи јас сум на финансиски менаџмент и нормално за мене тој е најдобар :D. Инаку да, сметководство и ревизија најтежок мислам дека е, финансиски така така, зависи како стоиш со логиката, бидејќи предметите и професорите се такви, си бараат повеќе практични примери, и некои лесни задачки има. Учење на памет нема да имаш, со исклучок на некои предмети кои не се од наша катедра. За менаџмент некој фин колега или колешка од тој смер може да ти каже, па ќе си направиш споредба.
И да, понекогаш смерот и нема баш некоја голема улога при вработување.
фала за инфовo :) како и да е некако ми идат еконсмкиве предмети по некоја логика и бегам од на памет учење..така да највероватно од менаџмент и финансиски менаџ. би ми било подобро Менаџмент :)
 
Јас имам слушнато но не знам дали е така, стварно ли тој Драги по математика во прва година повеќе им попуштал на машки него на женски? Нешто повеќе за тој професор, најмногу ми е страв математика од прва година, што знам сѐ мислам дека нема да успеам:icon_mrgr:
 
Ај и од мене едно прашање... :D
Семестаров имав еден предмет на економски, полагавме на полчеток на јуни, а резултати ни дадоа завчера (y)
Последна оценка ми е оваа што треба да ја земам, ама од професорот ни трага ни глас. Ме заебе ли да неможам ради неговата оценка да бранам дипломска во септември, има да останете со еден професор помалку :icon_mrgr:
Има ли шанси да се најдат професорите во наредниве денови?
Викаа демек од 10-ти оделе на одмор...
На меилови не враќа, на факултетот го нема...
 
Нешто ти се побркало во главчето, оти ако бегаш од напамет учење и се ти оди по логика, тогаш не треба да се мислиш меѓу Менаџмент и Финансиски менаџмент.
Кај Менаџмент е се напамет бубање, не верувам дека нешти од тоа ќе ти служи за понатака, сигурно нема од Шуки да ти бараат дефиниции како што тој бара. :D
Ако ти работи логиката, оди на Финансиски, нема промашај. Имаш добри професори, асиситентите се уште посупер, а предметите, бар досега, јас завршив втора сега, не се најлесни, али само си читаш, учиш со разбирање, бидејќи од тебе бараат да го разбереш материјалот и да сфатиш како функционираат работите, а не напамет да бубиш.

Јас имам слушнато но не знам дали е така, стварно ли тој Драги по математика во прва година повеќе им попуштал на машки него на женски? Нешто повеќе за тој професор, најмногу ми е страв математика од прва година, што знам сѐ мислам дека нема да успеам:icon_mrgr:

Да, Драге повеќе попушта на машки. :D
Хахаха, финтата е да не те запримети Драге, поготово ако си убава девојка, затоа не се истакнувај многу на предавања, не му оди на консултации, а кога знаеш дека ништо немаш напишано, ни на увид.
Не е дотолку лош човекот како што го зборуваат, ако си напишеш ти, ќе те пушти најнормално. Се погодувало и на точни задачи да ти вика дека не ти се точни, али зависи како ќе го дувне во моментот.
И не му секирај мн за математика, таму треба повеќе среќа од знаење. ;)
 
Машко сум иначе, и во гимназија онака ми одеше математика не нешто премногу, но повеќе ми оди материјалот што ќе го има на факултет, него онаа геометријата, така да мислам дека ќе го дадам максимумот, па сега како што кажа среќата нека владее. :)
 
Моја грешка. :)
И за машките треба среќа, не викам не, али помалце од девојчињата. И ти реков, немој толку страв од математика, ќе вежбаш, ќе решаваш, и ќе положиш. нема друго чаре. :D
 
Ај и од мене едно прашање... :D
Семестаров имав еден предмет на економски, полагавме на полчеток на јуни, а резултати ни дадоа завчера (y)
Последна оценка ми е оваа што треба да ја земам, ама од професорот ни трага ни глас. Ме заебе ли да неможам ради неговата оценка да бранам дипломска во септември, има да останете со еден професор помалку :icon_mrgr:
Има ли шанси да се најдат професорите во наредниве денови?
Викаа демек од 10-ти оделе на одмор...
На меилови не враќа, на факултетот го нема...

Што ти е бе , професор сега нема шанси да најдеш :) Професорите се враќаат негде 10-15 август и сите можеш да ги најдеш тогаш ... Не се секирај таман ке ти дојде за во септември да браниш :cool:
 
Само што рокот за пријавување на испити за септември штотуку заврши кај мене на факс :)
Ма има да го најдам ако треба и дома ќе му идам :D
 
А ај те молам ако сакаш кажи ми, дали има некоја тешка математика, мислам онака Хард Кор математика ?
Зборам за Финансиски менаџмент.

Фала :D
--- надополнето: 9 јули 2012 во 16:22 ---

Ај те молам ако не ти е проблем обајсни ми повеќе за менаџмент.
Мислам дали е точно тоа што го викаат дека имало многу материјал за на памет да се учи ?

До 16 и 17 август т.е. до првиот уписен рок треба да се одлучам на кој смер ќе идам, а јас врска си немам.

:/
И јас исто....
 
фала за инфовo :) како и да е некако ми идат еконсмкиве предмети по некоја логика и бегам од на памет учење..така да највероватно од менаџмент и финансиски менаџ. би ми било подобро Менаџмент :)
I don't get it!
Како тоа бегаш од учење на памет и подобро би ти било менаџмент? До сега ти зборев дека баш таму имаш повеќе такви предмети за на памет. Или јас лошо те разбрав, или ти мене:confused:.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom