подолго време не сум ја посетил темава.
Извинете што не сум одговорил на некои ваши повици, ама ете...
ако има уште некој што има тековен проблем или дилема, ќе бидам тука почесто
--- надополнето: 11 јули 2013 во 00:07 ---
Во врска со различните постови што ги прочитав во однос на слободна класификација на профилите и оковите:
Единствен начин на кој се делат профилите е во класа и во перформанси. Пример: клас А профил е профил со дебелина на надворешниот ѕид од 3мм. Меѓутоа, треба да се внимава дека освен тоа што клас А профилот треба да има дебелина од 3мм треба да има перформанси од У>1.3 (коефициент на преминување на топлина).
Тие се двата параметри по кои се оценува класата на еден профил.Тоа кажува се во однос на другите елементи - какви полимери користат, белина на профил, цврстина на профил, сјајност и сл. се избор на производителот, а аналогно на тоа и на клиентот. На пример - Пимапен профилот има дебелина на надворешен ѕид од 3мм, одлично изгледа, дизајнот му е ист како Саламандерот, делува сјајно, цврсти и сл. меѓутоа коефициентот на преминување на топлина (У), иако никој му го нема мерено, му е сигурно повеќе од 1.5.
Моментално најскап профил на Светот е Шуко!
Моментално има толку многу турски, српски, бугарски,кинески и какви не имитации на сите профили (Саламандер се влече во Ниш, Рехау во Косово, Трокал во турција, Кемерлинг секаде и сл.), единствен правилен избор е сертифициран производ од продавач кој знаете дека ќе можете да го најдете пак.
--- надополнето: 11 јули 2013 во 00:11 ---
1. Veka, Rehau i Kömmerling
2. Aluplast, Brugmann, KBE, Tysen
3. Salamander, Trocal, Decunick, Dimex и други
Некогаш број еден производител на прозорски профили во Европа, Kömmerling во последните 5-6 години е во криза и застана со развојот. Купен е од страна компанијата Trockal кој што спаѓа во група на полоши производители.
Производителот Veka според квалитетот и квантитетот на своето производство, претставува светски лидер. Според информациите кој што се споделени на форумот, конкретно на хрватскиот пазар се увезува профил кој што се екструдира во Полска и кој што не ги задоволува високите ЕУ стандарди на квалитет и се наменети за источно европскиот пазар, а поради поедини компоненти на овие профили, овој профил не може да се ни увезе во Германија.
Rehau е најголем светски производител на пластични полимери, а што се однесува на прозорските системи прв во Европа. Имаат организирана дистрибуција во сите балкански држави.
Што се однесува до оковот кој што е составен дел на прозорските профили, треба да внимавате истиот да биде поцинкуван со шестовалентен цинк (некој овој цинк го нарекуваат титан) што претставува најквалитетна заштита.
Најголемиот производител на оковите е Roto (најголемиот дел на асортиманот е оков за дрвени прозорци), додека најголемиот производител на оковите кој што се наменети за ПВЦ дограма компанијата Siegenia.
Фирмата Трокал не постои
Постои групација Профине груп која ги поседува брендовите Кемерлинг, Трокал и КБЕ.Кемерлинг и Трокал се класа А а КБЕ е класа Б профил.
Во однос на оковот, најквалитетен оков на Светот е Мако. Единствен оков кој сеуште нема направено имитација.Сепак, сите окови имаат многу изведби и многу елементи. Пример, Винкхаус има 4 изведби (за кои јас знам) ПроПилот, АутоПилот, Секјурити и Секустик.
Про пилот носи 100кг, АутоПилот носи 120кг.
Секјурити носи 120кг, но има дополнителни елементи.
Секустик носи 150кг.
Сепак, кога производителите го прават прозорот самите избираат кои елементи од оковот ќе ги постават. Можат да постават Секустик, меѓутоа да не ги стават најскапите делови, и пак да биде Секустик на име, меѓутоа да ја нема функцијата
Не е така едноставно да се суди дали еден производ е добар или не.
--- надополнето: 11 јули 2013 во 00:12 ---
Знам дека замарам, но потребно ми е. Со проспера не одам, прескапо е, излегува преку 1100евра.
Истотака во демир импекс не земам, премалку гаранција даваат 2 години.
Бев во една фирма
Гоблен, ги има и во Ченто, користат пвц профил во бела боја од фирмата Taurus оковани со VORNE, застаклени со стакло 4 сезони 4+16+4 FLOTKR.
Еден прозор 800х800 со такво стакло изнесува 80евра
Два прозора 1200х1150 х 158 евра = 317евра
Влезна врата 1400х2000 со такви стакла = 337евра
Со исполна аргон, се за 730евра
Ми покажуваше разлика од обично термопан стакло без исполна и без 4сезонско стакло, и разлика со аргон+4сезонско стакло. Имаше пуштено оние кварцни ламби под нив, на првото ќе изгориш рака, другото е ладно како ништо да нема под него.
Ми гарантира 10години гаранција и сервис, има и лиценца дека е се австриска роба. Гледам на каталогот има фирма
Таурус, барам и најдов дека е турска или па ги прават во турска по австриска лиценца. Но од десна страна на каталогот има фирма алупласт и некои германски зборови, побарав и ја добив страницата
http://www.aluplast.at/eng-int/index.php
Што е финта немам појма, да не е некоја измама, да е сето ова турска направија
Можеш ли да ми кажеш што зема и по која цена, и нормално како си задоволен